28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

МАПИРАЊЕ НА СОПСТВЕНИЧКИТЕ СТРУКТУРИ ВО МЕДИУМИТЕ: ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ

усвитување во текот на 2009 и 2010 г. Колку што со својата уредувачка политика

во претходните две години ја поддржуваше владата на Груевски

(на премиерот во тој период воопшто не му пречеа законските околности

на деловните и медиумските практики на „газда Велија“), уште пожестоко

Рамковски се сврти против власта во наредните две години. ТВ А1 беше

клучниот медиумски фактор во објавувањето на низа политички афери,

корупциски скандали и критики за погрешните политики на Владата и на

владејачката филозофија на Груевски.

За дел од причините за разидувањето на Рамковски и Груевски – покрај

спротивставувањата на Велија за тоа како се трошат државните пари наменети

за субвенционирање на земјоделието – илустративно сведочи Бранко

Героски, главниот уредник на Шпиц и еден од најблиските политички

советници на Рамковски, во својот ретроспективен напис „Велија го изгради

култот на Груевски, а овој му врати со зандани и со уништување на

семејството Рамковски!“, објавен во неделникот Фокус: „Во почетокот на

2009 година, кога Груевски тргна со своите кампањи за антиквизација, се

случи еден филмски настан. Рамковски свика ручек во ресторанот ’Ања‘,

своевиден самит на сите свои уредници, на кој присуствуваа евроамбасадорот

Ерван Фуере, францускиот амбасадор Бернар Валеро и вицепремиерот

Ивица Боцевски. ... Велија одржа еден маестрален говор, во кој обзнани

тотален пресврт на својата политика – рече дека од сега ќе се залага

за НАТО и за ЕУ, дека не ја одобрува изолационистичката политика и реторика

на Груевски, дека ќе се залага за компромис за името и слично. Се

сеќавам добро, Боцевски стана како попарен, недојаден и си замина, за да

го извести шефот за новината“. 49

Треба да се има предвид дека, пред радикалниот политички пресврт

на Рамковски во насока на поддршка на евроатлантските перспективи на

Македонија, тој еден период примал смртни закани поради критиките за

владеењето на Груевски што почнаа да се појавуваат низ неговите медиуми.

Според искажувањата на блиски соработници на Рамковски, таквите

закани тој ги пријавил директно кај министерката за внатрешни работи

Гордана Јанкуловска, по што заканите престанале. Тоа му дало повод на

Рамковски темелно да се замисли за тоа кој, всушност, стоел зад заканите,

што ќе го зацврсти во неговата решеност да продолжи по патот на конфронтација

со владејачката структура во Македонија.

Политичката одлука на Груевски за уништување на медиумското „царство“

на Рамковски веројатно дефинитивно е донесена кон средината на

2010 г., а нејзината егзекуција започнува со упадот на бројни полициски

сили и инспекциски органи во просториите во кои беа сместени фирмите

и медиумите на Велија Рамковски, на ул. „Перо Наков“ б.б. во Скопје,

на 26.11.2010 г. На почетокот, власта тврдеше дека целта на инспекциите не

49 Неделник Фокус, 24.02.2012

се медиумите на Рамковски, туку други производствени и трговски фирми

сместени на адресата каде што се наоѓаат и медиумите 50 . Но, секому му

беше јасно дека целата операција се води заради медиумите и дека е само

прашање на време кога и тие ќе станат цел на истрагата. Таа државна „инвазија“

се претвори во општествено-политичка и медиумска драма откако

уредништвото на А1 одлучи да ги отвори своите студија и да прави пренос

„во живо“ од полициско-инспекторската блокада врз објектите на телевизијата.

Стотици граѓани и припадници на опозицијата дојдоа пред зградата

на телевизијата, за да ја изразат својата поддршка кон медиумите на

Рамковски. Власта, како засилување на големиот полициски контингент,

на местото на настанот испрати и специјални антитеористички единици.

За општествено-политичкиот „земјотрес“ во врска со случувањата на

„Перо Наков“ б.б. говори и медиумското внимание што го предизвика акцијата

на државата: само во првата недела по настаните (25.11.-02.12.) во

главните електронски и печатени медиуми во државата се дистрибуираа

над 300 новинарски прилози (две третини низ електронските и една третина

низ печатените медиуми) во форма на исвестувања, анализи, интервјуа,

статии, коментари итн. (НВО Инфоцентар, 2010:5) Позициите во медиумите

беа остро спротивставени помеѓу моќната државна информативно-пропагандна

машинерија и нејзе блиските медиуми, наспроти опозиционо

расположениот дел од јавноста, пред сё артикулиран низ медиумите

на Рамковски. 51 Просторот за изложување неутрални мислења речиси

и да не постоеше.

Потоа ситуацијата ескалира со одлуката на власта да го упаси самиот

Велија Рамковски, кој на 23.12.2010 г. е приведен пред влезната врата на ТВ

А1. Следуваа полициски рации и апсења на десетици негови соработници

и роднини. „Диктатура на дело! Ова е демократијата на Груевски!“, извика

Рамковски со лисици на рацете пред насобраните камери при неговото

спроведување на 24.12.2010 г. на распит на главниот влез во Скопскиот

суд, каде беше задржан цели 9 часа.

Паралелно со ескалацијата на настаните, ескалираше и речникот во

медиумите кои ја поддржуваа акцијата на власта, предводени од ТВ Сител

и ТВ Канал 5. Во нив Рамковски беше жаргонски и пејоративно именуван

како „лисец“, „фараон“, „фармер во политиката“, „самобендисан“, „пиљар“,

50 „Наредбите издадени од истражниот судија од Основниот суд Скопје 1 – Скоп је

се однесуваат на претрес не само на просториите на фирмите, туку и на други

помошни простории во објектот. Овие наредби се однесуваат на други правни

лица, а не на А1 телевизија“, објаснуваше во провладините медиуми Иво Котевски,

помошник-министер за односи со јавност при МВР (ТВ Сител, 01.12.2010)

51 Во оваа смисла, дури и премиерот Груевски активно ќе се вклучи во поделбата

на јавноста со својот повик до народот, изречен на 15 јуни 2010 г. од говорницата

за време на прославата на 20-годишнината од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ,

„со голема резерва и потреба од проверка да гледаат на сите информации кои

доаѓаат од ваквите медиуми“ (во својот говор алудирајќи на ТВ А1 и Утрински

весник).

90 91

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!