08.12.2012 Views

СЛУЖБЕН ЛИСТ НА СФРЈ бр.2

СЛУЖБЕН ЛИСТ НА СФРЈ бр.2

СЛУЖБЕН ЛИСТ НА СФРЈ бр.2

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Петок, 13 јануари 1989 СЛУЖБЕН ЛИСТ НА СФРЈ Број 2 - Страна 99;:

автономните покраини со своите закони ќе ги уредат поинаку.

Од тие причини Уставниот суд на Југославија оцени

дека оспорената одредба на член 24 од Законот за облигационите

односи е несогласна со Уставот на СФРЈ.

5. 4 Уставниот суд на Југославија, врз основа на член

375 од Уставот на СФРЈ и член 36 од Деловникот на Уставниот

суд на Југославија, на седницата одржана на 7 у декември

1988 година, со мнозинство на гласови, донесе

Одлука

Се утврдува дек^ одредбата на член 24 од Законот за

облигационите односи не е согласна со Уставот на СФРЈ.

Оваа одлука Уставниот суд ја донесе во состав: претседател

на Судот: д-р Бранислав Ивановиќ и членовите

на Судот: Божидар Булатовиќ, Милован Бузаџиќ, д-р

Александар Фира, д-р Омер Ибрахимагиќ, м-р Крсте Маловски,

Димче Козаров, д-р Иван Крижан, Радко Мочивник,

Вељко Марковиќ, Милосав Стиовиќ и Душан Штрбав

У бр.363/86

7 декември 1988 година

Белград

Претседател

на Уставниот суд на

Југославија,

д-р Бранислав Ивановиќ, с р.

ОДЛУКА

ЗА ОЦЕНА НА СПРОТИВНОСТ НА ОДРЕДБАТА НА

ЧЛЕН бб СТАВ 4 ОД ЗАКОНОТ НА СР ХРВАТСКА ЗА

ЕКСПРОПРИЈАЦИЈА СО ОДРЕДБАТА НА ЧЛЕН 277

СТАВ 1 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИТЕ

ОДНОСИ

1. Уставниот суд на Југославија, на иницијатива на

Марко Јурјевиќ, од Обровац, донесе решение за поведување

на постапка за оценување на спротивноста на одредбата

на член бб став 4 од Законот за експропријација („Наредив

новине СР Хрватско“, бр. 10/78, 50/80 и 30/82) со

одредбата на член 277 став 1 од Законот за облигационите

односи („Службен лист на СФРЈ“, бр. 29/78,39/85 и 46/85)

поради тоа што со оспорената одредба на наведениот закон

за-експропријација е пропишана значително пониска

каматна Стапка во случај на доцнење во исплатата на надоместот

во пари за експроприрана недвижност од стапката

што е пропишана со наведената одредба на Законот за

облигационите односи.

Во текот на постапката и Работната брганизација

„Пољопривреда" во Босанска Дубица, поднесе до Уставниот

суд на Југославија предлог за оценување на спроти вноста

на наведените одредби, и тоа од истите причини.

2. Со одредбата на член бб став 4 од Законот на СР

Хрватска за експропријација е пропишано дека корисникот

на експропријацијата е должен да му плати на оившиот

сопственик на експроприраната недвижност 12% затезна

камата, ако надоместот не го исплати во рок од 15 дена

од денот на правосилноста на одлуката за определување

на надоместот.

Со одредбата на член 277 став 1 од Законот за облигационите

односи е пропишано дека должникот што ќе задоцни

со исполнувањето на паричната обврска долгува и

камата по стапка која во местото на исполнувањето се

плаќа на штедните влогови орочени без намена над една

година.

3. Саборот на СР Хрватска во одговорот на решението

за поведување на постапка наведе дека затезната камата

во случај на доцнење во исплатата на надоместот за експроприрана

недвижност би требало да се изедначи со каматата

на паричните обврски што произлегуваат од договорни

односи, зашто тоа е поправично отколку што е про-

пишано со оспорената одредба на Законот за експропријација.

