01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ВОВЕДНИ НАПОМЕНИ

За извештајот:

Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите

права во Република Македонија 1 е активност на Проектот на УСАИД за

заштита на човековите права (Проектот) спроведуван од Македонското

здружение на млади правници (МЗМП). Извештајот има за цел да ги

презентира повредите на човековите права кои се забележани во рамките

на Проектот во текот на годината. Покрај документирањето на повредите

на човековите права, извештајот ја анализира и ефикасноста на правните

средства, пред се на судската заштита на граѓаните во забележаните случаи.

Извештајот има за цел да придонесе во создавање слика на состојбата со

човековите права во РМ. Тој се надоврзува на останатите национални и

меѓународни извештаи, при што нагласува посебен фокус на правната

заштита на човековите права, односно како и до која мерка правните

механизми како гарант за заштита на човековите права се ефикасни во

заштита на истите.

Првиот дел од Извештајот содржи опис на повредите на човековите права

кои се забележани од страна на Проектот. Повредите се групирани во шест

области во зависност од видот на човековото право кое е засегнато со нив: 1.

Живот, тело и личност, 2. Слобода и фер судење, 3. Еднаквост, 4. Приватност,

слобода на говор и протест, 5. Сопственост, работа и социјална заштита и 6.

Правна сигурност. Вториот дел од Извештајот преку студии на конкретни

случаи анализира дали и во колкава мерка постојните правни средства се

ефикасни и адекватни за да обезбедат заштита за граѓаните во конкретни

случаи.

За проектот на УСАИД за заштита на

човековите права:

Проектот на УСАИД за заштита на човековите права е тригодишна програма

која има за цел да придонесе кон унапредување на заштитата и промоцијата

на човековите права и демократските вредности во Р. Македонија преку

правна едукација, стратешко застапување и зајакнување на капацитетите

на правните професионалци и граѓанските организации. Проектот го

спроведува Македонското здружение на млади правници.

Активностите на Проектот се групирани во следниве компоненти:

1 Во понатамошниот текст Извештајот

8

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!