04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

Стручниот совет на Нотарска комора на Република Македонија, согласно член 19

од Правилникот за работа на Стручниот совет на НКРМ, на седницата одржана на ден

29.03.2012 година го усвои, и Управниот одбор на Нотарска комора на РМ, на седницата

одржана на ден 19.05.2012 година го потврди следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

По предлогот за враќање во поранешната состојба, поради пропуштање на

рокот за поднесување на приговорот против решението за дозвола за извршување

врз основа на веродостојна исправа, согласно член 10 од Законот за

извршување, а во врска со член 109 до 114 од Законот за парничната постапка,

одлучува судот кој е надлежен да одлучува по поднесениот приговор согласно

член 16 –д) став (3) од Законот за извршување.

Образложение

До Стручниот совет доставено е прашањето – дали во постапката за донесување решение

за дозвола за извршување врз основа на веродостојна исправа, се применуваат одредбите

од Законот за парничната постапка, кои се однесуваат на враќање во поранешна состојба

и кој надлежен орган одлучува по предлогот за враќање во поранешната состојба?

При усвојување на Правното мислење Стручниот совет се раководи од следното:

Правниот институт – враќање во поранешна состојба претставува можност на странката

која пропушти рочиште или рок за преземање на некое дејствие во постапката и

поради тоа го загуби правото на преземање на тоа дејство, судот или друг надлежен орган

на нејзин предлог да и’ дозволи дополнително да го изврши тоа дејство, ако оцени

дека постојат оправдани причини за пропуштањето.

Надлежноста на нотарот да донесува решение за дозвола за извршување врз основа

на веродостојна исправа е втемелена во Законот за извршување кој за разлика од дерогираниот

Закон за извршната постапка (член 30), не содржи посебна одредба за враќање

во поранешна состојба. Меѓутоа, со член 10 став (1) од Законот за извршување е утврдено

дека при спроведувањето на извршувањето сообразно се применуваат одредбите

од Законот за парничната постапка, ако со овој или друг закон поинаку не е определено.

Поаѓајќи од наведеното при спроведувањето на извршувањето, а тоа значи и во текот

на постапката за донесување решение за дозвола на извршување врз основа на веродостојна

исправа, сообразно се применуваат одредбите од член 109 до 114 од Законот за парничната

постапка, со кои е уредено прашањето на враќање во поранешна состојба.

Давајќи одговор на прашањето кој орган е надлежен да одлучува по предлогот за враќање

во поранешна состојба, треба да се појде од содржината на член 110 став (1) од Законот

за парничната постапка, според кој предлогот за враќање во поранешна сосотојба

се поднесува до судот кај кого требало да се изврши пропуштеното дејство. Во конкретниов

случај, бидејќи по приговорот против решението за дозвола за извршување врз основа

на веродостојна исправа, согласно член 16-д) од Законот за извршување, одлучува

надлежниот суд, при состојба кога приговорот е доставен до судот, истиот е овластен

да одлучува и по предлогот на должникот за враќање во поранешна состојба во врска

со пропуштениот рок за неговото поднесување

СТРУЧЕН СОВЕТ НА НКРМ

Претседател

Марјан Коцевски с.р.

НОТАРИУС БРОЈ 21 • 27

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!