1. Вовед 3D веб локации - Unity 3D Во последните години, технолошкиот развој овозможува можност да се изградат интерактивни 3D модели на објекти и 3D виртуелни средини кои ќе бидат истражувани преку web, користејќи соодветни, и не многу скапи персонални компјутери. Исто како и во случај на web-базирана хипермедија, адаптивноста може да игра важна улога во зголемувањето на употребливоста, ефикасноста и користењето на 3D web сајтовите, односно дистрибуцијата на 3D содржини преку web сајтови. Многу 3D web сајтови овозможуваат корисниците д се движат низ 3D модели на градби и виртуелни градови, понекогаш обезбедувачќи способност за гледање и комуницирање со останатите посетители. Можат да бидат направени галерии со содржини, слики, web страни или портали кон 3D web страни, дури е и возможно корисниците да ги креираат и уредуваат своите обработени галерии. Како што напредува дизајнот и разојот, станува јасно дека постои широка можност целосно да се интегрира 3D во структурата на World Wide Web. Постојат многу 3D технологии кои можат да се извршуваат преку интернет пребарувач, но скоро сите се постоечки 3D софтвер во пребарувачот, а не платформа дизајнирана од самиот почеток да биде динамична, флексибилна и отворена како самиот web. Резултатот од напорниот развој на новите верзии претставува светски водечка 3D платформа, со уникатни карактеристики кои не се достапни во било која технологија. Непосредната интеграција на Web со интерактивни 3D води кон сосема нови апликации, и има голем потенцијал да го револуционизира начинот со кој сите ние сме во интеракција со Web. Едно ново парче на технологија кое се стреми за подобрување на животот и олеснување на производството на игри е Unity3D. Авторизирана алатка, која им овозможува на креативните луѓе да креираат видео игри многу побрзо и поедноставно од порано. Во минатото, градењето на игри барање енормални функционалности и графички картички, компјутер кој би зафаќал огромен простор, дури и цел . Денес, може да се користи Unity. Unity не е само 3D графика, тука се вбројуваат и аудио репродукцијата, компресија на аудио текстура, поддршка на различни типови на датотеки и нивна конверзија во нешто соодветно на iPhone, поврзување го датотеки на Photoshop, така што тие автоматски се ажурираат и израмнуваат итн. Една од многуте предности е можноста внесување на модели и 3Д објекти изработени во Maya, 3ds Max Studio, Blender,…. И нивно дообработување, лепење на текстури, 6
3D веб локации - Unity 3D додавање динамика, светлина, рендерирање и изработка на анимација, 3Д навигациски простор, игра или ентериер на стамбен, деловен објект или надворешен простор. Стандардната верзија на Unity дава можност за изградба на игра или апликација за: PC и Mac, Mac OCX и Web Player. Во последните некоку години Unity е лидер во 3D визулелен квалитет, и се наоѓа дури над Flash и Shockwave, нудејќи конзоли како 3D графика во веб пребарувач. Додека Flash и Shockwave имаат 3D способности во различен степен, ниту еден од нив не нуди современ хардверски акцелератор на 3D графика, преку користење на модерни визуелни ефекти и брзина на рендерирање. 7