04.09.2013 Views

Нотариус 21

Нотариус 21

Нотариус 21

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

НОТАРСKА KОМОРА НА РЕПУБЛИKА МАKЕДОНИЈА

CHAMBRE DES NOTAIRES DE LA RÉPUBLIQUE DE MACÉDOINE

постапка предвидена со член 36 од Законот

за извршната постапка. Доколку таквата

постапка е поведена со тужба и е донесена

пресуда, пресудата само заради

тоа, не е незаконита“. Тоа значи дека во

случај кога должникот ќе достави тужба

со барање за укинување на потврдата на

извршност, судот до кого е доставена тужбата

предметот ќе го отстапи на нотарот

кој го донел решението за извршување.

При тоа, нотарот тужбата ќе ја смета како

предлог за укинување на потврдата на извршност

согласно член 12 став 3 од Законот

за извршување.

Поради тоа, на должникот му стојат

на располагање две можности. Првата,

предлогот за укинување на потврдата на

извршност да го достави до извршителот

кој ја спроведува постапката за извршување

(непосредно или преку пошта)

во кој случај извршителот е должен веднаш

да го проследи до нотарот кој го донел

решението за извршување (доколку

должникот се јави лично во канцеларијата

на извршителот, во таков случај

најдобро е извршителот по извршената

проверка во списите на предметот да го

упати на нотарот кој го донел решението

за извршување). Втората, предлогот за

укинување на потврдата должникот да го

достави до нотарот кој го донел решението

за извршување (непосредно или

преку пошта).

Предлогот за укинување на потврдата

на извршност треба да биде образложен

во форма и содржина согласно член 98 од

Законот за парничната постапка.

По приемот на предлогот за укинување

на потврдата на извршност, нотарот

треба да изврши увид во списите на предметот,

да ги провери наводите од предлогот,

па зависно од тоа што ќе утврди, да

одлучи дали предлогот е или не е основан.

Должникот не може да бара (основано)

укинување на потврдата за делумната

извршност поради фактот дека го примил

решението за извршување и дека

вложил приговор во делот на побарувањето

или пак изјавил жалба во врска со

18 • НОТАРИУС БРОЈ 21

определените трошоци на постапката,

што значи дека решението за извршување

му било познато.

Одлуката нотарот ја донесува во

форма на решение во кое се дадени образложение

и поука за право на жалба,

кое се доставува на странките (примерок

од решението е објавен во „Нотариус“ бр.

18/2011, стр. 40).

За начинот на кој нотарот треба да постапи

при одлучување по предлогот на

должникот за укинување на потврдата

на извршност, илустративно може да послужи

решението на Апелацискиот суд

Скопје, ССЖ бр. 987/2005 од 1.07.2005 год.

(„Правник“ бр. 162/05) во кое, меѓу другото,

се образложува дека: „...првостепениот

суд е должен, независно во која

фаза е извршната постапка, да испитува

и цени дали се основани наводите од приговорот,

дали должникот основано го

оспорува приемот на одлуката која претставува

извршна исправа и другите наводи,

на тој начин што е овластен и должен

со увид во процесниот предмет сам

да одлучи за приговорот на потврдата за

извршност...“

Зависно од тоа како нотарот ќе одлучи

по предлогот за укинување на потврдата

на извршност, жалбата можат да ја

изјават доверителот и должникот. По

жалбата одлучува основниот суд на чие

службено подрачје се наоѓа службеното

подрачје на нотарот (аналогно на заклу -

чо кот од работната средба на граѓанските

оддели на апелациските судови Битола,

Гостивар, Скопје и Штип од 11 но ем -

ври 2011 год., по жалбата одлучува судија

поединец).

Во врска со прашањето на укинувањето

на потврдата на извршност, во судската

практика се изразени и следните

правни стојалишта:

Предлогот за укинување на потврдата

на извршност поднесен од судот кој потекнува

извршната исправа, не го

спречува извршувањето (Основниот суд

Скопје 2, ППНИ бр. 2/2010);

Претседателот на судот, кога постапу -

ва по приговор против налогот за извршу-

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!