28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

Состојби на пазарот на националните

терестријални телевизии

во Република Македонија

Анализата на историјатот и сегашната состојба со сопственичката

структура на медиумите во Македонија, особено на нејзиниот најголем и

најзначаен сегмент, националните терестријални комерцијални телевизии,

не може да се направи ако не се познава развојот на медиумскиот пазар во

државата во неговиот економски сегмент. Бидејќи, како што вели една поговорка,

„парите го вртат светот“ – а светот на медиумите особено!

СРД, во своите анализи за пазарот на радиодифузерите во Македонија

82 , ги опфатил аспектите на економските вредности на пазарот, деловните

практики на субјектите на пазарот, конкуренцијата и развојните можности

на дејноста. Тоа е комплексна анализа којашто, покрај наведените четири

категории, подразбира и уште десетина финансиски поткатегории и

други регулаторно-развојни фактори што ги сочинуваат генералните елементи

за анализа. Оваа комбинација на квантитативни и квалитативни податоци

се интерпретира на концептуално осмислен начин преку примена

на теорискиот модел на т.н. хипотетички тест за монопол. Овој модел, поедноставено

речено, го дефинира релевантниот пазар 83 на радиодифузни

медиуми со претпоставката дека еден хипотетички монопол на пазарот

може да го зголеми својот профит само со наметнување зголемена цена

на потрошувачите (во случајов, потрошувачите сфатени како рекламери).

Во така воспоставената концептуална рамка, пазарот се истражува низ

три фази: 1) се истражуваат производите на медиумите и трговските релации

што ги подразбира секој производ; 2) се анализираат преференциите

на публиката и влијанието на други фактори во однос на понудените производи;

3) вака добиените податоци се „контролираат“ со други податоци

од пазарот, особено податоци од претходни случаи и податоци за цените,

за да се провери дефиницијата на пазарот формулирана во втората фаза.

Целата постапка подлежи и на анализа на карактеристиките на самата медиумска

индустрија, бидејќи тие специфики имаат битни импликации во

постапката на дефинирање на пазарот (на пример: економија на обем, како

на ниво на продукција на ТВ-содржините, така и на ниво на нивна дис-

82 Станува збор за редовни анализи што се прават од 2007 г., а се однесуваа од

2004 г., започнати со поддршка на фондови од ЕУ и ОБСЕ, а коишто се темелат

врз анализа на официјалните финансиски податоци што радиодифузерите ги

доставуваат до СРД, сопствени анализи на СРД (интервјуа, истражувања за

трендовите кај публиката, мерења за гледаноста/слушаноста на радиодифузерите

итн.), како и користење на други анализи и истражувања направени вон

СРД. Во овие анализи се вклучени домашни и странски експерти од областите

што се истражуваат. Анализите се достапни во печатена форма (освен за 2007

г.) или во електронска форма на www.srd.org.mk

83 „Релевантниот пазар“, пак, е комбинација од пазар на производи и географски

пазар.

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

трибуција – репризи, препродавања и сл.; поврзаноста на различни пазари

на кои настапуваат радиодифузерите; различните продукциски фази во

производството на медиумската содржина; технолошката конвергенција

на платформите за емитување содржина – терестријално, кабелски, сателитски

и интернет; итн.). (СРД, 2008:5-12)

Иако ваквата анализа делува компликувано – каква што и е – таа може

да доведе до заклучоци за тоа што се случува на македонскиот медиумски

и, особено, радиодифузен пазар во последните десетина години. Тоа може

да придонесе и за разбирање на, барем делумно, политичките превирања

во однос на медиумите во Македонија, особено кога се во прашање неколкуте

најголеми национални телевизии коишто ги диктираат условите во

кои работи и поширокиот медиумски пазар во државата. За жал, поради

запленувањето на целокупната финансиска документација на долгогодишниот

лидер на пазарот, ТВ А1, во ноември 2010 г., за таа, како и за 2011 г.,

кога оваа телевизија згасна со работа, податоците во анализата за движењата

на пазарот се некомплетни. Сепак, индикаторите од претходните неколку

години доволно говорат за идентификување на трендовите и правецот

на развојот на телевизискиот пазар и индустрија во Република Македонија.

Генерално земено, со оглед на европските состојби, Македонија во областа

на електронските комуникации е добро развиена држава, што има

свое влијание врз достапноста на телевизиската програма, платформите

на кои таа се емитува/гледа и навиките на населението за следење на телевизиите.

Според податоците на Агенцијата за електронски комуникации

(АЕК) во 2012 г. 61% од популацијата во Македонија постара од 16 години

е корисник на услугите на интернет (2011 г. – 58%; 2010 г. – 51%; 2009 г. –

46%), а 74% од тие корисници во 2012 г. користат интернет секој ден. 93%

од интернет корисниците најчесто користат интернет дома, при што кај

домаќинствата 56% користат ADSL/VDSL и WiMax безжична конекција и

43% користат кабелски интернет. 87% од популацијата во Македонија постара

од 16 години користи мобилен телефон (од нив, 73,5% користат само

една СИМ картичка, 21% користат две, а 5% користат три СИМ картички

во различни мрежи). (АЕК, 2012:6-49)

Во однос на видот на ТВ-приклучоците, истражувањата на јавното

мислење за пазарот на електронски комуникации во Македонија направени

за потребите на АЕК, покажуваат дека во февруари 2012 г. 9% од корисниците

биле приклучени на IPTV, 8% користеле дигитален приклучок,

57% користеле кабелска телевизија, 5% сателитски приклучок, а 20% гледале

телевизија со обична антена. Помалку од 1% од населението не користело

ТВ-приемници. (АЕК, 2012:82)

134 135

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!