01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

и заштита на поединци од неповолен третман кој произлегува од реакција

на постапка која има за цел да придонесе кон почитувањето на принципот

на еднаков третман.

Факти:

Случај 1

Лицето X.X. работело повеќе од две години во компанија за преработка

на дрво врз основа на договор за вработување на неопределено време. Во

септември 2014 година, лицето било повикано од страна на Основниот

суд Скопје 2 Скопје да се јави како сведок во две тековни судски постапки

поведени од негови колеги, а кои се однесуваат на утврдување на

дискриминаторско постапување од страна на неговиот работодавец.

Рочиштето на кое требало да се јави во судот било во средината на месец

октомври 2014 год. На почетокот на октомври, лицето било известено од

страна на неговиот претпоставен да не доаѓа на работа и дека ќе биде на

годишен одмор, иако лицето воопшто не поднело барање за користење

на годишен одмор, а решение за користење на годишен одмор не му било

врачено. Наредниот ден кога лицето се обиделo да влезе во компанијата

било спречено од страна на портирската служба.

Бидејќи лицето било спречено да работи и да пристапи до работното место,

како и поради тоа што спротивно на својата волја било испратено на

користење на годишен одмор, тој настанот веднаш го пријавил во Трудовата

инспекција.

По неколку дена лицето повторно се обидело да влезе во работните

простории на компанијата, но повторно било спречено од страна на

чуварите. После ова едно од раководните лица во компанијата му понудило

да склучи спогодба за прекин на работниот однос со која би добил надомест

во висина од 4 плати, но под услов да не сведочи во постапката за

дискриминација која се води против компанијата. Лицето не прифатило

спогодбено да го прекине работниот однос и кажало дека сака да продолжи

со работа.

Во однос на својата законска обврска да сведочи во постапката против

работодавачот, лицето се појавило пред судот и дало исказ. Ден потоа,

работодавачот изготвил и му врачил одлука за отказ на договорот за

вработување без отказен рок. Во одлуката работодавачот се повикува на

член 82 од Законот за работни односи, а во образложението наведува дека

тужителот сторил тешка повреда на работниот ред и дисциплина и на

работните обврски, поради тоа што неоправдано изостанал од работа три

последователни работни дена или пет работни дена во текот на годината се

работи за деновите кога лицето било спречено да влезе во фирмата).

48

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!