28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ МЕДИУМСКИ СИСТЕМИ ВО СВЕТОТ

претседател на Универзитетот во Чикаго, Роберт Хачинс (Robert Hutchins).

Комисијата својот извештај од петгодишната работа ќе го објави во 1947 г.

Мандатот на оваа комисија, позната и како „Хачинсова комисија“, бил „да

ги истражи областите и околностите во кои печатот во Соединетите Држави

успева или потфрла; да открие каде слободното изразување е или не

е ограничено, дали од страна на владината цензура, пристисокот од читателите

или рекламерите или од страна на немудроста на своите сопственици

или од ограничувањата од својот менаџмент“ (Бланшард, 1977:5-6).

Oваа Комисија – иако нејзиниот конечен Извештај беше проследен со

бројни контроверзни реакции – остави длабока трага врз организацијата,

пазарот, односот кон власта и јавноста во американското новинарство, а

со тоа и врз функционирањето на англосаксонскиот, како и на севкупниот

западен медиумски свет по Втората светска војна. Комисијата ја етаблира

теоријата за општествената одговорност на медиумите и за елементарните

стандарди во новинарската професија. Како резултат на Извештајот,

во САД беше создаден првиот Национален информативен совет (National

News Council), беа направени реформи во образовниот систем за изучување

на новинарската професија, на разни универзитети се формираа катедри

и академски курикулуми од областа на комуникациските науки, се

воведоа облици на саморегулација на печатот итн. Во годините што следуваа

се формираа разни тела кои се занимаваа со третманот на насилството,

порнографијата, заштитата на децата и други специфични аспекти од

влијанието на медиумите врз општеството. Бројни владини и невладини

организации, меѓународни и национални – меѓу кои и Меѓународниот институт

за печат (International Press Institute), основан во 1951 г. со седиште

во Цирих – ќе го пополнат општествениот простор за проучување и следење

на состојбите во и со медиумите, а по неколку децении академски и

професионални дебати, Генералното собрание на ОН во 1993 г. ќе го прогласи

3-ти мај за Светски ден за слободата на печатот.

Работата на Комисијата за слободата на печатот за последица имаше

и две значајни теориски дистинкции врзани за односот на државата кон

слободата на печатот. Првата, дека општествената одговорност на медиумите

треба да се постигне со самоконтрола и саморегулација, а не со државна

интервенција во сферата на медиумите. Комисијата заговараше еден

проактивен став на властите, односно дека „владата не смее само да ја дозволува

слободата“ туку дека треба „активно да ја промовира“ и „кога е потребно,

затоа, владата треба да реагира за да ја заштити слободата на своите

граѓани“ 6 не со ограничувања, туку со проширувања на тие слободи.

Исто така, концептот на општествената одговорност подразбираше дека

на сопственоста врз медиумите се гледа како на еден вид јавна заложба за

поголемо водење сметка за аспектите на слободата на медиумот (како нео-

6 Овие ставови Зиберт, Петерсон и Шрам јасно ќе ги формулираат во своите

„Четири теории за печатот“ објавени во средината на педесеттите.

туѓиво право на јавноста), отколку, првенствено, како на деловен ентитет

за остварување профит на медиумскиот пазар. Моќта што е концентрирана

во рацете на мал број луѓе да влијаат врз јавноста „со себе ја носи одговорноста

(таа моќ – н.з.) да се практикува со голема претпазливост и почитување

на другите“ (МекКвеил, 2005:172). Тоа ја носи обврската информативните

медиуми да водат сметка за вистинитоста, точноста, објективноста

и релевантноста на содржините што ги пласираат.

Четирите теории за печатот

Како директна последица на Хачинсоновата комисија и прегнантната

дебата што ќе го предизвика нејзиниот извештај за односите меѓу печатот

и општеството, во 1956 г. ќе се појави мошне влијателната теорија за поделба

на четири типологизирани медиумски системи од перото на американските

автори Фред С. Зиберт (Fred S. Siebert), Теодор Петерсон (Theodore

Peterson) и Вилбур Шрам (Wilbur Schramm) – преведена и на македонски јазик

во 1994 г. – којашто по своето објавување доживеа разни дополнувања,

варијации и локализирања, во зависност од специфичните состојби во одредени

периоди и општества. Оваа типологизација се потпираше врз премисата

дека „печатот секогаш добива облик и колорит на општественото и

политичкото уредување во кое делува“, особено одразувајќи го „системот

на општествена контрола, на кој се прилагодуваат односите меѓу поединците

и институциите“ (Зиберт, Петерсон, Шрам, 1956:3).

Оваа теорија развива четири идеални видови медиумски (пред сё, печатени)

системи: авторитарни, слободарски, општествено одговорни и,

како посебна теорија, го разгледува искуството на советскиот комунистички

модел. Самите автори признаваат дека, историски погледнато, советската

комунистичка теорија е само разработка на авторитарниот модел,

а општествено-одговорниот модел е модификација на слободарската теорија,

но и дека ниту една од четирите теории во стварноста не се појавува

во својата идеална, прочистена форма, туку дека интеракциите и меѓусебните

влијанија се присутни и на ниво на меѓудржавните медиумски системи

и на ниво на самите медиуми. Тие теории ги разработуваат односите

меѓу медиумите и власта во одредени историски периоди (авторитарната

од Платон до Макијавели; слободарската втемелена во Просветителството;

а онаа за општествената одговорност и за советската комунистичка

теорија, практично, во последните два-три века, до средината на минатиот)

и политиките што се развивале во сите области на медиумското делување

како резултат на тие односи. Развојот на политичката демократија и

религиозните слободи, растењето на свеста за граѓанското општество, работничките

права, механизмите на планскиот и либералниот пазар, но и

филозофијата и технологијата се дел од теориските опсервации на автори-

20 21

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!