01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

до саканата дестинација. Праксата со цената на железничките билети

остава сериозен белег на почитување, односно укажува на непочитување

на уставната одредба содржана во член 29, став 1: „Странците во Република

Македонија уживаат слободи и права гарантирани со Уставот, под услови

утврдени со закон и меѓународни договори.“ Железничкиот превоз е еден

од видовите на јавен превоз, а согласно член 3, став 1, точка 1 од Законот

за превоз во патниот сообраќај, јавниот превоз е достапен под еднакви

услови за сите корисници. Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951

година и придружниот Протокол од 1967 година се ратификувани по пат на

сукцесија од страна на Собранието на РМ во 1994 година. Во оваа Конвенција

е предвидена одредба содржана во член 29 која уредува воздржување на

договорните страни од наметнување на давачки или такси од секаков вид

врз бегалците вклучувајќи други давачки или такси повисоки од оние

кои се или можат да бидат наметнати на нивните државјани во слични

ситуации.

Област 4: Право на слобода на говор, тајност на

комуникациите, мирен протест и слобода на

движење

Уставот на РМ ја гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и

јавното изразување на мислата. Исто така Уставот ја гарантира и слободата

на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање

на институции за јавно информирање. Уставот ја гарантира и слободата и

тајноста на писмата и на сите други облици на општење. Граѓаните имаат

право на мирен собир и јавен протест без посебна дозвола. Уставот го

утврдува и правото на слободно движење 23 .

Притисоци при остварувањето на право на протест

Во декември 2014 година со протестите на Студентскиот пленум против

предлог-измените на Законот за високо образование започна серија на

повеќе различни собири и јавни протести организирани од различни

организатори (Средношколски пленум, Новинарски пленум, здруженијата

на граѓани “Ајде” “Солидарност”, итн.) против екстерното тестирање за

средношколци, притисок врз новинари, придонесите за хонорарци, итн. Во

врска со протестите, лица кои биле вклучени во организацијата на одреден

настан или учествувале во него пријавија притисоци кои имале за цел да се

спречи организирањето и излегувањето на овие протести. Формите преку

кои се вршеле притисоците биле најразлични, од суптилни до директни

закани. Од повеќе градови беа пријавени притисоци од директорите и

професорите во средните училишта врз учениците со закана дека доколку

се појават на протестот ќе имаат проблеми.

23 Чл. 16, 17, 21 и 27 од Уставот на РМ.

20

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!