01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Правни средства:

Лицата кои се соочиле со престанок на правото на социјална, односно

постојана парична помош поради прием на средства преку брз трансфер

пред стапувањето на сила на правилниците имаат право да поднесат жалба

до МТСП. Доколку жалбата не биде уважена лицата имаат право да поведат

управен спор.

• Жалба до Министерството за труд и социјална политика

Против решението со кое се укинува (престанува) правото на социјална

односно постојана парична помош може да се поднесе жалба до МТСП

во рок од 15 дена од приемот на решението. Правото на жалба против

првостепените решенија е уставно загарантирано право. Со поднесувањето

на жалбата се овозможува второстепениот орган да утврди дали имало

недостатоци и дали решението е засновано на закон или не. Доколку

решението има недостатоци или е во спротивност со закон, второстепениот

орган може да го укине решението и предметот да го врати на повторно

разгледување, или сам да го реши предметот.

Преку проектот беа поднесени вкупно 50 жалби против решенијата со

кои престанува правото на социјална односно постојана парична помош

поради примени средства преку брз трансфер на пари пред 27 јануари 2015

година. Во сите жалби беа истакнати два основни жалбени наводи:

1. се работи за очигледна ретроактивна примена на неповолен

пропис што нашиот Устав не го дозволува, и

2. податоците се прибрани без потребната согласност од

лицата кои користат социјална односно постојана парична

помош.

Жалбите беа поднесени благовремено и ги исполнуваа сите процесни

претпоставки за постапување по нив.

МТСП ги одби сите жалби кои се однесуваа на лица кои примиле повеќе од

70.000,00 денари, додека за оние кои примиле помеѓу 50.000,00 и 70.000,00

денари жалбите беа уважени. Решенијата со кои беа одбиени жалбите

потврдуваа дека средствата се примени во период пред стапувањето на сила

на одредби од Правилниците, меѓутоа МТСП не најде повреда на законот

со образложение „ Бидејќи во жалбата не се наведуваат докази за факти

кои би довеле до поинакво решение, министерот во одговор на наводите на

жалбата во смисла на член 245 став 2 од ЗОУП се повикува на причините

наведени во првостепеното решение“. Ова образложение е идентично во

сите решенија по жалбите. Она што е воочливо е дека за МТСП е неспорно

дека приемот на средствата се случил во период пред стапувањето на сила

на измените на правилниците и дека правниот основ за укинување на

правото се одредбите од правилниците донесени на 27.01.2015 година. МТСП

во ниту едно од решенијата со кои се одбиваат жалбите не се произнесе по

двата жалбени наводи изнесени погоре.

44

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!