28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ТВ Сител

Таткото на Горан Ивановски, сопственикот на ТВ Сител (кој преку

фирмата „Монтеко“ во 2003 г. стана 100% сопственик на телевизијата), е

Љубисав Иванов-Ѕинго (1936). Иванов постариот е член на Собранието на

Република Македонија од 1990 г. и, сё до неговата оставка на пратеничката

функција во септември 2012 г., е пратеник со најдолг стаж во македонската

политика што датира од времето на социјализмот. По професија рударски

инженер, Иванов е водечка личност во Социјалистичката партија на

Македонија (СПМ) уште од нејзиното основање во јули 1990 г., како продолжение

на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ од времето на социјализмот.

На чело на партијата застана во 1996 г., по смртта на нејзиниот

дотогашен претседател Киро Поповски. Под раководството на Иванов-

Ѕинго, СПМ ја продолжи својата социјалистичка ориентација, залагајќи се

за поголема економска соработка на Балканот. Во политиката, Иванов остана

запаметен по континуираната медиумска и политичка поддршка за

српскиот режим на Слободан Милошевиќ и спроведувањето на неговата

политика на Балканот. Иванов е претседател на Комитетот на Собранието

на РМ за економски прашања и претседавач на парламентарната група за

соработка со Руската Федерација. СПМ во последните 22 години е постојано

присутна во Собранието на Македонија со 1-3 пратеници. Бил претседател

на Стопанската комора на Македонија и претседател на Управниот

одбор на најголемата банка во државата, „Стопанска банка“.

Иако во својата политичка платформа СПМ потенцира дека „силно се

потпира врз интересите на граѓаните кои се определиле за левата опција“,

во изминатите 22 години, СПМ е коалициски партнер речиси во сите леви

и десни влади во државата. Од 1992-1998 коалицира со СДСМ, во 2003 г.

коалицира со Демократската алтернатива, а од 2006 г. е во коалиција со

ВМРО-ДПМНЕ. Во секоја македонска влада во којашто учествувала СПМ,

партијата добивала по едно министерско и едно заменик-министерско

место, неретко поврзани со бизнис интересите на Љубисав Иванов-Ѕинго

(како што е тоа случај во сегашната Влада, со министерското место во

областа на земјоделието). Исто така, вреди да се спомене дека на ниво на

локалната самоуправа, градот Кратово во изминатите децении се смета за

неосвоив „бастион“ на Социјалистичката партија и на интересите на кратовскиот

клан Иванови.

На ваквата богата политичка кариера се надоврзува силно развиена

мрежа од бизниси што го опкружуваат семејството Иванови. Како што

пишува на официјалната веб-страничка на СПМ, Иванов-Ѕинго е „основач

и повеќе од 30 години генерален директор на компанијата ’Силекс‘ во

чии рамки работат повеќе фабрики, рудници, земјоделска и сточарска дејност,

угостителство, туризам и трговија, а во системот на компанијата работи

’Силекс‘ банка и телевизија ’Сител‘ која емитува програма на целата

територија на Република Македонија“. 160 Иванов, се разбира, го приватизираше

некогашниот голем рударско-индустриски комбинат во државна

сопственост според принципите на македонската приватизација во која социјалистичките

директори, по пат на разни трансакции, на крајот самите

станаа сопственици на општествениот имот со кој директоруваа.

Бизнис интересите на Иванов-Ѕинго се протегаат уште и во хотелиерството

(три хотели на Охридската ривиера – „Силекс“, „Галеб“ и „Плажа“ –

и еден во Кратово), спортот (не само прволигашот ФК Силекс, туку и стадионот

во Кратово), прехранбената индустрија, градежништвото, банкарството,

осигурителната индустрија итн. Империјата на фирмите на Иванов

располагала со над 100 продавници, супермаркети, локали, магацински

простори (меѓу другите, поттрибинскиот дел на Градскиот стадион во

Скопје) итн. Кога сите тие дејности ќе се стават во комбинација со деловните

активности на неговиот син, Горан Ивановски, се добива мрежа од

корпоративни влијанија и интереси коишто длабоко задираат во сите пори

на економијата, а со тоа и на политиката, во Македонија.

Органограмот на испреплетените економско-политички влијанија,

претставени подолу, не се хронолошки подредени и не се занимаваат со

деталните акционерски удели и промените во нив во текот на изминатите

дваесетина години – тоа, самото по себе, би било работа за една пообемна

студија. Шемата за поврзаноста на фирмите и дејностите на ова кратовско

семејство има за задача сликовито да го илустрира кругот на интереси „исплетен“

околу делувањето на, по згаснувањето на ТВ А1, најголемата комерцијална

терестријална телевизија во државата, ТВ Сител.

Во органограмот, поради ограниченоста на ресурсите за оваа студија,

не се претставени меѓународните екстензии на бизнисите на семејството

Иванови, а тие се силно развиени во регионот, со фирми и претставништва

низ повеќе земји. Исто така, постојат одредени бизнис релации врзани и за

делувањето на Социјалистичката партија на Македонија коишто не можеа

да се најдат во органограмот, бидејќи би било несоодветно да ги доведеме во

директна врска со ТВ Сител, без разлика што би можело да се тврди дека и

нивните деловни интереси влијаат врз уредувачката политика и настапот

на информативниот и комерцијалниот пазар на овој телевизиски медиум.

Дополнително, во контекстот на сопственичката структура на ТВ Сител

и нејзините влијанија врз уредувачката политика на телевизијата, треба

да се напомене дека нејзин долгогодишен главен уредник е Драган Павловиќ-Латас,

кој до септемрви 2012 г. беше и главен уредник и на дневниот

весник Вечер (каде што, откако тој си поднесе оставка, на главно-уредничкото

место во весникот го замени заменичката на главниот уредник во

ТВ Сител, Ивона Талевска). Тој, пак, има сопствени деловни и други релации

во земјата и во регионот коишто делумно се испреплетуваат со оние

на сопственикот на ТВ Сител и, исто така, имаат значително влијание врз

уредувачката политика на телевизијата.

160 http://www.spm.org.mk/?q=node/8

184 185

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!