04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Дефиницијата на извршноста е дадена

во член 14 став 1 од Законот за извршување,

според која судската одлука е извршна

ако станала правосилна и ако истекол

рокот за доброволно извршување

на должниковата обврска, а според член

16 став 2, решението со кое се дозволува

извршување врз основа на веродостојна

исправа донесено од нотар станува извршна

исправа со ставање потврда на

правосилност и извршност од нотарот.

Со ставање на потврдата за извршност

нотарот потврдува дека решението за извршување

е правосилно и дека истекол

рокот за доброволно извршување на решението.

Според член 14 став 4 од Законот за

извршување врз основа на одлуката која

во еден дел станала извршна, извршувањето

ќе се спроведе само во тој дел. Тоа

може да биде случај кога со приговор се

побива само дел од долгот содржан во

изреката на решението за извршување

или во делот на каматата, поради што,

во останатиот дел, решението станува извршно.

Тоа ќе биде случај и кога доверителот

или должникот со жалба само го

побиваат решението за извршување во

делот на определените трошоци. Во таков

случај по истекот на парициониот

рок решението станува извршно во делот

на главниот долг.

При ставање на потврдата на извршност,

нотарот постапува на начин

што по извршената проверка во списите

на предметот става потврда на извршност

(целосна или делумна) на оригналот

од решението за извршување, како

и на заверениот препис од истото доставен

до доверителот (или според заклучокот

на Управниот одбор на Нотарската

комора на Република Македонија од

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

УКИНУВАЊЕ НА ПОТВРДАТА НА ИЗВРШНОСТ

Теофил Томановиќ, судија во пензија

26.11.2011 год., по барање на странката (доверителот)

на нејзиниот претходно доставен

предлог на кој е ставено или

споено решението на нотарот за дозвола

на извршување, доколку се исполнети

условите, се става штембил за из врш ност,

кој се става на изворникот кај нотарот.

Инаку, потврдата се става во форма на

печат со содржината објавена во „Нотариус“

бр.18/2011.

Со член 12 став 3 од Законот за извршување

е определено дека неоснованата потврда

за извршност ќе ја укине истиот

суд, односно органот по предлог или по

службена должност. Ако не станува збор

за постапување на нотарот по службена

должност, ова во практиката најчесто ќе

биде случај во фаза на присилното извршување,

кога поради начинот на кој е

извршена доставата на решението за извршување

(членови од 125 до 143 од Законот

за парничната постапка), можно е

должникот за прв пат да се запознае со

неговата содржина во таа фаза на постапката.

Не е дозволено да се води спор за укинување

на потврдата на извршност затоа

што оној којшто ја ставил (нотарот) сам ја

укинува по предлог или по службена

должност (Врховниот суд на РМ, во одлуката

ГЗЗ бр. 55/94 од 27.09.1994 год. „Билтен“

бр. 65/66 – 1995 год.) го има изразено

следното правно стојалиште: „со оглед на

тоа што е вообичаено во практиката на

судските одлуки судот да става потврда на

правосилност, а не потврда на извршност,

таа потврда го има истото значење како и

потврдата за извршност, која е регулирана

со член 46 од Законот за извршната постапка.

Заради тоа, за укинување на клаузулата

на правосилност ставена на определена

судска одлука, треба да се води

НОТАРИУС БРОЈ 21 • 17

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!