01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Договорот на определено време и бременоста –дискриминација

по основ на пол и бременост

Жените кои што се вработени со договор на определено време често пати се

соочуваат со проблемот кога ќе соопштат на рабодавецот дека се бремени,

договорот да не им се продолжи и нивниот работен однос да престане

со истекот на постоечкиот договор. Ваквата можност ја дава Законот за

работни односи кој што иако забранува отказ за време на бременост (чл.

101 ст. 1 од ЗРО), таа забрана не се применува на договорите за вработување

на определено време поради истек на времето за кое договорот е склучен

(чл. 101 ст. 3 од ЗРО). Неспорна е оправданоста на ваквата забрана имајќи

ја во предвид природата на договорот на вработување на определено

време. Сепак, оваа можност не треба да се злоупотребува и да се толкува

како carte blanche да се откаже договорот за вработување на жените кои ќе

останат бремени. Во значителен број од ваквите случаи е јасно видливо

дека работничката била планирана да се ангажира за подолг временски

период (дадени и се долготрајни работни задачи, предвидена е во работни

планови и сл.), меѓутоа веднаш откако ќе го информира работодавецот за

бременоста, следниот период кога ќе треба договорот да се продолжи, тоа

не се случува. Во ваквите случаи очигледна причина за престанокот на

договорот за вработување е исклучиво фактот дека работничката останала

бремена што претставува повреда на Законот за работни односи. Жените

кои ќе се соочат со овој проблем покрај стресот кој го доживуваат за време

на бременоста, како и прекинувањето на изворот на приход, можат исто

така да трпат и други последици. Доколку немаат непрекинат стаж подолг

од шест месеци пред бременоста, тие ќе немаат ниту право на надомест на

плата за време на отсуство од работа поради бременост и мајчинство што

значително би можело да ја загрози нивната издршка.

Граѓаните и понатаму пријавуваат дискриминација по

политичка (не)припадност

Во РМ е присутна и дискриминацијата по политичка (не)припадност

меѓутоа многу ретко граѓаните се одлучуваат да ја пријават и да поведат

соодветни правни постапки по истата. Стравот, тешкото докажување на

постоењето на дискриминација, како и ниските очекувања од успешно

завршување на постапката ги одвраќа граѓаните од барање на заштита

од институциите на системот. Дискриминацијата по политичка (не)

припадност најчесто се среќава во областа на вработувањето и засновањето

работен однос во органите на државната управа, единиците на локалната

самоуправа и јавните претпријатија. Нееднаквиот третман се спроведува

преку фаворизирање на членовите или симпатизерите на определена

политичка партија, а за сметка на тоа се оневозможува членовите или

симпатизерите на друга политичка партија или лицата кои не се членови

и симпатизери на ниедна политичка опција да имаат еднаков пристап при

вработување.

Говор на омраза во скрипта по предметот психологија на личноста

Во работниот материјал кој се користи во изучување на предметот

18

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!