28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

Create successful ePaper yourself

Turn your PDF publications into a flip-book with our unique Google optimized e-Paper software.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Во ноември 2004 г. АПЕММ усвои заеднички документ со кој се направи

обид да се санкционираат медиумските огласувачи кои нередовно

ги подмируваат своите обврски кон медиумите, членки на АПЕММ. Овој

заеднички документ предвидуваше доколку фактурата кон одреден медиум

огласувачот не ја плати во рок од 30 дена, рекламите на тој огласувач да

бидат симнати од програмите на сите членки на Асоцијацијата, а за оние

членки кои не би го почитувале договорот, би следувала казна од 10.000

евра по клиент. Сепак, овој пристап остана на ниво на џентлменски договор,

бидејќи не се предвидоа механизми за спроведување на санкциите.

Но, растечките противречности на пазарот за медиуми во Македонија,

како и меѓусебните деловни и политички судири меѓу водечките комерцијални

медиумски куќи, засилени со доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ

во 2006 г., придонесоа и за отежнување на функционирањето на АПЕММ.

Се појавија конфликти на национално-локално ниво, како и меѓу самите

национални радиодифузери. Врвот на недоразбирањата и неединството

во АПЕММ доаѓа во 2008 г., кога заеднички изгласаниот став во Управниот

одбор на АПЕММ за исклучување од програмите на кабелските оператори

во Македонија 190 – поради непостигнување договор меѓу АПЕММ и

здружението на кабелските оператори СИЗ „МК Нет“ за висината на надоместот

што операторите ќе го плаќаат на членките на АПЕММ за емитување

на нивната програма во својата комерцијална кабелска понуда – беше

нарушен во една серија од недоследни однесувања и меѓусебни „надигрувања“

во односот кон кабелските оператори, особено меѓу ТВ Сител и ТВ

А1. Тоа резултираше со неколкумесечно исклучување на ТВ А1 од програмата

на неколку кабелски оператори во Македонија во почетокот на 2008 г.

„Мислам дека тоа е и првата кавга помеѓу Велија Рамковски и Никола

Груевски... Тогаш Велија сфати дека Груевски ’го игра‘ (за сметка на Сител

и Канал 5 – н.з.), со цел да му ја намали моќта. Но, Велија отиде кај Роби од

ТелеКабел во февруари-март 2008 г., си пружија рака и ТВ А1 повторно се

вклучи во кабелската понуда. Како се вклучи А1, така сопствениците Сител

и Канал 5 отидоа во Владата и се договорија со Груевски нивните партии

официјално да станат дел од владејачката коалиција!“, заклучува Виктор

Димовски, тогашниот директор на АПЕММ.

Што се однесува до сегашната состојба со медиумите, пак, оценката

на Горан Гаврилов, сопственикот на Радио Канал 77 и еден од основачите

на АПЕММ, најдобро ја илустрира ситуацијата: „Ние во деведесеттите тргнавме

со 300 медиуми. Подоцна концесија за работа добија 120 од нив. Со

воведување на лиценците тој број се сведе на осумдесетина – а денес сме

повторно близу 170 медиуми! Се враќаме на состојбите во деведесеттите.

190 Судирите меѓу водечките комерцијални телевизии и кабелските оператори во

Македонија датираат уште од 2002 г. кога, пред изборите во септември 2002 г.,

кабелските оператори на неколку недели ги исклучија водечките македонски

телевизии од своите кабелски понуди.

Пазарот наместо да се консолидира, повторно се фрагментира. Дополнително,

наместо да одиме на окрупнување на радиодифузниот бизнис, отидовме

и на дополнително хоризонтално раситнување, со ширење на сопственици

на електронски медиуми во печатените медиуми, како тоа што

го направи Велија Рамковски“.

Формално-правно, иако Асоцијацијата ја згасна својата работа во 2008

г., АПЕММ е сё уште постоечка асоцијација на радиодифузните медиуми

во Македонија. Некои од нејзините основачи размислуваат за нејзино повторно

заживување, сега во темелно променет контекст на македонскиот пазар

на електронски медиуми.

Групација на телевизиски национални концесионери при

Стопанската комора на Македонија

Во 2010 г. меѓу приватните национални телевизиски концесионери во

Македонија (телевизиите Телма, Сител, Алсат-М, Канал 5 и А1) се поведоа

неформални разговори за основање некаков облик на здружение коешто ќе

ги третира прашањата врзани за работата на телевизиите на национално

ниво. Во тоа спаѓаа спроведувањето на постоечките и новите регулативи

(особено од сферата за дигитализација на телевизиите) и давање заедничко

мислење за предложените решенија од страна на државните органи и СРД,

соработка на техничко ниво од сферата на воведувањето нови технологии

во предавателската мрежа во државата, соработка со други здруженија во

државата и надвор од неа кои третираа слични проблематики, имплементација

на европските правила и стандарди во дејноста, обуки и други образовни

и иновативни програми (вклучувајќи организирање семинари, конгреси

и други манифестации во земјата и странство) и сл.

Здружувањето беше формализирано на 7 мај 2010 г. со формирање Групација

на телевизиски национални концесионери при Стопанската комора

на Македонија 191 , согласно со Статутот на Комората, а во неа влегоа телевизиите

Алсат-М, Сител, Канал 5 и Телма. По разговорите со сопственикот

на ТВ А1, Велија Рамковски, тој одби неговата телевизија да се приклучи

во основањето на Групацијата, сомневајќи се дека таквата Групација,

имајќи ја предвид пазарната и програмската доминација на А1 на пазарот,

ќе штети на деловните и програмските интереси на неговата телевизија.

На состанокот од 13 мај 2010 г. за прв претседател на Групацијата членките

го избраа директорот на Алсат-М телевизија, Сашо Орданоски, а за негов

заменик, директорот на Канал 5, Иван Мирчевски 192 . Нивните мандати

беа едногодишни, а потоа, по принципот на ротација, на нивните места со

191 Одлука за формирање на Групацијата, формализирана на 11.05.2010 г. Формално,

Групацијата функционира во рамките на Здружението на продукцијата,

маркетингот и медиумите – ПроМаркМедиа при Стопанската комора на Македонија,

но работи самостојно и независно од активностите на ПроМаркМедиа.

192 Одлука за именување претседател и негов заменик на Групацијата од 13.05.2010 г.

212 213

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!