28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ МЕДИУМСКИ СИСТЕМИ ВО СВЕТОТ

ската Унија што, само по себе, значеше не само увоз на илјадници страници

регулатива, прописи и закони од европскиот acquis communitaire, туку

и неизбежен „увоз“ на веќе постоечките различни западни медиумски теориски

модели и практики – за конечно да превладее т.н. „западноевропски

модел“ (кој не е ниту унисон, ниту нуди исти решенија за исти проблеми

во различни европски земји) како превладувачки модел во Европската

Унија. Бројни се и анализираните случаи (Јакубович и Шикозд, 2008) каде

со едноставно механичко преземање на „западните искуства“ и обидите

тие набрзина да се применат во комплексните посткомунистички контексти,

завршуваа со неуспех и разочарување.

Оттука, како „одговор“ на новите демократии на потребата за демократско

трансформирање на источно и централноевропските медиумски

системи, истражувањата на посткомунистичките медиумски искуства (Јакубович

и Шикозд, 2008) идентификуваат три генерални ориентации во

спроведените медиумски политики:

• „Идеалистичката“ ориентација – која е делумно резултат на романтизираните

идеали за демократијата во „подземните“ антикомунистички

движења и организации во земјите од советскиот блок, произлезена

од традицијата на „самиздатите“ и воодушевеноста од концептите

за „достапност“, „партиципативност“ и „општествено управување“

во западните медиуми – подразбираше воведување директна комуникативна

демократија како дел од промените во политичките и социјалните

односи во општеството, што дотогашните државни медиуми,

во налетот на силите на граѓанското општество, ќе ги претвори

во општествени јавни сервиси во интерес на демократијата. „Добрите

страни и, секако, историските постигања на ’идеалистичката‘ ориентација

во медиумската политика беше во потенцирањето на слободата

воопшто и слободата на говорот и печатот, посебно“ (Јакубович

и Шикозд, 2008:18), што ќе доведе до отпор кон цензурата и кон партизирањето

на демократизираните медиумски простори, како и промовирање

човекови права во општеството. Главниот проблем, пак, на

оваа ориентација е недостатокот од изградени институционализирани

облици коишто ефикасно би ја поддржале, со оглед на брзината на

антикомунистичкиот преврат.

• „Миметичката“ ориентација во медиумската политика претпоставуваше

брзо копирање на западните модели, со полна и брза либерализација

на медиумскиот пазар, но во рамките на западните претпоставки

за „општествената одговорност“ на медиумите и сфаќањето дека

новинарството ја има “watchdog” функцијата во однос на политиката.

Иако со многу доблести, оваа ориентација брзо ги покажа и своите

слабости, особено во судирот меѓу „прозападните“ и националистичките

(„патриотските“) сили во општеството, како и сознанието дека

за демократизирањето на медиумите не постои точен „рецепт“ според

кој треба да се изведуваат промените. Напротив, таа трансформација

е мачна, долга, „обоена“ со локални проблеми и исполнета со многу

разочарувања и пресврти, проследени со повремени горки разочарувања

во „западните модели“ и нивните застапници.

• „Атавистичката“ ориентација ги сумираше искуствата на посткомунизмот

не како победа на граѓанското општество против комунистичката

држава, туку како „окупација“ и „колонизација“ на партиите и

„партократијата“ врз граѓанските слободи и слободите на медиумите,

со истиот порив за воспоставување партиски „командни системи“

слични – само побројни, поради повеќето партии на сцената – на комунизмот.

Во оваа ориентација од новинарите се очекуваше поддршка

кон политиките на „власта“ во трансформација на општеството, како

и да се замислуваше и како и да се спроведуваше таа трансформација

од страна на моментните партии на власт. 9

Полека, но сигурно, откако „идеалистичката“ ориентација во фазата

на создавањето на новите уставни уредувања го покажа својот почетен

„краток здив“ во кој културните фактори (разните „тркалезни маси“, алтернативните

форуми и јавните интелектуални дебати на кои активистите

од разни сектори од општеството ги „остреа“ своите посткомунистички

вредносни концепти и идеи) беа посилни од структурните (институционалните)

фактори, трансформацијата на посткомунистичките медиумски

системи во Централна и Источна Европа преоѓаше на комбинација

меѓу „миметичката“ и „атавистичката“ ориентација во спроведуваните

медиумски политики. Во такви услови, нововоспоставените правни, политички

и економски структурни фактори (регулаторните тела, партизираната

држава, медиумскиот пазар, крупните западни инвеститори, како

силните телекомуникациски корпорации, и профитната ориентација на

комерцијализираните домашни медиуми) превладуваа над културните.

Нивните материјални, а со тоа и политички интереси беа немилосрдни,

бидејќи претставуваа еден процес на „клептоманска“ прераспределба на

моќта во општеството, со намера така стекнатата моќ да ја сочуваат и зголемат,

без оглед на демократските и пазарно-лојалните ограничувања. Како

и во другите сектори на посткомунистичките општества, така и во секторот

на медиумската индустрија се создадоа „тајкуни“ кои, комбинирајќи ја

својата економска и политичка моќ, често со крајно сомнителни мотиви, со

коруптивни методи и без водење сметка за пропишаните лимити на медиумската

концентрација, создадоа национални медиумски империи цврсто

вткаени во економско-политичките елити и нивните дубиозни интереси

во општеството. Демократијата, нејзините институции и правната држава

станаа само празно „пакување“ на несопирливите амбиции во овие, во

суштина, антидемократски тенденции.

9 „Путинизацијата“ на рускиот медиумски систем, со сите свои „силно-државни“,

ксенофобични, популистички и националистички дискурси, е добра илустрација

за ваквата медиумска ориентација.

30 31

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!