01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

социјална, односно постојана парична помош (Чл. 8 ст. 1 од Правилникот).

Сепак, во првостепените решенија МЦСР не се повикува на дадената

согласност на лицата ниту пак го цитира одговорот од државниот орган во

овој случај Народната банка на РМ со кое се доставени бараните податоци.

• Дали второстепениот орган треба да се произнесе по жалбените

наводи истакнати во жалбата?

Согласно ЗОУП (кој е применлив во овој случај) во образложението на

второстепеното решение мора да се оценат сите наводи од жалбата. Ако

веќе првостепениот орган во образложението на своето решение правилно

ги оценил наводите што се изнесуваат во жалбата, второстепениот орган

може да се повика на причините на првостепеното решение. Во конкретните

случаи првостепениот орган воопшто не навлегол во наводите кои се

изнесени во жалбата. И покрај тоа што МТСП било должно да ги оцени

наводите од жалбата, тоа не било направено.

Заклучок:

Постапувањето на МЦСР со кое ја укина социјалната, односно постојаната

парична помош на повеќе од 1.000 лица со образложение дека примиле

средства преку услугата брз трансфер на пари пред 26 јануари 2015 е

очигледно незаконито. Со ваквото постапување се крши забраната за

повратно дејство на прописите изречно предвидена во нашиот Устав.

Второстепениот орган кој е задолжен да врши надзор над законитоста на

работата на МЦСР е должен да укаже и да го спречи ваквото незаконито

постапување. Она што е особено поразително во овој случај е што овде не се

работи за поединечен и изолиран случај туку за спроведена пракса на ниво

на цела територија на РМ, со која повеќе од 1.000 лица го загубија правото

на социјална, односно постојана парична помош.

Правото на жалба, како единствено правно средство кое им стои на

располагање на лицата на кои им престанало правото на социјална,

односно постојана парична помош се покажа како недоволно ефикасно да

ги заштити овие граѓани од очигледно незаконито постапување. Најпрво

биле пробиени роковите за доставување на решенијата со кои се одлучувало

по жалбите - поминале и 4 до 5 месеци додека биле доставени решенијата

до лицата кои биле корисници на овие права. МТСП во своите решенија

воопшто не се произнесува по наводите од жалбите ниту пак одговара

на нив, туку наместо тоа користејќи идентични фрази и формулации ги

одбива сите жалби.

46

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!