ÐСÐÐ¥ÐÐÐТРÐÐÐ
ÐСÐÐ¥ÐÐÐТРÐÐÐ
ÐСÐÐ¥ÐÐÐТРÐÐÐ
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
ПСИХИЈАТРИЈА - СОДРЖИНА

649

ПРИЧИНИ

• Низа подложни состојби може да предизвикаат делириум (ннд-C).

• Инфекции

• Уринарни инфекции, пневмонија (често без треска кај постарите лица), септикемија,

менингитис, енцефалитис, сида.

• Мозочноваскуларни болести

• Мозочен инфаркт, транзиторно исхемична атака; крвавење, субарахноидално

крвавење.

• Васкуларни заболувања

• Срцева слабост, миокардичен инфаркт, аритмија, белодробна емболија, висок

притисок, итн.

• Растројства на метаболизмот

• Нарушувања на кисело-базичната рамнотежа; нарушувања на рамнотежата на

течноста и електролитите; хипоалбуминемија; хипофосфатемија; недоволна

функција на црниот дроб, бубрезите или на градите; хипогликемија или хипергликемија;

хипотиреоидизам или хипертиреоидизам; нарушување на рамнотежата

на калциумот; недостаток на разни витамини од групата Б; анемија; други

ендокринолошки нарушувања.

• Друго

• Трауми (повреда на главата, субдурален хематом, изгореници, фрактура на

колкот, итн.);

• Епилепсија, состојба по епилептичен напад;

• Тумори (мозочни, градни), миелома;

• Труење;

• Голем животен стрес (посебно кај пациенти со деменција);

• Давање лекови

• Лекови со антихолинергички својства, леводопа, антихистамини, дигиталис,

диуретици, невролептици, трициклични антидепресиви, седативи, литиум,

NSAIDс, орални хипогликемици, блокатори на хистамин 2-рецепторот, хипертензиви,

лекови против епилепсија, стероиди, наркотици, многу антибиотици.

• Нагло прекинување на редовно употребуваните лекови (на пример, седативи-хипнотици,

антидепресиви, стероиди) или дисконтинуитет на користење алкохол.

ИСТРАЖУВАЊА

• Историја: Кога последен пат пациентот бил добар Тек на симптомите

Препознавање пред болеста Употреба на медикаменти Употреба на алкохол

• Внимателно лекарско испитување.

• ЦРП, (стапка на еритроцитна седиментација), крвна слика, натриум, калиум, креатинин,

глукоза во крвта, примерок на урината, ЕКГ.

• Анализа, кога е потребна, на глитамил трансфераза, алкална фосфатаза, хормон

кој ја стимулира тиреоидеата, слободен Т4, витамин Б12, еритроцитен фолат и гас

во крвта во артериите.

• Рендгенска снимка на градите.

• Кога е потребно, анализа на мозочната ‘рбетна течност, КТМ (Компјутеризиран томографија

на мозокот), ЕЕГ.

• Кога е потребно тоа, понатамошни тестови. Подложен причински фактор е најден

во 80–90% од случаите кога е направено внимателно истражување.