28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

МАПИРАЊЕ НА СОПСТВЕНИЧКИТЕ СТРУКТУРИ ВО МЕДИУМИТЕ: ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ

приближуваме кон ЕУ, но имплементацијата на тие реформи и општествената

реалност како таква дури и назадува. Сите ја идеализираат демократијата,

а како невротичари кажуваат дека единствено нивната вистина

е вистинската вистина, а сето друго е лага! Но, каде живее невротикот? Во

минатото. Тој постојано се занимава со изминатите нерешени конфликти.

Во Македонија има еден тежок и масовен невротичен синдром, кој е канализиран

и низ политиката и медиумите“.

Развојот и трендовите на ставовите на јавноста биле предмет на многубројни

и релативно редовни истражувања од страна на неколку квалификувани

институти за следење на движењата во сферата на јавното мислење

во Република Македонија.

За потребите на овој проект – во однос на развојот на сфаќањето на слободата

на говорот и важноста на слободата на печатот во развојот на македонската

демократија – ќе се осврнеме само на некои од наодите на теренското

истражување „Демократската свест на граѓаните на Република Македонија“,

спроведено врз репрезентативен примерок од 1.600 испитаници

од страна на Институтот за социолошки анализи од Скопје 46 , што се надоврзува

на повеќе од еднодецениското следење на трендовите во јавноста во

оваа област. Во истражувањето, меѓу другото, се третираат индикаторите

на авторитарната свест во македонската јавност, коишто можат да се следат

во изминатите 13 години. Овдека, поради просторните ограничувања,

нема да се занимаваме со подеталните демографски и други корелации во

одговорите и структурата на испитаниците, бидејќи и кумулативните резултати

се доволно илустративни за третираната материја.

Така, на прашањето „Кој е за вас најголем авторитет?“, дистрибуцијата

на ставовите кај испитаниците е како што следува:

Авторитет 1999 2009 2011

Претседател, Премиер 27% 19% 18%

Министерот од мојот ресор 1% 2% 2%

Мојот шеф, директорот 2% 7% 7%

Моите професори 2% 3% 3%

Лидерот на мојата партија 7% 4% 5%

Поглаварот на мојата верска заедница 4% 1% 1%

Господ, Алах 28% 42% 41%

Не верувам во авторитети 29% 22% 24%

46 Ова истражување е правено по нарачка на невладината организација Совет

за глобална соработка од Скопје, а резултатите се презентирани на Тркалезна

маса организирана на 1 февруари 2012 г. во Скопје.

Запрашани Дали се согласувате со ставот: „Преголемата демократија

е штетна?“, запрепастувачки висок и релативно стабилен е процентот на

испитаниците кои се согласуваат со овој став во изминатите 13 години:

1999 2009 2011

ДА 56% 51% 49%

НЕ 43% 49% 51%

Голем е процентот и на испитаниците кои мислат дека „Државата треба

да ја води само еден, авторитетен човек“:

1999 2009 2011

ДА 83% 68% 64%

НЕ 17% 32% 36%

Слична е дистрибуцијата на ставовите на испитаниците запрашани

дали се согласуваат со ставот: „Послушноста е најважна особина“:

1999 2009 2011

ДА 63% 52% 57%

НЕ 36% 48% 42%

Од друга страна, ставовите во јавноста во однос на јавната критика покажуваат

пониски авторитарни вредности. Така, на прашањата Дали се

согласувате со ставот: „На оние кои го критикуваат Уставот треба да им

се изрече казна“? и на прашањето Дали се согласувате со ставот: „Критикувањето

на политичарите треба да биде забрането“?, добиени се следните

резултати:

Казна за критика на

Уставот

1999 2009 2011

ДА 20% 23% 21%

НЕ 80% 77% 79%

Казна за критика на

политичар

1999 2009 2011

ДА 5% 14% 7%

НЕ 95% 86% 93%

Интересно е што, од 2009 до 2011 г., кога ваквата практика беше секојдневно

применувана од владејачката структура во Македонија, се зголемил

процентот на оние кои не се согласуваат со ставот дека „Апсењата

на јавни личности треба да се одвиваат пред камери“: во 2009 г. против

тоа биле 57% од испитаниците, а две години потоа, во 2011-та, процентот

пораснал на 63%.

86 87

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!