28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

24 радиодифузери не постапиле по инструкциите на СРД и не го доставиле

бараниот документ. СРД утврдил отстапувања од членот 11 кај телевизиите

Канал 5 и Сител, како и кај радијата Канал 77 и Класик ФМ. Според

наводите во Записникот од оваа седница на СРД, заменик-претседателот

на Советот, Милаим Фетаи, рекол дека „медиумите треба да бидат независни,

а не да бидат под влијание на политиката и доколку не се почитува

членот 11 од Законот, тоа претставува многу сериозен проблем“. Тој предложил

на медиумите кои се во судир со Законот да им се понуди одреден

рок да го усогласат своето работење со законските обврски, а ги потсетил

членовите на СРД дека во Законот за радиодифузија е предвидено престанок

на членство во Советот што следува за секого кој работи спротивно

на Законот за радиодифузија – „доколку не се испита состојбата со почитување

на членот 11 од Законот до крај, ќе се смета дека не се почитува Законот“,

заклучил Фетаи.

Со дискусијата на Фетаи се согласиле и членовите на СРД Томе Груевски

(кој побарал на радиодифузерите да им се даде „разумен рок“ за усогласување

на нивната работа со Законот); Зоран Трајчевски (кој, меѓу другото,

побарал и дополнително да се испита сопственичката структура на

ТВ Телма со увид во списокот на акционери на сопственикот на телевизијата,

компанијата „Макпетрол“); Лазо Петрушевски (кој истакнал дека „како

членови на Советот треба да се погледнат во очи и да се признае дека дел

и креатор на овој проблем е Советот како институција, бидејќи 15 години

ништо не е направено во тој поглед“); Зоран Стефановски (кој, коментирајќи

ги забелешките за тоа што значат формулациите „носители на јавни

функции“ и „членови на семејство“, посочил дека „доколку Советот смета

дека има нејаснотии околу одредени поими, може да се обрати до Собранието

на РМ и да побара автентично толкување“ на законите); Борис Арсов

(кој предупредил дека во Законот за семејство, под поимот семејство

„се подразбираат оние членови кои живеат под ист покрив и дека со полнолетството

односно со деловната способност се губат сите родителски

обврски кон децата“); Бранко Радовановиќ (кој побарал рокот за законско

усогласување за радиодифузерите да не биде помал од 6 месеци); Методи

Стоименовски (кој предложил да се размисли и за тоа дали толкувањето

на одредниците од членот 11 не треба да се прошират и надвор од сопственичките

структури на медиумите, па „во таа група влегуваат и управителите,

директорите, уредниците“); Столе Наумов (изнесувајќи став дека на

медиумите треба да им се даде рок од 60 дена за усогласување со Законот и

толкувајќи дека хоризонталните и вертикалните семејни врски се различни,

наведувајќи го италијанскиот пример дека „децата на Берлускони не

можат да бидат сопственици, но неговиот брат може“); и Селвер Ајдини (кој

се согласил со предлогот за рок од 60 дена, но и предупредил дека во јавноста

се создава впечаток дека „Советот ги брани ТВ Сител и ТВ Канал 5“).

После обемната дискусија, со 8 гласа „за“ и 4 воздржани 104 , СРД одлучил

да испрати допис до сите радиодифузери во Република Македонија со

кој ќе им даде краен рок од 30.09.2012 „да го усогласат своето работење со

член 11 од Законот за радиодифузија“. Советот заклучил дека „доколку радиодифузерите

во утврдениот рок не постапат по задолжувањето на Советот

и не ги отстранат констатираните повреди на Законот за радиодифузна

дејност, Советот ќе започне постапка за одземање на дозволата за вршење

на радиодифузната дејност согласно со член 63 став 1 алинеја 3 од Законот

за радиодифузна дејност“.

Зоран Трајчевски, кој ја презема функцијата претседател на СРД во април

2012 г., уште во своите први изјави се заложи за „поставување на главните

стратегиски определби на идната медиумска регулација, како што се

решавање на конфликтите на интересите во медиумската сопственичка

структура, разбивање на недозволените медиумски концентрации и збогатување

на плурализмот преку дигитализација на радиодифузијата и промоцијата

на новите технологии“. 105

Нешто подоцна, тој ќе биде уште попрецизен во однос на сопственичката

структура на медиумите: „Ние постапуваме по закон. Нас, како регулаторно

тело нё интересира дали законот се спроведува. Не е важно дали

некоја телевизија се вика Телма, Сител, Алфа или Канал 5, важно ни е да

не се крши законот во некоја од неговите одредби. Ако пишува дека избран

функционер не може да поседува акции во некоја телевизија, тогаш ќе треба

да си ги продаде акциите. Не е важно дали има една или има 100 акции.

Алфа веќе постапи по својата законска одредба и од она што првично го

видовме, во фирмите основачи на Алфа нема јавни функционери кои поседуваат

акции. Истото сё уште го чекаме од Телма“. 106

Изјавата на Трајчевски во врска со сопственичката структура на радиодифузерите

чии сопственици се акционерски друштва доаѓа по одржувањето

на 14-та седница на СРД (на 14.05.2012 г.) на која на четири телевизии

(скопските ТВ Алфа, ТВ Телма, ТВ Скопје и ТВ Ирис од Штип) им

се даде рок од 7 дена „да достават податоци за тоа кој се јавува како основач

на нивните основачи, односно соосновачи – акционерски друштва, односно

податоци за нивните акционери и висината на нивните влогови“. 107

Занимливо, на таа, 14-та седница на СРД, Трајчевски излегол со став дека

„доколку влогот е помал од 5%, за нив... согласно со Законот нема потреба

да доставуваат информации“ 108 – став кој Трајчевски наскоро радикално ќе

104 Од гласање се воздржале членовите Фетаи, Ајдини, Наумов и Трајчевски.

105 „Советот за радиодифузија се рекомпонира“, Утрински весник, 18.04.2012 и

„Трајчевски: Приоритет спорните сопствености и медиумската концентрација“,

Вест, 19.04.2012

106 „Постапуваме по закон“, неделник Фокус, 01.06.2012

107 Записник од 19-та седница на СРД, 07.06.2012, стр. 5 http://www.srd.org.mk/

images/stories/USVOEN_Zapisnik_od_19_sednica_-_2012_godina.pdf

108 Записник од 14-та седница на СРД, 14.05.2012, стр. 2 http://www.srd.org.mk/

158 159

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!