28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

губројноста на медиумите во македонскиот етар како факт и оти ќе остават

пазарот и меѓусебната конкуренција да ја исфилтрираат ситуацијата“ 118 .

„Големиот расплет“ околу медиумската сопственост кај радиодифузерите

и нивната усогласеност со членот 11 од Законот за радиодифузија се

случи на крајот од септември и почетокот на октомври 2012 г. Во тој период

СРД ги верификува следните постапки:

• На 24.09.2012 г. Љубисав Иванов – Ѕинго, по пет децении собраниски

стаж, реши „од лични причини“ да поднесе оставка 119 на функцијата

пратеник во Собранието на Република Македонија, со што се надмина

состојбата на неговиот судир на интереси во однос на сопственоста на

ТВ Сител. Тој и понатаму останува претседател на Социјалистичката

партија на Македонија која е во состав на владејачката политичка коалиција

во државата. Иако до 01.10.2012 г. Собранието не ја верификуваше

оставката на Ѕинго, СРД на тој датум го прифати поднесувањето

на неговата оставка како валидна промена на сопственичката структура

на ТВ Сител.

• На 28.09.2012 г. ТВ Канал 5, за непозната сума и под непознати услови

за јавноста, беше продадена на Вања Гавриловски, сопственик на трговска

компанија и близок и долгогодишен соработник на семејството

Стојменови (и актуелен директор на прилепската печатница „11 Октомври“

во која своја сопственост имаат фирмите на Стојменови). На

својата седница од 01.10.2012 г. СРД едногласно ја одобри оваа сопственичка

смена во телевизијата.

• Промената на сопственоста на Радио Канал 77 одеше во неколку фази.

Прво, сопственикот Горан Гаврилов најави дека има намера 80 отсто

од фирмата-основач на радиото да ги подари на својата сопруга, а 20

отсто на синот, што не му беше прифатено од СРД. Потоа, Гаврилов

му го подари целото радио на својот полнолетен син Виктор Гаврилов,

кој како внук на сестрата на Горан Гаврилов, пратеничката од СДСМ

во Собранието на РМ Билјана Казанџиска, нема законска семејна поврзаност

во смисла на членот 11 од Законот за радиодифузија. Сепак,

на седницата на СРД од 01.10.2012 г. ваквата промена со мнозинство

гласови на членовите не беше прифатена од Советот и покрај ставот

на правните служби во СРД дека таа не е во судир со членот 11 од Законот

за радиодифузија 120 . СРД покрена и постапка за одземање на ли-

ценцата на Радио Канал 77, а за одлуката на СРД Гаврилов јавно праша

„дали во оваа држава владее правото или право издејствувано со сила

и надгласување“ и оцени дека „одлуката не е на членовите на Советот,

туку на Владата“ на РМ. 121 Конечно, по уште неколку дена јавни препирки

меѓу СРД и Гаврилов, Советот на 05.10.2012 г. донесе одлука дека го

прифаќа како нов сопственик на радиото извесен Сашо Јованов, близок

пријател на Гаврилов, кој под непознати услови за јавноста ја преземал

фирмата што е сопственик на Радио Канал 77. 122 Гаврилов најави

дека ќе ја продолжи правната битка против СРД, во крајна инстанца и

пред Европскиот суд за човекови права.

• Процесот на проверка на акционерите од фирмите основачи на ТВ Телма

и ТВ Алфа во моментот на затворањето на оваа студија сё уште траеше,

преку увид во акционерските книги на телевизиите. На почетокот

од октомври 2012 г. претседателот на СРД Зоран Трајчевски изјави

дека „доколку некој акционер на фирмите-основачи сака да го задржи

уделот во телевизијата, ќе треба да си поднесе оставка на јавната

функција“, додавајќи дека „телевизиите нема да имаат проблем поради

таквите акционери“. 123

После сите наведени промени во сопственичката структура кај најзначајните

македонски радиодифузни медиуми, слободно може да се каже дека

Советот за радиодифузија на РМ формално го задоволи барањето на Европската

Унија за почитување на членот 11 од Законот за радиодифузија.

Суштински, сите односи – персонални, деловни и политички – што влијаеа

врз формирањето на уредувачката политика кај овие медиуми останаа

сосема непроменети. Правото, се чини, надвладеја врз резонот на политиката;

но политиката однесе победа врз принципот на суштинската слобода

на медиумите, нормална за една модерна либерална демократија.

118 „Новите правила ги раздолжија медиумите“, Дневник, 30.07.2012

119 Допис бр. 4002/1 од 24.09.2012 г. од Љубисав Иванов – Ѕинго до претседателот

на Собранието на РМ Трајко Вељановски.

толкува новата сопственичка структура во Канал 77.

120 „Сродствата: внук од брат и тетка, односно сопруга на братот (снаа) и сестра на

121 „Гаврилов: Наместо правна – политичка одлука со надгласување“, ТВ Телма,

сопруг (золва) не се опфатени во ограничувањата кои се содржани во членот

Вести во 18:30, 01.10.2012

11 од ЗРД, во смисла на поврзани лица согласно членот 18 став 2 алинеја 1 од

ЗРД, во кој е децидно утврдено дека „членови на семејство се родители, деца,

122 „’Канал 77‘ си ја спаси дозволата“, Дневник, 06.10.2012

браќа и сестри, посвојувачи и посвоени деца“ – стои во стручното мислење

123 „Се проверуваат акционерите на ’Телма‘ и на ’Алфа‘“, Дневник, 03.10.2012

на Правната служба при СРД доставена до Советот по повод потребата да се

164 165

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!