04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

Стручниот совет на Нотарска комора на Република Македонија, согласно член 19

од Правилникот за работа на Стручниот совет на НКРМ, на седницата одржана на ден

29.03.2012 година го усвои, и Управниот одбор на Нотарска комора на РМ, на седницата

одржана на ден 19.05.2012 година го потврди следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Нотарот кој привремено ја врши службата при преземање на нотарското

дејствие должен е на нотарската исправа да го стави само својот печат со наз -

нака „Нотар кој привремено ја врши службата“, без оглед на тоа дали печатот

на нотарот на кого трајно му престанала службата е или не е поништен согласно

член 14 од Правилникот за формата и содржината на службениот печат,

сувиот и водениот жиг, штембилите и фирмата на нотарот, како и начинот за

нивното издавање и одземање.

Образложение

До Стручниот совет на Нотарската комора на Република Македонија доставено е прашањето:

дали кога на нотарскиот акт кој е составен од нотарот на кого трајно му престанала

службата недостасува само печатот на нотарот, нотарот кој привремено ја врши

службата може да го стави печатот на нотарот кој не е поништен или пак треба да го

стави печатот на нотарот кој привремено ја врши службата?

Усвојувајќи го Правното мислење по поставеното правно прашање, Стручниот совет

поаѓа од следното:

Со член 99 став (1) од Законот за нотаријатот е определено дека во случај ако нотарот

умре, е преместен, привремено или трајно е оддалечен од својата служба, ако му

престане службата на нотар или ако даде оставка, претседателот на Комората по

службена должност, по претходно прибавено мислење од Управниот одбор на Комората

ќе определи нотар кој привремено ќе ја врши службата од соседните нотари или

помошници – нотари, а според став (2) нотарот кој привремено ќе ја врши службата ќе

ги преземе списите и книгите на нотарот, како и исправите и предметите од вредност

што му се доверени. Со ставот (5) е определено дека нотарот кој привремено ја врши

службата не може да презема нови работи. Нотарот кој привремено ја врши службата

ги довршува започнатите работи на нотарот кој го заменува. При довршувањето на актите,

записниците и исправите мора да го назначи своето име, презиме и својство, решението

со кое е поставен, да ги води книгите и уписниците на нотарот и да ги употребува

службените штембили и печати на нотарот, како и својот печат со назнака

„Нотар кој привремено ја врши службата“. Исправите што тој ги составува и заверува

се чуваат во архивот на нотарот.

Со член 14 од Правилникот за формата и содржината на службениот печат, сувиот

и водениот жиг, штембилите и фирмата на нотарот, како и начинот за нивното издавање

и одземање („Сл. весник на РМ“ бр. 55/10) е регулирано прашањето на одземање

и поништување на печатот, жигот и штембилите, а според став (3) поништувањето се

врши со сечење на два дела.

Во конкретниов случај, станува збор за започната постапка за составување на нотарски

акт, на кој се ставени и потписите на странките, но која постапка не е довршена поради

тоа што нотарот на кого трајно му престанала службата, согласно член 37 став (1)

од Законот за нотаријатот, го нема ставено својот печат на крајот на исправата.

НОТАРИУС БРОЈ 21 • 39

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!