01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

- Право на еднаквост

Во текот на 2014 и 2015 година продолжи праксата на МВР да спречува

излез од државата на македонски државјани врз основа на индиции,

дека тие лица ќе го злоупотребат безвизниот режим и ќе бараат азил во ЕУ.

Оваа пракса не е предвидена во законите и непропорционално ги засегнува

припадниците на ромската етничка заедница. Повреда на правото на

еднаквост е забележано и во случаи на непродолжување на договорите

за вработување на определено време, веднаш откако работничката

ќе извести дека е бремена. Лицата кои биле подложени на ваква или на

друг вид дискриминација, честопати не се подготвени да ја пријават

дискриминацијата, а постои и страв од страна на лицата кои биле сведоци

на дискриминацијата да сведочат во постапки за да избегнат можни

штетни последици по нив.

- Право на приватност, слобода на говор, слобода на движење, и

протест

Објавените информации за наводно прислушување на 20.000 лица кои во

определени случаи беа потврдени како автентични од страна на определени

политичари, новинари и активисти од невладини организации (НВО)

укажуваат на можна сериозна повреда на тајноста на комуникациите и

приватноста. Покрај ова во 2015 год. беа забележани и притисоци поврзани

со остварувањето на правото на протест.

- Право на сопственост, работа и социјална заштита

Особено загрижувачки проблеми се забележани при остварување на

правата од социјална заштита. Со ретроактивна примена на пропис

им беше прекинато правото на социјална, односно постојана парична

помош на повеќе од 1.000 лица. Долгото траење на постапките по

жалба кога се одлучува за правата од социјална заштита и нејасните

решенија значително го отежнуваат пристапот на граѓаните до социјална

заштита. Извршувањето и понатаму отвора сериозни прашања како

што се: висината и пропорционалноста на трошоците за извршување,

извршувањето на приходи од социјална помош, итн.

- Правна сигурност

Во 2014 год., а особено во летото 2015 год. беше забележена засилената

законодавна активност во која беа донесени повеќе од 400 закони за

период од три месеци. Оваа појава е забележана и во однос на закони кои

се важни за заштита на правата на граѓаните како и на нивната издршка

(Закон за пензиско и инвалидско осигурување, Законот за здравственото

осигурување, Кривичниот законик и Законот за работните односи). Честото

менување на законите ја доведува во прашање правната сигурност на

граѓаните во РМ.

7

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!