28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

МАПИРАЊЕ НА СОПСТВЕНИЧКИТЕ СТРУКТУРИ ВО МЕДИУМИТЕ: ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ

Во случајот на Република Македонија, тој развој стана исклучително

динамичен по завршувањето на комунизмот, распадот на федералната југословенска

држава и македонското државно осамостојување на почетокот

од деведесеттите години од минатиот век. Политичките настани во изминатите

две децении го одредија и сё уште влијаат врз медиумскиот пејзаж,

а особено врз сопственичките односи во медиумите во Македонија.

Република Македонија е независна држава повеќе од дваесет години.

Процесот на осамостојувањето, започнат во раните 90-ти години од минатиот

век, се одвиваше низ распадот на југословенската федерална држава

и нејзиниот банкротиран комунистички идеолошки модел, низ целосна

деструкција на економските потенцијали, но и војна во регионот. Иако

самите воени дејствија не се случуваа на територијата на Македонија, воениот

конфликт имаше клучно и подолгорочно влијание врз вкупниот амбиент

во македонското општество. Во такви комплексни околности, разбирливо

е што во многу домени на осамостојувањето на поранешната социјалистичка

федеративна република, конфузиите – политичките, идеолошките,

економските, идентитетските итн. – беа неизбежен дел од процесот

на воспоставувањето на новата независна држава. Општеството беше

„инфицирано“ од „транзициското време“.

Во 1989 г. и првата половина на 1990 г., кога воените судири на Балканот

веќе беа на повидок, осамостојувањето на Македонија и независноста

на државата, како можен модел за иднината, беше само една од паролите

на групациите кои беа со намери да учествуваат во инаугурираниот плурализам

во политичкиот живот. Во јавниот политички простор доминираше

самостојната републичка афилијација на Сојузот на комунисти на Југославија.

Одредени промени на сојузно ниво беа на повидок – можеби подобрата

квалификација е експерименти – пред сё со т.н. „либерализација според

Марковиќ“ 27 , како една повеќе политичка, отколку економски важна етапа.

Се направи обид за „мека трансформација“ на капиталот од државен, во

27 Анте Марковиќ (1924-2011) е последниот премиер на СФРЈ. На таа функција

дојде во јануари 1989 г., две години пред распадот на сојузната држава. Тој

го наследи Бранко Микулиќ кој си даде оставка во декември 1988 г., откако

југословенски парламент ги отфрли неговите предлози за економска реформа,

како обид за економско и политичко либерализирање на југословенскиот

политички систем. Во двете години од својот мандат, Марковиќ решително

влезе во намалување на инфлацијата (што достигна годишно ниво од 2.400%!)

и високата невработеност во државата. Економските реформи на Марковиќ

пропаднаа по банкротирањето на стотици државни претпријатија, а силните

движења за политичка децентрализација на сојузната држава, кои доаѓаа од

Словенија и Хрватска, беа блокирани и отфрлени од страна на Србија (со 36%

од југословенската популација). Марковиќ поднесе оставка во декември 1991

г., по одлуката за осамостојување на Босна и Херцеговина, откако пред тоа за

независни се прогласија Словенија, Хрватска и Македонија. Југословенската

народна армија (ЈНА), како вовед во повеќегодишните југословенски војни во

деведесеттите, на 27 јуни 1991 г. почна со воени операции во Словенија (што,

во словенечкиот случај, траеја само десетина дена) со цел да го оневозможи

нејзиното осамостојување.

приватен, со забрзана либерализација на економијата и поттикнувањето

на приватната иницијатива преку приватизација на стопанските субјекти

со нивно „продавање“ на вработените. Краткиот живот на реформите, завршени

со крајот на политичката кариера на Марковиќ, не овозможи доразвивање

и заокружување на предложениот трансформациски модел.

Сепак, „семето“ на транзицијата и реформите беше посеано, во сите

сфери на општеството. Во такви околности (1989-1990) во Југославија започнаа

процесите на либерализација на политичкото и партиското организирање.

Амбицијата одеше во насока да се обезбеди политичка артикулација

на новите односи, пред сё во економијата, којашто беше замислена

и како двигател, но и како идеолошка подлога за идната плурализирана

структура на општеството. Гледано од денешен ракурс, и покрај различните

толкувања, основано е да се заклучи дека стануваше збор за очајнички реформски

обид на дел од тогашните политички структури - оправдано или

неоправдано окарактеризирани како либерални - внатре, во Сојузот на комунистите.

Тие се надеваа дека со овие потези ќе обезбедат мирен премин

во поинакво општествено и политичко, но сё уште федерално уредување.

Наспроти промоцијата на ваквите нови концепти, во сојузната држава

се одвиваше процес на дезинтеграција започнат и воден, пред сё, од конзервативните

елементи во српското републичко раководство, поддржувани

од голем дел на командниот состав на Југословенската народна армија

и од раководствата на моќните тајни служби на тогашниот режим. Ваквата

идеолошка платформа, спакувана во националистичка реторика, ја карактеризираше

идејата за хегемонија на српскиот национ во сојузната држава.

Тоа не можеше долго да остане тајна за другите конститутивни елементи

на југословенската федерација.

Овие комплексни процеси во СФРЈ се случуваа истовремено кога, на

глобално ниво, се финализираше првата фаза на паѓањето на Берлинскиот

ѕид. Се прегрупираа светските интереси и сферите на влијанија. Со оглед

на сложеноста и широкиот, територијално-географски опфат, распаѓањето

на „биполарниот свет“ се случуваше на различни начини во различни средини.

Општествената „цена“ на процесот зависеше од дотогашниот имунитет

и капацитетите на разните општества/држави, на глобалниот распоред

на силите, на традициите и на способноста за демократска мобилизација

на политичките елити. Се покажа дека Југославија, иако дотогаш важеше

за „оригинален модел на социјализам“, та дури обоен со многу либерални

бои, плати висока цена за својата дисолуција. Македонија беше дел

од таа трагична приказна.

62 63

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!