28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

народот, што беше тоа?! Полиција има, а не е нападната А1, а е во А1. Ќе видите,

адвокатите ќе излезат со свои ставови. А тие велат дека никој не може

да биде над законот - тие отидоа над законот во повеќе аспекти, упади на

полицијата во А1 е надвор од сите закони! Ја имаат, по што немаат доволно

ум, а имаат можност да притиснат копче да пратат полицајци - тие излегоа

надвор од законот, надвор од Уставот, надвор од многу нешта излегоа.

Во основа, излегоа надвор од паметот.

Зеќири: На првото ваше појавување во петокот, после тоа што се случи,

предвидовте дека може да се случи некој од луѓето од вашето опкружување,

дека можат да бидат уапсени. Дали уште стоите на таквото тврдење,

дека може да има апсења?

Рамковски: Можно е, не можам да ги предвидам со глупоста што ја

направија на 25-ти, што веднаш прогласија криминал пред да проверуваат,

сё е можно, лудо е. Не знам, поима немам. А, што и да се случи, основното

кај мене што е јас многу чесно, поштено и професионално си ја работам

својата работа.

Зеќири: Дали ќе се согласите со заклучоците што ќе произлезат од

оваа инспекциска контрола?

Рамковски: Зошто така ме прашувате, јас дали ќе се согласам? Си

постојат закони, си постојат адвокати, си постојат професионалци и ќе си

излезат со свои заклучоци, ставови итн. Не можам јас да се согласам или

не. Не е предмет на мое согласување.

Зеќири: Г-дине Рамковски, ви благодарам што одвоивте време и вечерва

бевте мој гостин.

Рамковски: Благодарам што ме повикавте и ми дозволивте вака да си

ја терам својата, вака како што знам и умеам.

Зеќири: Ви благодарам и вам, почитувани гледачи, што нё следевте.

До гледање до следниот четврток, во исто време.

/КРАЈ/

ДОДАТОК II

Интервју со Велија Рамковски, сопственикот на ТВ А1

во неделникот Фокус (03.12.2010)

Велија РАМКОВСКИ ја предизвикува власта

ГРУЕВСКИ МОЖЕ ДА МЕ УБИЕ, НО НЕ МОЖЕ ДА МЕ СКРШИ!

Иако е кристално јасно дека мета на Груевци е Велија Рамковски, сепак,

провладините медиуми, со доза на цинизам и сеирџиство, смислија

уметничко име на инспекциските контроли на неколку фирми лоцирани

во зградата на А1 и на полициската блокада на телевизијата. Го нарекоа

камуфлирано – Перо Наков б.б. Сепак, во интервјуто за Фокус, Рамковски

вели дека резултатите од целата синхронизирана хајка ќе бидат обична

нула. Не сака да зборува за инспекцијата, за дел од настаните вели

дека не знае ништо, но, затоа верува дека оваа власт ќе падне, затоа што

ја изгубила поддршката од народот. Како клучни настани за тој пад ги

смета случувањата пред А1 и маршот што го најави опозицијата!

Разговараше: Јадранка КОСТОВА

Фокус: Вешто игравте на политичко-медиумската сцена во изминативе

години, бевте број 1. Ова што сега ви се случува, на некој начин покажува

дека можеби се преигравте. Создадовте премногу непријатели од

медиумскиот бизнис. Со МПМ изданијата влеговте во војна. Со Ѕинго и

Стојменов, кои се коалициски партнери на Груевски, исто така. Со печатницата

на Бојо Андрески дури постојат и судски постапки за долговите

на Време и Шпиц. Отворивте фронт и со случајот со весникот Коха, а да

не заборавиме дека и Фершпед беше солидно третиран во вашите медиуми.

И, сега, кога сте во жесток и отворен судир со моќниот премиер Груевски,

безмалку ја изгубивте медиумската поддршка, дури и како колегијална

солидарност за полициската блокада на А1!?

РАМКОВСКИ: Може и така да се гледа, но, мислам дека е погрешен

таквиот пристап. Јас само си ја работам мојата работа. А што е мојата работа?

Тоа е да има што повеќе гледаност телевизијата А1. Со тоа автоматски,

но и логично е дека ги загрозувам бизнисите на другите медиуми, и

од бизнис и од политички аспект. Пресилна е А1 во однос на сите останати.

Имаше одредени истражувања за гледаноста на телевизиите, каде што

А1 има рејтинг од 45 отсто, некаде 7 отсто беше Сител, 4 отсто МТВ. Самите

бројки доволно говорат. Ваквата доверба на гледачите го прават развојот

на телевизијата, тоа е едниот аспект. Вториот аспект е политичкото

ДОДАТОЦИ

264 265

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!