01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

РЕЗИМЕ:

Почитувањето на човековите права во Република Македонија во текот на

2014 и 2015 година беше во сенка на два одделни процеси кои ја зафатија

државата во овој период и кои имаа свое специфично влијание врз

заштитата на човековите права. Првиот процес е политичката криза која

произлезе од информацијата за наводното прислушување на повеќе од

20.000 граѓани и објавување на наводно прислушувани разговори, додека

вториот е бегалската криза и напливот на голем број лица кои транзитираат

низ територијата на РМ на пат кон побогатите држави членки од ЕУ. Овие

два процеси отворија неколку суштински прашања во однос на нивото на

почитувањето на основните човекови слободи и права кои се предвидени

и заштитени со Уставот на РМ. Политичката криза ги отвори прашањата

за почитувањето и заштитата на слободата и тајноста на комуникациите

и користењето на т.н. посебни истражни мерки. Покрај ова, објавените

прислушувани разговори (т.н. бомби) ги отворија сомнежите за повреда

на правото на протест, избирачкото право, правото на фер судење, итн. Од

друга страна „бегалската криза“ ги отвори прашањата кои се однесуваат

на обврските на државата во поглед на почитување на правото на живот,

условите во кои престојуваат задржаните мигранти како и правото на фер

судење.

- Права поврзани со животот, телото и личноста

Во 2014 и 2015 год. во одделни несреќи на пругите во РМ загинаа вкупно 27

мигранти. Несреќите се случија последователно во период од 5 месеци, а

властите во РМ беа запознати со трендот на зголемување на бројот на лица

кои транзитираат илегално низ државата и ја користат железничката пруга

како ориентир. Овој тренд резултираше и со преполнување на Прифатниот

центар за странци во Гази Баба каде беа забележани нечовечки услови при

сместувањето на лицата. Во 2015 год. беше забележан и случај на отежнат

пристап до здравствена заштита за лице кое се наоѓа на издржување на

казна затвор. Особено загрижувачки беа информациите за непријавување

на силувања извршени врз штитениците во воспитно поправните домови.

- Право на слобода и фер судење

Одредувањето и особено продолжувањето на мерката притвор во одредени

случаи продолжи да се спроведува со идентични и шаблонски решенија,

притоа без, во секој поединечен случај да се оценува дали се исполнети

или не условите за одредување притвор зашто Македонија веќе еднаш

беше осудена од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Во

овој период беше забележана и пракса на подолготрајно задржување на

мигранти во Прифатниот центар за странци без законски основ и без

соодветна судска одлука.

6

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!