01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

еднаквост, кои воедно се уставно загарантирани права и дека со дејствие

на службено лице се прави повреда на овие права, постои можност да се

поднесе предлог за заштита на права до Управниот суд на РМ. Ова правно

средство е уредено со Законот за управни спорови (чл.55-65). Доколку Судот

најде дека предлогот е основан, ќе донесе решение со кое ќе го забрани

натамошното вршење на дејствието, ќе определи што е потребно за да

се поврати поранешната состојба и ќе определи санкции во случај на

неизвршување на решението на судот. Со цел да се утврди дали овој правен

механизам е применлив и ефикасен во случајот на т.н. „вратени од граница“,

беа поднесени два предлози до Управниот суд на РМ со кои се побара

заштита од незаконито дејствие. Управниот суд на РМ ги отфрли и двата

предлози како неуредни сo образложение дека не била доставена одлуката

со која е повредено правото, и покрај тоа што од описот во предлогот јасно

се наведува дека се работи за дејствие за кое не е издаден правен акт.

- Тужба во парнична постапка

Лицата кои се засегнати од оваа пракса можат да бараат и заштита од

редовните судови во парнична постапка преку поднесување на тужба

против Министерството за внатрешни работи. Парничната постапка

овозможува да се истакнат повеќе барања: утврдување на дискриминација

и утврдување на повреда на лични права, барање за надомест на

материјална и нематеријална штета, како и определување на справедлив

надомест. Предност на оваа постапка е и можноста да се префрли товарот

на докажување на тужениот во поглед на барањето кое се однесува на

утврдување на дискриминацијата. Преку организацијата беа поднесени

22 тужби, од кои во два случаи тужбата беше уважена, додека во два беше

одбиена. Една од позитивните одлуки е веќе потврдена од Апелациониот

суд додека останатите се во второстепена постапка.

Извадок од пресудата по предметот ХII П4-1277/14 од

24.12.2014 на Основен суд Скопје 2

Во намерата за напуштање на нашата територија потребно

е да се почитуваат условите за влез и правото на слобода на

движење во рамките на територијата на земјите членки на

ЕУ, кој се дефинирани во членот 17 од Договорот, шенгенскиот

граничен кодекс како и во директивата на ЕУ од 29. Април 2014

година (Службен весник на ЕУ l 158 од 30.04.2004 година).

Извадок од пресудата по предметот П1-12/15 од 07.07.2015

на Основниот суд Велес

...сите дејствија преземени од овластените службени

лица на тужениот се во согласност со Уставот, законите

и подзаконските прописи имајќи во предвид дека РМ е

потписничка на Шенгенскиот договор со кој од нашата

држава се бара да се преземе обрски за вршење на зајакнати

гранични проверки при излез од државата...

36

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!