01.03.2016 Views

ПРАВНАТА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

7cHOeyYFe

7cHOeyYFe

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

СЛУЧАЈ 2 - РЕТРОАКТИВНА

ПРИМЕНА НА ПРОПИС

Престанок на правото на социјална 43 и постојана 44

парична помош со ретроактивна примена на пропис

Контекст:

Министерот за труд и социјална политика на РМ (понатаму во текстот МТСП)

во јануари 2015 година ги дополни правилниците 45 кои што подетално го

уредуваат остварувањето на правата на социјална и постојана парична

помош. Со овие правилници, особено се утврдуваат видовите на приходи

како и видовите на имот и имотните права кои се земаат предвид при

оценката на материјалната положба на барателите и корисниците на овие

права. Лицата кои ги користат правата на социјална или постојана парична

помош имаат обврска да го известат надлежниот Центар за социјални

работи 46 доколку остваруваат некои од приходите или имаат имотни права

кои се утврдени како имотни права кои се засметуваат при оценка на

имотната состојба.

Со дополнувањето на правилниците, МТСП уреди ново имотно право кое се

зема предвид при утврдување на материјалната положба на корисниците

на социјална и постојана парична помош. Со новите правилници, примени

парични средства преку услугата брз трансфер на пари 47 во износ над

50.000 денари се сметаат како имот од кој корисниците можат да се

издржуваат и како таков тие се должни да го пријават. Доколку лицето

се стекнало со ваква сума на пари, тоа ќе го изгуби правото на социјална

односно постојана парична помош. Правилниците се објавени во Службен

весник на РМ бр. 11 од 26.01.2015 година, а стапија на сила наредниот ден

од објавувањето.

43 Социјалната парична помош е парично право од социјалната заштита кое може да го користи лице способно за работа и домаќинство, материјално

необезбедено и кое според други прописи не може да обезбеди средства за егзистенција.

44 Постојана парична помош е парично право од социјалната заштита кое може да го користи лице неспособно за работа и материјално необезбедено, кое не

може да обезбеди средства за својата егзистенција врз основа на други прописи.

45 Правилникот за начинот на утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето на носителот на правото

и потребната документација за остварување и користење на правото на социјална парична помош („Службен весник на Република Македонијаʺ бр. 54/13 и

126/13 )и Правилникот за начинот на утврдување на состојбата на приходите, имотот и имотните права и потребната документација за остварување на правото

на постојана парична помош, составот и начинот на работата на стручната комисија и второстепената комисија, легитимацијата на стручните лица, начинот на

водење на евиденција на издадените наоди и формата и содржината на образецот за давање на наод, оценка и мислење за неспособноста за работа („Службен

весник на Република Македонијаʺ бр. 58/13).

46 Член 190 став 2 од Законот за социјалната заштита.

47 Western Union, Money Gram и сл.

40

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!