28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

нови едногодишни мандати доаѓаат претставниците од другите две телевизии.

Групацијата, во принцип, е отворена за придружување и на други

електронски медиуми во државата.

По своето формирање, во 2010 и 2011 г., Групацијата својата работа

главно ја концентрираше на процесот на дигитализација во Македонија и

на условите и правата за пренос на програмите на националните телевизиски

концесионери кај кабелските и интернет операторите во Македонија.

Тоа резултираше со низа состаноци меѓу претставниците на Групацијата

и Телком Словенија (односно нејзиниот носител на DBV-T правата за територијата

на Република Македонија, ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА ДО-

ОЕЛ и BOOM ТВ), Македонски телеком (односно неговата интернет платформа

за телевизиски пренос Мах-ТВ), кабелскиот оператор „КејблТел“ и

други. Во неколку наврати, Групацијата отворено се конфронтираше со

начинот на кој СРД го водеше процесот за дигитализација во Македонија,

а нејзините членки (заедно со ТВ А1) поднесоа тужба за поништување на

Одлуката на СРД за објавување конкурс за доделување дозволи за вршење

на радиодифузна дејност (телевизија) на регионално ниво од јуни 2010 г. –

оваа тужбена иницијатива Управниот суд ќе ја отфрли во корист на СРД

во јули истата година.

Во 2011 и 2012 г. Групацијата се занимаваше и со процесот на регулирање

на авторските права на медиумскиот пазар во Македонија и односите

со здруженијата кои ги застапуваат финансиските интереси на авторите-изведувачи.

Работата на Групацијата, па дури и самото нејзино постоење, наиде на

реакции во телевизиската фела и професионалната јавност во Македонија.

Уште од самиот почеток, Советот за радиодифузија во Групацијата препозна

пречка за спроведување на својата замисла за процесот на дигитализација

на радиодифузијата во државата. ТВ А1 јавно ја нападна Групацијата

како здружување против пазарните интереси на оваа телевизија и како

обид на власта за политички притисок врз А1. Словенечкиот телеком, пак,

преку својата фирма ДИГИ ПЛУС МЕДИА ДООЕЛ Скопје, на 25.05.2010 г.

достави барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата 193 за поведување

постапка против телевизиите кои ја сочинуваа Групацијата за утврдување

дали тие незаконски се здружиле за ограничување на конкуренцијата

и злоупотреба на доминантна положба на релевантниот пазар во Република

Македонија. Претседателот на Комисијата на 14.07.2010 г. донесе Заклучок

194 со кој отвори постапка за „прибавување на дополнителни податоци

со цел да се утврди дали постојат услови за поведување постапка“, но по состаноците

со претставници на Групацијата и прибавувањето на неопход-

ната документација доставена од страна на Групацијата, Комисијата никогаш

не започна официјална постапка против членките на Групацијата.

Асоцијација на печатени медиуми (АПМ)

За разлика од електронските медиуми, еснафското организирање на печатените

медиуми во Македонија имаше еден обид, во 2000 г., преку етаблирањето

на Асоцијацијата на печатените медиуми (АПМ) 195 во Македонија.

Како основачи се јавија 16 медиуми, речиси сите приватни изданија

од тоа време во државата.

Активностите на АПМ финансиски ги поддржуваше Меѓународниот

фонд за медиуми (IMF) во Македонија, координиран и администриран од

страна на Соросовата Фондација која, покрај сопствените фондови, вклучуваше

и средства од Норвешката народна помош, американската IREX

ProMedia и Меѓународната организација за миграција (IOM). Од самиот

почеток, АПМ стана членка на Светската асоцијација на весници (World

Association of Newspapers – WAN), од каде добиваше голема поддршка и

стручна помош за своето работење, а беше вклучена и во некои од глобалните

проекти на оваа меѓународна асоцијација. Подоцна, вториот претседател

на АПМ, Јохан Елзесер, стана и член на 15-члениот меѓународен управен

одбор на WAN, што претставуваше едно признание на македонските,

од страна на нивните колеги од светот.

За прв претседател на АПМ беше избран Ристо Поповски, сопственикот

на приватната информативна агенција Макфакс (според стандардите

на WAN, новинските агенции се дел од печатените медиуми), токму затоа

што тој не беше сопственик на печатен медиум, а одржуваше соработка со

сите, што беше одредена гаранција за негова непристрасност во водењето

на работите на Асоцијацијата. Поповски остана на чело на АПМ четири

години, во два последователни двегодишни мандати.

Основната цел на здружувањето во АПМ беше приватната сопственост

во печатените медиуми, во тоа време во еден деловен налет, да добие

свој артикулиран колективен претставник кој ќе влијае врз медиумската

регулација во земјата и, генерално, врз подобрувањето на општествениот

третман на комерцијалниот печат, наспроти позициите коишто цврсто ги

држеа медиумите во „општествена“ сопственост, олицетворени во конгломератот

на НИП „Нова Македонија“. Со агилноста на управните структури

на АПМ, Асоцијацијата во првите години од своето постоење се концентрира

на повеќе активности:

• Обезбедување бенефиции и олеснувања за комерцијалниот печат, по

угледот на некои европски стандарди, за помали даночни стапки (што

193 Барање за поведување постапка со предлог за издавање на привремена мерка

195 Првично, Асоцијацијата е регистрирана како Асоцијација на печатени медиуми

поднесено од Друштво за телекомуникациски услуги ДИГИ ПЛУС МУЛТИ-

и новински агенции на Македонија (АПМНАМ), а подоцна, откако е договорено

во неа да можат да членуваат само приватни медиуми, името е скратено

МЕДИА ДООЕЛ Скопје од 25.05.2010 г.

во Асоцијација на печатени медиуми (АПМ).

194 Заклучок бр. 08-11 од 14.07.2010 г. на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

214 215

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!