04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

1. Во рамките на законските надлежности

кои ги имат нотарите, и тоа изворни

или доверени, од 1 јули 2011 година добија

нови изворни надлежности да можат по

предлог на доверителот да донесат решение

со кое ќе дозволат извршување врз

основа на веродостојна исправа за втасани

парични побарувања. Ова решение

ќе претставува основ за спроведување на

извршување преку извршител. 1

Веродостојната исправа, како доказно

средство, претставува битен услов

за донесување решение за дозвола на извршување.

Тоа треба да има потребни

квалитети, односно да ги содржи сите

битни факти да може нотарот да се убеди

во вистинитоста и основаноста за да пристапи

кон донесување на решението.

Во одредбите на членот 16-в од ЗИ се

наброени видовите веродостојни испра -

ви, и тоа: јавните исправи, приватните

исправи заверени според закон, меницата

и чекот со протест и со повратна

сметка, изводот од заверени деловни

книги, фактурите, исправите кои според

посебни прописи имаат значење на јавна

исправа и пресметката на камата. За разлика

од ЗИ во кој таксативно е пропишано

што се смета за веродостојна исправа,

во ЗПП, член 418 став 3, ве ро -

достојни исправи врз основа на кои судот

издава платен налог не се наброени таксативно,

туку се наведени заради пример

со дадените формулација: „како веродостојни

исправи се сметаат особено“.

2. Видовите веродостојни исправи кои се

однесуваат на парични обврски, иако се

таксативно наброени во законот, сепак во

правниот живот и практичната примена

8• НОТАРИУС БРОЈ 21

ПОТРЕБНИ КВАЛИТЕТИ И ПОДАТОЦИ ШТО ТРЕБА

ДА СОДРЖАТ ВЕРОДОСТОЈНИ ИСПРАВИ

Ранко Максимовски, судија во пензија

се побогати затоа што правните субјекти

стапуваат во многубројни должничко-доверителски

односи и преземените обврски

треба да се исполнат. Тие создадени

односи самите по себе се уредуваат со различни

правни дела и од нив произлегуваат

соодветни исправи кои се предлагаат

од доверителите во постапка за донесување

решенија за дозвола за извршување.

Во временскиот период откако нотарите

го применуваат Законот за извршување

за донесување решенија за дозвола

за извршување се појавија повеќе прашања

и дилеми како да се толкуваат определени

предложени исправи во смисла на

формата и содржината, односно обемот

и содржината на прикажаната парична

обврска, и тоа главниот долг и споредните

побарувања. Од повеќето видови веродостојни

исправи, нај многу прашања и дилеми

од нотарите се јавија кај изводите

од деловните книги, заверените приватни

исправи и друго. Заради запознавање на

проблемите и толкувањето на исправите,

во овој напис ќе се потрудиме да дадеме

свој прилог и видување.

3. Изводи од заверени книги, вид веродостојни

исправи, се такви книги во

кои се евидентираат деловни настани од

дејноста на трговските друштва и другите

субјекти. Во правните прописи во

кои се уредува деловното работење на

определени правни и физички лица се

дефинира во смисла на тоа што претставуваат

деловните книги и начинот на

нивното водење и чување.

Законот за трговските друштва во

повеќе свои одредби налага обврски на

регистрираните трговски друштва да во-

1 Види: Закон за измена и дополнување на Законот за извршување (Службен весник на РМ бр. 83/2009, 83/10, 88/10 и 171/10).

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!