01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

донесените правилници во јануари 2015 година, без оглед на фактот дека

тие не биле во сила во моментот на приемот на средствата.

• Законот за бесплатна правна помош не го олеснува пристапот

до правда за граѓаните

Пристап до правда на граѓаните не е основно човеково право, меѓутоа

претставува изведено право од уставното право на еднаквост и како такво

претставува значајна алатка во системот на заштита и остварување на

човековите права. Квалитетна правна помош во услови на националното

законодавство и практика е тешко достапна за определена категорија

граѓани кои не се во таква материјална и финансиска состојба за да

обезбедат платен адвокат од сопствени приходи. Од овие причини, овие

категории на граѓани имаат право на бесплатна правна помош, која

вклучува почнувајќи од општи правни совети до бесплатно застапување

во судска и управна постапка. Во текот на годината беше евидентирано

дека пристапот до правна помош, до информации и до институциите на

државата за овие граѓани е премногу бирократизирано, формализирано,

трае екстремно долго и не дава можност за решавање на правни прашања

во роковите точно определени со закон. Освен тоа, поради нецелосна

и неправилна оцена од страна на надлежни органи, често се случува на

граѓаните да не им се одобри користење на правна помош па со тоа да им се

отежне пристапот до институциите пред кои единствено може да се реши

нивниот правен проблем.

Таков е случајот со странка-барателка на бесплатна правна помош која

живее во заедничко семејство со сопругот и своите три малолетни деца, од

кои едно е родено во првиот брак на барателката, меѓутоа негов биолошки

татко е нејзиниот сегашен сопруг. Барателката побара користење на

бесплатна правна помош во судска постапка за оспорување и утврдување

на татковство. Ова правно прашање е од областа на заштита на деца и

малолетници. Барателката е корисник на родителски додаток за трето

дете и тоа е единствениот приход кој го добива ова петчлено семејство.

Министерството за правда, решавајќи по барањето, наспроти начелото на

итност на постапката која мора да се заврши најдоцна во рок од 20 дена

од денот на поднесување на барањето, по цели 90 дена донесе решение со

кое не го призна ова право, бидејќи барателката не спаѓала во ниту една

категорија на лица кои можат да се јават како корисници на бесплатна

правна помош. Навремена тужба против решението за одбивање на

барањето за бесплатна правна помош беше поднесена до Управниот суд.

Судот го оцени решението како незаконито и го поништи, а предметот го

врати на повторно постапување.

• Долго траење на постапките пред Управниот суд на РМ

Управниот суд претставува клучна институција која ја оценува законитоста

на поединечни акти на органите на државната управа. Со водењето на

управен спор, Управниот суд врши контрола и корекција на работата на

28

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!