04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

Стручниот совет на Нотарска комора на Република Македонија, согласно член 19

од Правилникот за работа на Стручниот совет на НКРМ, на седницата одржана на ден

29.03.2012 година го усвои, и Управниот одбор на Нотарска комора на РМ, на седницата

одржана на ден 19.05.2012 година го потврди следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Kога како тестаментален наследник ќе се појави лице кое починало по оставителот,

a не се откажало од наследство пред да се заврши оставинската пос -

тапка, правото на откажување од наследство преминува врз неговите наследници,

па оставината ќе се расправи со едно решение.

Во првиот став од решението за наследување ќе се утврди тестаменталниот

наследник на оставината на покојниот - оставителот, а во став два од истото

решение, согласно член 129 од Законот за наследувањето, по право на наследничка

трансмисја ќе се огласат за наследници законските наследници на лицето

утврдено во првиот став – тестаменталниот наследник, доколку истите не

дадат изјава дека не се откажуваат од наследство.

Образложение

До Стручниот совет на НКРМ е поставено прашање од нотар дали да донесе оставинско

решение со кое покојната сопруга на оставителот ќе ја прогласи за тестаментален

наследник, а после правосилноста да се покрене оставинска постапка на нејзиниот имот

и утврдат наследниците, или со истото решение да се прогласи тестаментален наследник

на покојниот, а потоа и законските наследници на покојната.

Стручниот совет го утврди наведеното Правно мислење раководејќи се од следните

причини:

Од прикажаната состојба произлегува дека оставителот починал во 1999 година, а

неговата сопруга 2006 година. Законски наследници се јавиле синот и ќерката. За

време на животот оставителот составил тестамент и го оставил на чување во судот.

После смртта на оставителот тестаментот бил отворен и прогласен од судот и во него

пишувало дека целиот имот по смртта го остава на сопругата.

По барање на синот е покрената оставинска постапка и се барало да се расправи оставината

на починатиот татко.

Во Законот за наследување е уредено дека со смртта на едно лице се отвора неговото

наследство, а оставината преминува, по сила на законот, на неговите наследници,

член 120 и 127 од Законот за наследување, под услов наследникот да не даде изјава дека

не се прифаќа за наследник на оставината која му припаѓа. Со оглед дека покојниот

во тестаментот изразил своја последна волја дека целиот имот после смртта го остава

на сопругата, тоа значи дека таа станала тестаментален наследник. За време на животот

сопругата не се откажала од наследство до завршување на оставинската постапка,

а од што се заклучува дека наследните права поминале на неа, односно на нејзините

законски наследници, бидејќи истата не оставила тестамент или наследно-правен договор.

Оставинското решение е декларативно, па нотарот кој ја спроведува оставинската

постапка, откако ќе ја утврди оставинската маса на оставителот, во првиот став од ре-

НОТАРИУС БРОЈ 21 • 41

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!