ÐСÐÐ¥ÐÐÐТРÐÐÐ
ÐСÐÐ¥ÐÐÐТРÐÐÐ
ÐСÐÐ¥ÐÐÐТРÐÐÐ
Create successful ePaper yourself
Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.
ПСИХИЈАТРИЈА - СОДРЖИНА

653

СИМПТОМИ

• Делузивните идеи се константни и, за разлика од шизофренијата, јасни и структурирани.

Пациентот се адаптира на неговата делузија, но неговата личност останува

непроменета. Пациентите често премногу се осетливи и внимателни, што може

да доведе до општествена изолација.

• Функционалниот капацитет на пациентот може да е добар и често тој ефикасно

може да ја крие својата болест.

ДИЈАГНОЗА

• Делузивни идеи кои траат најмалку еден месец (на пример, пациентот чувствува

дека тој/таа е следена, отруена, сакана или навредена од некого, кој често е добро

позната личност).

• Слушните или визуелните халуцинации кои може да се присутни не се доминантни.

Критериумите за шизофренија не се исполнети.

• Освен делузиите, однесувањето на пациентот е нормално.

• Растројство во расположението, заедно со делузиите, трае помалку време од делузиите.

• Симптомите не се предизвикани од органска болест, лекови или злоупотреба на

супстанции.

ДИФЕРЕНЦИЈАЛНА ДИЈАГНОЗА

• Општи медицински состојби (Паркинсонова болест, васкуларна деменција,

Алцхајмерова болест, Хантингтонова болест, хипотиреоидизам и хипертиреоидизам,

растројства предизвини од нарушувања на мозочните базални ганглии) и

растројства предизвикани од некои фармаколошки супстанции (деривати на амфетамин,

антихолинергетици, лекови за Паркинсонова болест, циметидин, дисулфирам,

кортикостероиди и исониазид).

• Параноидно растројство на личноста.

• Параноидна шизофренија.

• Тешки депресии, со психотични симптоми.

• Биполарно растројство.

ТРЕТМАН

• Третманот на делузионото растројство, во 30-50% од случаите, е долготрајно и

често неуспешно.

• Пациентите сами ретко бараат психијатриска помош и најчесто нивното семејство

е тоа што инсистира за психијатриски третман.

• Хоспитализација е пожелна ако пациентот не може да ги контролира своите самоубиствени

или други насилни импулси. Понекогаш хоспитализацијата е потребна и

за дефинирање на дијагнозата.

• Психотерапијата е ретко ефективна, бидејќи најчесто не постои доверба од страна

на пациентот спрема терапевтот. Психотерапијата може да помогне како поддршка

на пациентот да се справи со симптомите.

• Параноидното однесување, исто така, може да биде бариера за лекување. Може

да се направи обид со мали дози антипсихотици (на пример, халоперидол 2 mg/

ден), кои постепено се зголемуваат.