04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

од дефинирањето на уредноста на

доставата (што е и целта на доставата),

утврдена во следната реченица, во која

разбирливо, алтернативно е определено:

постои уредна достава по истекот на

8 дена од денот на објавувањето на

огласната табла ИЛИ од објавата на вебстраницата

на судот, почитувајки го

принципот од член 125 според кој доставата

се врши на еден од начините предвидени

во став 1 на тој член. При тоа, се

разбира, истекот на рокот треба да се

смета од последниот рок ако објавувањето

е сторено комулативно.

Истото се однесува и за објавувањето

на писмената до физичките лица на

огласната табла или на веб страницата на

судот (член 128 ставови 4 и 5 од ЗПП), кога

се работи за обична (нелична достава).

3. Што се објавува на огласната

табла, односно на веб-страницата на

судот

Во законот стои само се објавува

„писменото“ и според досегашната судска

практика за платните налози, се

објавува соопштение за објавата, решението

за извршуање, предлогот за дозвола

за извршување и други прилози,

ако има. Таа практика треба да продолжи

и од нотарите, со тоа што не би требало

да се исклучи и алтернативата да

се објави покана до должникот да се

јави во нотарската канцеларија да го

прими писменото, евентуално како прв

обид за достава, пред објава на писменото.

4. Достава на писмена по

електронски пат

Според член 125-а, писмената на

адвокати, државни органи, единици на

локалната самоуправа, правни лица и

на лица на кои им се пренесени јавни

овластувања, се врши по електронски

пат во електронско сандаче. Меѓутоа,

според член 127 став 1 и член 128 став 1

утврдено е отстапување од овој принцип

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

со одредбата: „Кога нема технички услови

за регистрирање на електронско сандаче...“,

доставата на правните лица (и

другите субјекти) ќе се врши на адресата...

Меѓутоа се поставува прашањето

дали согласно Законот за едношалтерски

систем кој од 9.9.2011 год. пропишува

задолжително регистрирање во Цен -

трал ниот регистер на електронски сандачиња

(е-пошта) не се дерогира одредбата

од член 128 став 1 - првата реченица

од ЗПП. Инаку начинот на достава по

електронски пат е објаснет во споменатите

заклучоци на Стручниот совет.

Доставувањето по електронски пат се

врши на адресата на електронското сандаче

(е-пошта) на примателот на доставата

која е пријавена во Централниот

регистар и доставата се смета за из вр -

шена на денот НА ПРИЕМОТ на писменото

по електроски пат. Истовремено со

испраќање на решението до примателот,

нотарот (доставувачот) треба да

испрати уште една порака - известување

дека е испратено решение, кое мора

да се преземе од електронското сандаче

во рок од 8 дена и потоа доставата се

смета за уредна. Електронската пошта –

доставата се смета за извршена на де -

нот на приемот на писменото по електронски

пат, но најдоцна во рок од 8

дена (член 126-а одЗПП).

Во решението за поведување постапка

за оцена на уставноста на член 125-а и

член 126-а од ЗПП (достава по електронски

пат), Уставниот суд оценил дека

(имајќи ја предвид уставно-судската

практика во други европски земји) начинот

на достава на поднесоците на суб -

јек тите од член 125-а - адвокати и дру -

ги..., исклучиво и единствено по електронски

пат во електронско сандаче, не

е во согласност со Уставот на РМ, ниту

со европското законодавство. Ова е така

од причини што во членовите 125-а и

126-а од ЗПП не се предвидува и друг

начин на достава на писмената, односно

тој начин да биде алтернативен, ниту

пак предвидува добивање согласност од

странката за вршење достава на овој

НОТАРИУС БРОЈ 21 • 15

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!