28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

МАПИРАЊЕ НА СОПСТВЕНИЧКИТЕ СТРУКТУРИ ВО МЕДИУМИТЕ: ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ

Собранието, донекаде, беше претставнички дом избиран по демократски

пат и место каде се вкрстуваа различните политички позиции. Владата

и правосудниот систем беа во конфузија. Владата, од една страна, политички

„гаснеше пожари“, концентрирана да создаде услови балканскиот

воен пожар да не ја зафати и Македонија; а, од друга, со крајни напори се

трудеше да обезбеди елементарни услови за функционирање на примарните

општествени дејности како здравството, образованието, социјалната

заштита, јавната безбедност и сл. Поради недовршената регулатива, во рацете

на Владата беа собрани огромен број надлежности. Таа немаше време

да се занимава со реформа на она што го претставуваа, како наследство од

комунизмот, јавните медиумски сервиси – тие функционираа според некаква

инерција, со државна финансиска поддршка и во зависност од свеста

и професионализмот на затечените луѓе во нив. Дополнително, мора да

се земе предвид фактот дека во Македонија градењето и почитувањето на

државните и демократските институции (партиите, администрацијата,

судството, извршната власт итн.) сё уште не е осознаен политички и општествен

приоритет.

Подоцна ќе се види дека и во медиумите немаше јасна слика или иницијатива

за трансформација. Во еден-два наврата владата избрана во 1994

г. направи обид за започнување на реформи во Македонската радио-телевизија,

но политикантскиот однос кон јавниот радиодифузен сервис на таа

и на неколку последователни влади ја доведоа МРТВ на работ од банкрот,

како финансиски, така и програмски. Истовремено, во периодот 1990-1992

г., МРТВ беше главна медиумска цел на милитантните делови на националистичките

групации. Тие го идентификуваа јавниот радиодифузен сервис

како „информативно легло“ на остатоците од комунистичкиот режим.

Со слични обвинувања се соочи и новинско-издавачката куќа „Нова Македонија“

којашто до првата половина на деведесеттите беше доминантниот

издавач на дневни весници и на еден политички неделник во државата.

Сепак, поголемиот дел од јавноста не ги поддржа ваквите дисквалификации

и обидите за разнебитување на овие медиуми. Преовлада демократскиот

дух во јавноста, без разлика на нејзината политичка хетерогеност.

Таквиот исход донесе поткопување на кредибилитетот на националистичките

опции во македонската политика и поттик за полибералните

и демократските струи. Со тоа дојде и свеста дека медиумите играат исклучително

важна улога во демократското општество. Се реафирмираше познатата

вистина дека изборите се добиваат „преку стомаците, но уште повеќе

и преку очите и ушите на гласачите“. Митот за „црвениот телефон“ со

директна „жешка линија“ меѓу медиумите и највисоките кругови на власта

повторно ги „загреа“ душите и на посткомунистичките политички елити.

Од ваквиот развој на настаните произлезе уште еден проблем: и самите

медиуми, односно нивните раководства, сфатија дека можат да се промовираат

во политички фактор кому општествената одговорност и јавниот

интерес не мора секогаш да му е на прво место. Следуваа обиди јавните

медиуми да станат партнери со одредени политички струи, па и со цели

партии. Така, наместо да ја споделат судбината на својот пазарен успех и

поддршката во јавноста, тие ќе ја споделат судбината на кревањата и падовите

на различните актери на турбулентната политичка сцена. Со тоа ќе

се етаблира нивната долгогодишна улога тие да бидат сервис на политиката,

наместо на јавноста.

„Мислам дека медиумската политика што во деведесеттите години ја

оценуваа како либерална – вели д-р Љубомир Јакимовски 34 , првиот претседател

(1997-2003) на Советот за радиодифузија на Република Македонија,

директор на МТВ (1982-1985) и генерален директор на МРТВ (1985-1989) –

оневозможи да се создаде конкурентно способен, програмски разновиден

и општествено одговорен медиумски систем во Македонија. Ако во раните

деведесетти, веднаш по донесувањето на клучните закони за самостојноста

на државата, се донесеше и нов закон за радиодифузија, ќе се создадеа медиуми

во коишто, прво, професионалците ќе можеа да учествуваат поактивно,

а некаде и како основачи на медиуми. Наместо тоа, во еден период

се појавија голем број луѓе кои имаа пари и не знаеја што да прават со нив,

па наместо новинарите да дојдат во позиција да основаат медиуми, се случи

обратното. Државата се доведе во позиција да го санкционира она што

самата држава дозволи стихијно да настане. Економската самоодржливост

на медиумите никој не ја гледа како важно прашање на демократијата: добивме

медиуми кои не се економски самоодржливи, па станаа постојано

политички, финансиски и корпоративно зависни. Нашите медиуми се во

една постојана позиција на клиентелизам, во постојана потрага по ’вистинскиот‘

газда, па и кога тој ’вистински‘ газда ќе се смени, се бара нов добар

газда!“, заклучува д-р Јакимовски.

Ѓорѓи Кимов, кој е еден од истражувачите на македонското јавно мислење

со најдолг стаж во државата и директор на БРИМА Галуп во Македонија,

вака ја оценува 35 медиумската состојба во првата деценија на македонскиот

посткомунистички демократски развој: „Во текот на 90-тите години

се наметна потребата од диференцирање на јавниот од приватниот

медиумски сектор. Се основаа толку голем број комерцијални медиуми,

иако тие не претставуваа одраз на политичката слобода, туку потреба да

се изживеат потиснатите политички фрустрации. Партиите не пропуштаа

да дадат поддршка во формирањето и позиционирањето на таквите медиуми.

Ако направиме анализа на медиумската содржина, острата медиумска

поделба околу државните стратегиски прашања се јавува како константа

во работата на медиумите. Сериозните анализи покажуваат дека свеста се

сатурираше на, од една страна, една граѓанска опција во зародиш (околу

34 Интервју со д-р Љубомир Јакимовски за потребите на оваа студија.

35 Интервју со Ѓорѓи Кимов за потребите на оваа студија.

74 75

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!