28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

ДОДАТОЦИ

блика Македонија може да има квалитетна иднина без оглед на ваквата сегашност

која е усвитена. Мислам дека тоа ќе пројде, мислам дека иднината

на државата, градењето, квалитетот во живеењето ќе го имаме ако функционира

демократијата, а демократијата значи сигурно силно ВМРО, силен

СДСМ. Значи, во тоа сум на страна и сега тие се изместени. Ми е криво

што се изместени, баш од тој аспект. Значи, ми е криво, ја изместивме,

во вакви ненормални услови дојде. Но, тука мислам дека е пак пречувствителноста

на власта, тоа прозивање, тоа етикетирање. Мораме да најдеме

начин. Ќе барам начин тоа сепак...на сакам... А1 не е од СДСМ, не е Велија,

зар сум како што...

Зеќири: Сега тоа се зборува, вие сами рековте дека се среќавате...

Рамковски: Сега, вие како што ме гледате, мене да ме стави Црвенковски

да бидам негов службеник!? Макар премиер!? Зошто би, зошто!? Зошто

во оваа позиција, бизнисмен, веќе 63 години имам, да станам премиер,

а тоа да ме стави Црвенковски!? Зошто би се ставил во таа позиција? Не сакам.

Не сакам. Јас имам разговарано, и последното, скоро пред два месеци

со Груевски, каде што му предлагам, во однос на Буџетот беше, во однос на

економската криза и дека сметам... Ама, тој ми вика: „Нема шанси ти ова

да го реализираш, ти да бидеш премиер!“ Нема да бидам премиер, ама Црвенковски

да биде премиер не може во однос на јавната администрација, на

Буџетот. А, бе, Груевски Никола, јас не можам, ама затоа ти ако бидеш во

позицијата, само ти си аргументот, само ти си силата во однос на... Значи,

во тоа конфронтирање јас имам, сакам, како земјоделието што беше, така

мислам дека мораме да направиме реформи во јавната администрација.

Значи, во тој проект се подразбира, во таа политичка борба меѓу ВМРО и

СДСМ, тоа треба да се реализира. Заради тоа. И оваа состојба со А1, да речеме,

и Велија и Груевски, не чини за државата.

Зеќири: Значи, Велија Рамковски не е седнат „во скутот“ на Црвенковски

и нема политички амбиции?

Рамковски: Никакви, никакви, никакви! Времето ќе ви го докаже тоа

дека апсолутно ја сметам... Можно е, јас сега не знам што ќе се случи, предвремени

избори, резултатите од тие предвремени избори, какви ќе бидат,

што ќе бидат... Знаете само што ме чуди сега? Два дена. Зошто Латас - и ме

чуди и некои пак политички плитки игри се, не знам - зошто Латас и Јанко

го истркалаа дека сабота (за време на закажаниот марш на опозицијата

во Скопје – н.з.) ќе има државен удар? Зошто? Не ми е јасно? Зошто државен

удар? Што се подготвува? Не знам, но независно, пак доаѓам до тоа, не

можам да ги предвидувам политичките настани, освен дека мораме, патот

ни е кон НАТО и ЕУ. Меѓутоа, како и да се случи, јас сметам, пак, едно

ВМРО или СДСМ, секој што е во опозиција може да смета на А1 и Велија.

Основно, тоа е, се докажав `98 година, 2006 година, 2008 година, т.е. `98 година,

2002 година, 2006 година, 2010 година се докажувам, не се тоа Сител

и Канал 5. Се докажувам дека А1 е таа што е силата, да може опозицијата

квалитетно да го критикува работењето на власта.

Зеќири: Повторно се навраќаме на медиумите. Вие пред малку изјавивте

дека Коха, Шпиц и Време не се во ваша сопственост. Чомовски само

еден ден по тоа што се случи во А1 ве претстави како сопственик на А1

ТВ и на весниците Коха, Шпиц и Време на кои вие постојано се повикувате

тука во студиото.

Рамковски: Значи, таа блискост меѓу А1, Шпиц, Коха и Време...

Зеќири: И самите вие некогаш сте изјавиле дека тие се ваши.

Рамковски: Никој пат не сум изјавил дека се мои. Тоа не може да најдете,

сигурно, туку дека блискоста наша е многу силна. Толку е силна, што во

тоа произнесување на Чомовски, да каже дека се на Велија. Јас имам силно

влијание врз тие медиуми. Како ќе немам? Без А1 тие медиуми не би биле

тоа што се. Преголема е помошта на А1 кон тие медиуми, немам потреба

тие медиуми да бидат мои, немаат потреба како бизнис. Тие медиуми имаат

силна поддршка од А1 и затоа ја преставуваат таа медиумска сила. Но,

ако сме блиски, деловни пријатели, зошто да не? И се покажува дека и тоа

како е потребна. Како што гледате, едноставна групација. И МПМ во цела

оваа работа, зашто ги загрозува во една ваква консталација, кај читачите.

Како бизнис ги загрозува. Доаѓаат противници: Дневник, Вест, Утрински

весник, Вечер, Нова Македонија, Сител, Канал 5... Замислете, цела една групација

од моќни бизнисмени и пак нешто сё кукаат! Не можам да ги сфатам

зошто кукаат? Зошто Велија ова...? Колку сте вие, колку се од таа страна,

колкава е таа поларизација - зошто кукање? Зашто многу лошо ја работат

својата работа. По што лошо ја работат, што значи телевизија и весник, а

од друга страна, добро работат кога напаѓаат. Тие се криви што имаат слаби

медиуми. Што ако се бројни? Далеку се послаби отколку А1.

Зеќири: Кое е влијанието на Велија Рамковски во уредувачката политика

на А1 ТВ? Ако не грешам, тоа е и докажано, вие сте изјавиле за

весникот Утрински весник дека вие сте тој којшто одлучува за вестите и

дека, доколку е потребно, вие сте и уредник?

Рамковски: Уредувачката политика на А1 целосна е моја. Но, што значи

практикување на истата? Да, со тоа се развива демократијата, (новинарите)

да си работат, се подразбира, да имаат сила во однос на власта, да не

бидат притиснати, да го кажуваат тоа што треба да го кажуваат. Јас не гледам

вести, јас гледам бројки. Не гледам вести, иако сега многу ми се лутат,

по што телевизијата од програмски аспект ја води. Дома или читам или

спорт гледам, немаме комуникација. Па, нё прислушуваат, знам дека ме

прислушуваат, да, можете да го земете досието, ќе видите дека нема комуникација

меѓу мене и новинарите. Тоа е многу ретко, тие максимално и

260 261

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!