28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

ДОДАТОЦИ

Распоредот на користење на годишниот одмор го утврдува Работодавецот.

Член 9

Одморот во текот на работата се организира на начин што ќе обезбеди

ефикасно извршување на работните задачи и потреби.

Член 10

Работникот има право на отсуство од работа со надомест на плата и

други права од работниот однос, во случаите и под условите утврдени согласно

Законот.

Одлуката за отсуство од работа од став 1 на овој член ја донесува Работодавецот

или друг Работник кого тој ќе го овласти.

За боледување до 15 дена Работникот носи потврда од матичен лекар и

за боледување над 15 дена потребна е потврда од лекарска комисија.

6. ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ПРИ РАБОТА

Член 11

Работодавецот е должен да го запознае Работникот со сите опасности

на работа и со правата и обврските во врска со заштитата при работата и

условите за работа, а Работникот е должен да се придржува кон мерките

за заштита при работа и работите на работното место да ги врши со внимание

заради обезбедување на својот живот и здравје, како и на животот

и здравјето на другите работници и граѓаните.

Член 12

Работодавецот е должен веднаш да превземе мерки за отстранување

на непосредната опасност за животот, односно за здравјето на Работникот.

Во спротивно, Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува

непосредна опасност по животот или здравјето, поради тоа што не

се спроведени пропишаните мерки за заштита при работа.

7. МАТЕРИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ

Член 13

Согласно член 159 од ЗРО во случај на претрпена штета на работа или

во врска со работата причинета без вина на Работникот, тој има право на

надомест на штета од страна на Работодавецот според општите начела за

одговорност за штета.

Во спротивно Работникот има право да бара надомест на штета пред

надлежен суд.

Член 14

Работникот е должен да го чува имотот, кој му е доверен или кој го користи

при работа, како и грижливо да постапува со материјалите, сировините,

енергијата, паричните средства и други средства за работа, кои се

набавени од Работодавецот.

Работникот кој по своја вина, намерно или од тешка небрежност, ќе

предизвика штета на Работодавецот во работата, односно во врска со работата,

должен е да ја надомести.

8. ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА

Член 15

Работодавецот е должен да му плаќа на Работникот плата утврдена согласно

со Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување,

Правилникот за начинот на пресметка и уплата на придонесите од задолжително

социјално осигурување, колективен договор и договорот за вработување.

Со овој Договор на работникот му се утврдува бруто плата во износ

од ________ денари.

Работодавецот е должен горенаведениот износ да го исплати на сметка

одредена од страна на Работникот.

Платата се пресметува и исплатува во паричен износ најмалку еднаш

месечно, најдоцна до десеттиот ден од наредниот месец.

Член 16

Работодавецот ги признава трошоците на Работникот направени исклучиво

во интерес и за целите на Друштвото, вклучувајќи ги и трошоците

за потребите во врска со претставувањето, преку давање на неопходни

сметководствени документи, соодветно на внатрешните правила на

Друштвото.

Другите трошоци на Работникот, поврзани со службени патувања за

исполнување на дадени задачи, се признаваат соодветно на внатрешните

правила, респектирајќи ги законските одредби.

Член 17

Работодавецот е должен да води евиденција на платите, надоместоците

и на исплатените придонеси од плата.

280 281

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!