01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

исклучок од правото на приватност и тајност на комуникацијата доколку

тоа е неопходно за водење на кривична постапка или кога тоа го бараат

интересите на одбраната во судска постапка. Ваквиот исклучок може да се

дозволи само со одлука на суд врз основа на закон. Се што е надвор од ова,

претставува повреда на Уставот и кривично дело.

Област 5: Право на сопственост, работа и социјална

заштита

Уставот ги гарантира правото на сопственост, правото на работа како

и правото на социјална заштита чие остварување се уредува со посебни

закони. Уставот ги воспоставува основите на сопственичките односи,

врабoтувањето како и социјалната сигурност 25 .

Извршувањето и понатаму предизвикува значителен број на

поплаки од страна на граѓаните

Извршувањето на правосилните судски одлуки кое се спроведува од страна

на индивидуалните извршители, особено начинот на кој што се спроведува

отвора неколку значајни прашања кои ги засегаат граѓаните. Како средство

за присилно извршување на судските одлуки е неопходен елемент во

системот на владеење на правото, меѓутоа затоа што директно навлегува во

правото на сопственост, мора да се спроведе на соодветен начин. Поплаките

и претставките кои ги поднесуваат граѓаните, а кои се однесуваат на

работата на извршителите учествуваат со значителен процент во вкупниот

број поплаки и претставки. Самиот факт што извршувањето на најдиректен

начин го засега имотот и приходите на граѓаните предизвикува определен

негативен сентимент кон постапката без оглед на фактот што таа е

неопходна заради спроведување на судските одлуки. Сепак значаен дел

од претставките и поплаките отворија неколку сериозни прашања кои се

однесуваат на начинот на кој што се спроведува извршувањето.

• Непропорционално високи трошоци за извршување кои се

повеќекратно поголеми од износот на основниот долг. Неретка е

ситуацијата кога за годишен долг за радиодифузна такса во висина

од 1.800,00 денари, трошоците за извршување може да изнесуваат и

до 6.000,00 денари со што граѓаните се изложени на дополнителни

трошоци кои се далеку од пропорционални со основниот долг.

• Преземање на извршителски дејствија и по целосното исплаќање

на долгот. Во пракса постојат случаи кога поради пропуст во

комуникацијата помеѓу доверителот (најчесто банка) кој не го

информира на време извршителот, извршителот презема дејствија

(попис и проценка на недвижност) кои на крај ќе паднат на трошок

на должникот.

• Недоставување на извршна исправa. Честопати граѓаните

25 Член 30, 32, 34 и 35 од Уставот на РМ.

22

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!