Меѓутоа, во одговорот натаму е наведено дека паричните

обврски, што произлегуваат од експропријација

на недвижности, не се договорни обврски и затоа не се ниту

предмет на законот за облигационите односи.

Во текот на постапката е донесен Закон за измена на

Законот за експропријација („Народне новине СР Хрватов“,

бр. 39/88) со кој е оспорена одредбата на член бб став

4 од наведениот закон усогласена со одредбата на член 277

став 1 на Законот за облигационите односи, но со таа измена

не е овозможено отстранување на последиците со

примената на оспорената одредба.

4. Со одредбата на член 281 став 1 точка 4 од Уставот

на СФРЈ е определено дека федерацијата, преку сојузните

органи, ги уредува основите на облигационите односи (општ

дел на облигациите) и договорните и други облигациони

односи во областа на прометот со стоки и услуги.

Со одредбата на член 207 став 2 од Уставот на СФРЈ

е определено дека републичките и покраинските закони не

можат да бидат во спротивност со сојузниот закон.

Тргнувајќи од одредбата на член 281 став 1 точка 4 на

Уставот на СФРЈ, Уставниот суд на Југославија смета дека

со сојузниот закон се уредува општиот дел на облигациите,

што ги опфаќа сите облигациони односи што настануваат

од прописите, договорите и деликтните дејствија

или пропуштање, што значи и паричните обврски што

произлегуваат од експропријација.

Бидејќи со одредбата на член 277 став 1 на Законот за

облигационите односи е пропишано дека должникот, кој

ќе задоцни со исполнувањето на паричната обврска, долгува

и камата по стапката што во местото на исполнувањето

се плаќа на штедните влогови, орочени без 'намена

над една година, а со оспорената одредба на член бб став 4

од Законот на СР Хрватска дека затезната камата во случај

на доцнење во исплатата на паричниот надомест за експроприрана

недвижност изнесува 12%, Уставниот суд, во

смисла на член 207 став 2 од Уставот на СФРЈ, оцени дека

таа одредба на републичкиот закон е во спротивност со

наведената одредба на Законот за облигационите односи.

Уставниот суд на Југославија ја имаше предвид околноста

дека со примената на оспорената одредба од Законот

на СР Хрватска за експропријација можело, со оглед

на значително пониската камата од каматата пропишана

со сојузниот закон и со оглед на можниот подолг период

на доцнење, да им се нанесе значителна материјална штета

на бившите сопственици на експроприраната недвижност,

па најде дека во овој случај има основ, во смисла

на член 393 од Уставот на СФРЈ, да донесе одлука со

која се утврдува дека оспорената одредба на наведениот

републички закон била во спротивност со Законот за облигационите

односи.

5. Уставниот суд на Југославија, врз основа на чл. 375

и 393 од Уставот на СФРЈ и на член 37 од Деловникот на

Уставниот суд на Југославија, на седницата одржана на 23

ноември 1988 година, донесе

Одлука

Се утврдува дека одредбата на '.лен бб став 4 од Законот

на СР Хрватска за експропријација била во спротивност

со одредбата на член 277 став 1 од Законот за облигационите

односи.

Оваа одлука Уставниот суд ја донесе во состав: претседател

на Судот д-р Бранислав Ивановиќ и членовите

на Судот Хрвое Бачиќ, Божидар Булатовиќ, Милован Бузаџиќ,

д-р Александар Фира, Димче Козаров, д-р Иван

Кристан, Вељко Марковиќ, Радко Мочивник, Милосав

Стиовиќ, м-р Крсте Паловски, Душан Штрбац и Омер Ибрахимагиќ.

У бр. 372/87 и 1.У. 30/1-88

23 ноември 1988 година

Белград

Претседател

на Уставниот суд на

Југославија,

д-р Бранислав Ивановиќ, с. р.

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!