28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ МЕДИУМСКИ СИСТЕМИ ВО СВЕТОТ

те со кои се определува нивото на инструментализацијата на медиумите

за унапредување на интересите на власта или, напротив, како механизам

(„четврта власт“) за нејзина проверка, а во интерес на слободната јавност.

„Печатот се сфаќа како партнер во потрага по вистината“ (Зиберт, Петерсон,

Шрам, 1956:5), велат авторите на овие теории. Во таков контекст, Советите

го обвинуваа Западот за неслобода на печатот, бидејќи медиумите се

контролирани од бизнисот; а западните демократии го обвинуваат марксистичкиот

модел како неслободен, бидејќи медиумите се контролирани

од идеологијата, преку комунистичката номенклатура.

Сепак, во вака дијаметрално спротивните толкувања на вредностите

на медиумските системи – засилени и од воено-политичката конфронтација

во периодот на Студената војна – во суштината на спорот, всушност,

не се само медиумите и нивниот однос со власта, туку разбирањето на способноста

на „публиката“ (јавноста) да се носи со информациите пласирани

преку медиумите:

„За публиката на нашиот (западниот – н.з.) печат мислиме дека

се рационални луѓе, способни да одберат меѓу вистината и измамата;

Советите сметаат дека на нивната публика ў е потребно внимателно

водење од чувари, па, заради постигнување на таквата цел

советската држава поставува најкомплексно обезбедување од противничките

информации. Ние вложуваме голем напор за да овозможиме

натпревар меѓу информациите и идеите. Тие вложуваат голем

напор за да овозможат низ советските канали да течат само

оние информации што за тоа се и одредени. Ние велиме дека нивниот

печат не е слободен; тие велат дека нашиот печат не е одговорен“,

заклучуваат авторите на „Четирите теории за печатот“ (Зиберт,

Петерсон, Шрам, 1956:8).

По објавувањето на оваа компаративна студија за типологизацијата

на медиумските системи низ вековите – која во своите теориски апстракции

и конкретизации, разбирливо, нема да ги опфати сите аспекти на деликатните

односи меѓу медиумите, власта и јавноста, а особено во однос на

развојот на радиодифузните системи – таа ќе изврши големо влијание врз

модерните теории за односите на медиумите и власта во општествениот

контекст. Таа дебата особено ќе се збогати по распадот на комунизмот, по

појавата на јавните (главно, европски) радиодифузери и „јавниот интерес“

што тие треба да го промовираат, но и по феноменот на глобализацијата

на масовните медиуми што ќе ја засили меѓузависноста на општествените

промени на сите меридијани во светот. Исто така, со оглед на тоа што четирите

теориски модели на Зиберт, Петерсон и Шрам во центарот на својата

анализа го имаат општеството и неговите колективни потреби, тежиштето

на натамошните истражувања ќе се помести и кон индивидуалните

права на граѓаните и сложените односи меѓу пазарните механизми и консумеризмот

на западните општества 7 .

Во средината на седумдесеттите години од минатиот век, во рамките

на своите истражувања за односите помеѓу државата и масовните медиуми,

Џеј Г. Блумлер (Jay G. Blumler) и Мајкл Гуревич (Michael Gurevitch) ќе

предложат еден сеопфатен модел, рамка со четири елементи со чијашто споредба

и изучување може подобро да се сфатат последиците што тие односи

ги имаат и врз општеството и врз медиумите: прво, степенот на државната

контрола врз мас-медиумите; второ, степенот на партизираноста на

медиумите; трето, нивото на интеракција и интеграција меѓу медиумите и

политичката елита; и, четврто, природата на легитимирачките убедувања/

принципи на медиумските институции. (Блумлер, Гуревич, 1975:165-193)

Сепак, додека политичката наука грабеше напред во втората половина

од минатиот век и ги истражуваше и компарираше искуствата и моделите

од различни страни на светот, ќе поминат цели педесет години по објавувањето

на „Четирите теории на печатот“ за да се направи нова, методолошки

издржана и посеопфатна компаративна студија за состојбите со медиумските

системи во светот.

Современата споредба на медиумските системи

Чекорот понатаму – и подалеку од нормативниот, во контекстот на биполарниот

свет од Студената војна, пристап на четирите теории за печатот,

иако базирано врз таквата идеална типологизација – ќе го направат

веќе спомнатите Даниел Халин (Daniel C. Hallin) и Паоло Манчини (Paolo

Mancini) кои во 2004 г. во својата книга „Споредбени медиумски системи

– Три модели на медиуми и политика“ (“Comparing Media Systems – Three

Models of Media and Politics”) ќе изнесат нов пристап во типологизацијата

на медиумските системи, со една посеопфатна и систематска компаративна

анализа на медиумските состојби во осумнаесет модерни западни демократии.

Нивната појдовна точка е дека медиумските системи и политичките

системи не се изолирани и автохтони, туку дека се меѓусебно интерферирани

и дека и едните и другите влијаат врз сопствените внатрешни промени

и еволуции. Затоа, своите компаративни истражувања ќе ги насочат во

испитувањето на четири клучни димензии на таа медиумско-политичка

интерференција: 1) развојот на пазарот на печатот и на другите медиуми

во текот на политичката историја на истражуваните држави, со акцент на

7 Во овој контекст, неопходно е да се одбележи појавата на книгата „Структурната

трансформација на јавната сфера“ (“The Structural Transformation of the

Public Sphere”) од германскиот филозоф Јирген Хабермас (Jürgen Habermas) во

1962 г. – а особено по нејзиниот превод на англиски јазик во 1989 г. – која ќе го

образложи концептот на јавната сфера и улогата на медиумите во арената на

политичкиот живот во општеството.

22 23

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!