28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

подоцна и беше усвоено, при воведувањето на ДДВ, иако намалените

даночни стапки не важеа за новинските агенции), поевтини ПТТуслуги

(заради развој на претплатничката дистрибуција), бенефиции

при патувања, намалени увозни царини за репроматеријали (хартија

и др.) итн.;

• Пропорционално учество на приватните медиуми во субвенциите

што ги доделуваше државата, а кои до тогаш се даваа главно за НИП

„Нова Македонија“ – откако во АПМ, врз основа на норвешкиот модел,

се договорија критериумите и се доставија до тогашната влада (до

Никола Поповски, како министер за финансии), владата реши субвенциите

сосема да ги укине, што наиде на остар, но залуден протест од

страна на АПМ;

• Спроведе две опсежни истражувања (од страна на „Брима ГАЛУП“, а

со поддршка од IREX ProMedia) за пазарната позиција на печатените

медиуми, нивната читаност (и вкупна и по одредени рубрични области),

начинот на дистрибуција итн.

• Организирање обуки од областа на менаџирањето и аспектот на дистрибуцијата

во весниците, со оглед на тоа што најголемиот број од комерцијалните

весници беа основани од новинари, кои немаа достаточни

познавања за менаџирањето на својот бизнис.

• Се направија обиди за организирање заедничка дистрибутивна служба

за сите членки на АПМ, којашто би се управувала од АПМ. „Донаторите

ја покренаа таа иницијатива, според искуствата во други држави.

Беа обезбедени и пари за таа намена, но идејата не заживеа, бидејќи

имаше отпори од печатените медиуми кои веќе поседуваа свои

дистрибутивни системи, па не сакаа да загубат дел од приходот. Надвладеаја

ситносопственичките интереси“ – го коментира овој неуспех

нејзиниот прв претседател, Ристо Поповски. 196

• Се договараа и други, рамковни норми за подобрување на економската

состојба на печатените медиуми, како што е донесување правилник

за најниска цена на огласите, под која членките на АПМ не смееја

да одат во понудата на рекламниот пазар. Сепак, во практиката, овој

правилник не се применувал доследно од страна на членки на АПМ.

• Асоцијацијата јавно и здружено реагираше и на случувања кои задираа

во работата на печатените медиуми (како обидот на владата на

Љупчо Георгиевски да донесе нов закон за печат во кој се заговараше

лиценцирање на новинарите од страна на државата; или инцидентот

на министерот Љубе Бошковски со ранувањето на неколку новинари

при показната вежба со пукање на Маврово; и др.).

„Мислам дека Асоцијацијата беше силно оружје и добра потпора за

приватните печатени медиуми да си го изборат местото и просторот што

им припаѓаше во правниот систем и во општествените норми, а подоцна

и на пазарот во Македонија. Во секој случај, АПМ го трасира тој пат и отвори

многу можности. Асоцијацијата се формираше во време на владеење

на ВМРО-ДПМНЕ, а згасна кога на власт беше СДСМ – првите главно ја игнорираа,

вторите исто така, но сакаа нејзината активност да ја стават под

контрола“, заклучува Ристо Поповски во разговор за оваа студија.

АПМ, којашто формално-правно постои и денес, ја замре својата работа

во периодот 2004/2005 г. Причините за згаснување на работата на АПМ

треба да се бараат во неколку нивоа. Пред сё, противречностите и изострената

конкуренција на пазарот на печатени медиуми придонесуваше за сё

поголеми несогласувања, па дури и отворени пазарни и политички „војни“

помеѓу членките: се играше со продажните цени на весниците, се криеја

или лажно се изнесуваа бројките за продадените тиражи, се одеше со

дампинг-цени за рекламниот простор во печатот, а меѓусебните јавни напади

меѓу уредниците и сопствениците на медиумите, инспирирани и од

политички причини, станаа лични и крајно навредливи. Таквиот развој на

настаните беше последица и од фактот што, по пропаста на НИП „Нова

Македонија“, некои од членките на АПМ ги „надраснаа“ нејзините рамки,

станувајќи важен поединечен фактор на пазарот, на кои им пречеа интересите

и заложбите на помалите членки на АПМ. За неуспехот придонесе

и пропаѓањето на проектот за основање заедничка дистрибуција за членките

на Асоцијацијата, но и непочитувањето на договорот за точно дневно

известување за продадените тиражи на изданијата. И странските донатори

полека ги гаснеа своите грантови за поддршка на организацијата, а

властите постојано правеа напори за „инфилтрирање“ и блокирање на работата

на АПМ.

196 Интервју со Ристо Поповски за потребите на оваа студија.

216 217

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!