04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

Стручниот совет на Нотарска комора на Република Македонија, согласно член 19

од Правилникот за работа на Стручниот совет на НКРМ, на седницата одржана на ден

29.03.2012 година го усвои, и Управниот одбор на Нотарска комора на РМ, на седницата

одржана на ден 19.05.2012 година го потврди следното

36 • НОТАРИУС БРОЈ 21

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

1. 1.Заложниот должник има обврска, согласно член 12 став (2) а во врска со

член 1 од Законот за договорен залог, да достави за објавување податок за

засновањето на заложното право врз недвижен имот во „Службен весник

на Република Македонија“.

2. Дејствието од точка 1) може да го преземе и Нотарот, по барање на заложниот

должник.

3. Рокот од 15 дена од член 12 став (2) од Законот за договорен залог не е преклузивен

туку информативен, па поради тоа објавувањето на податокот од

точка 1) може да биде извршено и по протекот на истиот.

4. Необјавувањето на податокот од точка 1) или неговото објавување по протекот

на рокот од 15 дена, нема правни последици врз прашањето на

валидноста на заснованиот залог врз недвижен имот

Образложение

До Стручниот совет на Нотарската комора на Република Македонија доставено е прашањето:

каква е судбината на заснованиот залог доколку заложниот должник не го

објави согласно член 12 став (2) а во врска со став (1) од Законот за договорен залог, кои

се последиците од необјавување на овој податок, дали податокот може да го објави доверителот

или нотарот и дали ако објавувањето е направено после законскиот рок од 15

дена ќе има правна важност или ќе се смета дека воопшто не е поднесен за објавување?

При усвојување на Правното мислење Стручниот совет се раководи од следното:

Со член 12 став (1) од Законот за договорен залог е определено дека кога предмет на

залогот е недвижен имот на трговско друштво или друго правно лице во него влегуваат

и неговите припадоци и прирастоци, ако поинаку не е договорено или пропишано со

закон, според став (2) ако е заснован залогот согласно со ставот (1), без оглед на бројот

на заложните доверители, заложниот должник е должен во рок од 15 дена од денот на

засновањето на залогот да го достави за објавување во „Службен весник на Република

Македонија“, кој е должен да го објави во првиот нареден број и конечно, според став

(3), ваквата обврска се применува и на заложниот должник кој поединечно со повеќе

договори го оптоварил целокупниот свој подвижен и недвижен имот.

Според мислење на Стручниот совет, ваквата законска одредба е ставена во функција

на достапноста на податокот за засновање на договорен залог со кој е опфатен,

пред се’, недвижниот имот на трговското друштво или друго правно лице, преку објавување

во „Сл. весник на РМ“, а за кој податок правен интерес може да имаат други

правни и физички лица. Од друга страна, согласно член 14 до 22 од Законот за догово-

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!