01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

Советот на ЕУ со која се воспоставува кодекс на правила на заедницата со

кои се уредува движењето на лица преку границите и тој не треба да се

меша со Шенгенскиот договор. Регулативата е правно обврзувачки пропис

кој што има непосредно и директно правно дејство на целата територија

на ЕУ. Регулативата како таква е правно обврзувачка за државите кои се

членки на ЕУ. Република Македонија не е членка на ЕУ и согласно тоа, до

зачленувањето во ЕУ, регулативите на ЕУ не се извор на правото во РМ

и одлуките и дејствијата на државните органи и судовите не можат да

бидат засновани на нив. Согласно Уставот, основни извори на право во РМ

се Уставот и законите како и меѓународните договори ратификувани во

согласност со Уставот.

• Дали од гледна точка на правниот систем, почитувањето на

меѓународните односи на РМ со земјите членки на ЕУ како и

со ЕУ како заедница, имаат предимство пред почитувањето на

човековите права и слободи на македонските граѓани?

Меѓународните односи како збир од права и односи помеѓу државите не се

извор на право. Нивната трансформација во задолжително право е можна

преку отелотворување во меѓународни договори кои се ратификуваат во

согласност со Уставот на РМ. Сепак, дури и кога се работи за ратификувани

меѓународни договори не може истите да станат основ за ограничување

на слободите и правата кои како примарна темелна вредност, можат да се

ограничат единствено во случаите утврдени со Уставот на РМ.

Заклучок:

Поведените постапки за заштита на правата на лицата кои се засегнати од

спорното постапување на МВР пред судовите во суштина отворија две мошне

важни прашања. Прво, дали судовите во РМ ја вршат ефикасно својата

основна функција да ги штитат човековите права и второ кои се правните

импликации од безвизниот режим како и од процесот на пристапување

на РМ кон ЕУ? Од досегашното искуство можат да се идентификуваат

неколку причини кои ја доведуваат во сомнеж ефективноста на судовите

во обезбедувањето на соодветна правна заштита на правата на граѓаните.

а. Уставниот суд

Ефективноста на барањето за заштита на слободи и права до Уставниот суд

на РМ како правно средство за обезбедување на заштита на лицата кои се

засегнати од постапувањето на МВР е ограничено поради:

• Неопфатеноста на правото на слободно движење како право за

кое може да се бара заштита од Уставниот суд, што ја ограничува

можноста да се навлезе во суштината на проблемот од каде извира

дискриминацијата.

38

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!