28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Теориски контекст

РАЗВОЈОТ НА ДЕМОКРАТСКИТЕ МЕДИУМСКИ СИСТЕМИ ВО СВЕТОТ

Големото мнозинство релевантни теории за медиумските системи во

светот, во суштина, примарниот фокус на истражувањата го ставаат врз

анализирањето на односите меѓу медиумските системи и политичките системи.

Тоа подразбира опсежна анализа на факторите кои ги определуваат

влијанијата врз медиумските, особено врз информативните системи, од

страна на политичките, културните и социо-економските општествени текови.

Во тaа обемна спрега спаѓа историјатот на односите меѓу медиумите

и општествено-политичките елити (институционализирани во политички

партии, работнички синдикати, религиски, бизнис или академски структури

и слично), состојбата на самиот медиумски пазар и правилата и телата

за негово регулирање, но и анализа на државната медиумска политика

- државното влијание на медиумскиот пазар, даночната и царинската политика

кон медиумите, постоењето или непостоењето на државни субвенции

за медиумите, севкупната законодавна рамка, па дури и прашањето

за цената на поштарините итн. Важен елемент во медиумскиот систем во

една држава претставува и развојот на самата новинарска професија, во

смисла на условите за нејзино професионално образование, развивањето

на саморегулативата, новинарските здружувања во асоцијации и синдикати,

како и меѓународните професионални поврзувања. Од друга страна,

пак, социолозите, на пример, сакаат оваа тема да ја разгледуваат и во контекст

на историскиот процес на урбанизацијата на општествата, тесно поврзан

со развојот на секуларизмот и индивидуализмот на Западот. Психолозите

и комуниколозите се занимаваат и со бихевиористичките теории

во функционирањето на медиумските системи, политиколозите нема да ја

испуштат предвид историјата на класните судири (на пример, развојот на

работничките движења и нивните гласила), а некои историчари ги потенцираат

клучните влијанија на конкретни настани (како аферата „Вотергејт“

или медиумскиот третман на западните воени интервенции во Ирак

или Виетнам) за кои сметаат дека се поважни за обликувањето на медиумските

системи дури и од подолготрајните влијанија на одредени системски

решенија и општествени процеси.

Во оваа насока, треба да се има на ум забелешката дека „повеќето од

литературата за медиумите е исклучително етноцентрична, во смисла на

тоа што се однесува само на искуството на одредена земја, па сепак е напишана

на воопштен начин, како моделот што преовладал во таа земја да

е универзален“ (Халин, Манчини, 2007:2). Со други зборови, иако домашните

варијации на темата, карактеристични само за некои конкретни општества,

не треба секогаш да се воопштуваат ни на теориско, ни на регионално/географско

ниво, тоа сепак се прави, поведени од карактеристиката

на масовните медиуми и на политичките процеси да ги надминуваат националните

или географските граници на државите.

17

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!