04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

дат повеќе деловни книги за различни

намени. Така во членовите од 469 до 483

од ЗТД се уредува обврската за водење

сметководствена евиденција, финансиски

извештаи во согласност на меѓународни

сметководствени стандар -

ди, посебно трговски книги за состојбите

на средствата, обврските, главнината,

приходите и расходите и сите трговски

трансакции. Постои обврска за водење

двојно книговодство по системот: дневните

промени, главната книга и аналитичка

картица. Трговските книги се водат

врз основа на веродостојни до ку -

менти и секој податок се регистрира

ажурно и се документира.

Меѓутоа, изводите од деловните кни -

ги, изводите од книговодствена евиденција,

изводи од конта, изводи од платени

рати по земените кредити, аналитички

картици и слично, можат да имаат статус

на веродостојни исправи во постапка за

донесување решенија за дозвола на извршување

доколку се водени според

сметководствените и даночните прописи

и стандарди. За вистинитоста на изводите

од деловните книги со својот потпис

гарантираат застапниците според закон

или лицата на кои им го пренеле овластувањето,

како што се: трговски полномошник,

трговски патник, прокуристи, вработени

во трговското друштво и др.

Исправите кои се составени со помош

на електронски сметачи можат наместо

потпис, да имаат факсимил. Веродостојноста

на изводот од деловните книги

може да ја потврди и нотар, член 61 од ЗН.

4. Формата во која може да се јават

веродостојните исправи како изводи на

податоци од деловната книга за парични

обврски обично е фактурата или сметката.

Според законот, пресметка на камата

е изедначена со фактура, односно

таа треба да ги содржи потребните податоци

да може да се постапува по нив.

Во практиката се случува да се прилага

аналитичка картица како веродостојна

исправа. Законот за трговските

друштва, покрај другите трговски книги,

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

налага во член 472 став 8 на трговците да

водат според свои потреби расчленување

на сметките од сметководен план на

аналитички сметки. Тоа значи дека во

сметководствената евиденција секој настан

или промена искажана во сметководството

мора да е документирана. Корисни -

ците на трговските книги имаат слободен

пристап до сметковниот план, а износите

на паричните средства се водат во денари.

Аналитички сметки обично се водат

кај трговските друштва каде се врши сук -

цесивна сметководствена евиденција за

потрошена електрична енергија, вода,

кај отворени тековни и трансак цис ки

сметки, земени долгорочни кредити, плаќање

на рати и слично. Секое периодично

задолжение или плаќање се евидентира и

постојат валидни докази. Ако должникот

не ги плаќа навреме своите обврски, постои

можност доверителот да ја употреби

аналитичката смет ка во форма на аналитичка

картица, ка ко извод од деловна

трговска книга и да ја прикаже, односно

употреби како веродостојна исправа. Ако

во картицата се содржани сите потребни

податоци по однос доверителот, должникот,

износот на паричното побарување и

времето на втасување, таа може да има

својство на веродостојна исправа и нотарот

да донесе решение за дозвола за извршување.

Таа картичка може да се смета и

како финансиска сметка со сите податоци

кои ги има и фактурата.

Треба да се истакне дека банките во

банкарското работење водат аналитички

картици кај кредитирање и плаќање

на рати, тековните и трансакциските

и други денарски и девизни сметки

каде се евидентира секоја промена. Ако

корисникот на отворените сметки не ги

плаќа обврските или влезе во минусно

салдо и во определен рок не го покрие,

банките поднесуваат предлози кај нотарите

да донесат решенија за дозвола за

извршување, користејќи ги како доказ

аналитичките картици. Тие треба да се

третираат како изводи од трговски книги

и да им се даде својство на веродостојни

исправи, односно како финансиска сметка.

НОТАРИУС БРОЈ 21 • 9

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!