28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ските содружници, кои на почетокот на влезот на ВАЦ во Македонија беа

уредници во весниците“.

Сепак, свесен дека ваквиот внатрешен модел не кореспондираше секогаш

со „надворешната“ слика за одлучувањето и водењето на уредувачката

и деловната политика на МПМ, Јовановски додава: „Сите недоследности во

управувањето на компанијата и во уредувачката политика се случија поради

локалната сервилност и неспроведувањето на начелата за работа во

ВАЦ. Тоа што уредниците го идентификуваа Срѓан Керим со системот на

ВАЦ и никогаш не го ставија на проба тој систем, не ни дава за право да

констатираме дека тој систем не бил добар“.

Александар Дамовски, еден од основачите на Дневник, кој го напушти

ВАЦ на крајот на 2003 г., во едно интервју од тоа време вака ги коментира

настаните во издавачката компанија: „Мислам дека и Дневник, а и другите

два весника, ги зафати синдромот на големите системи. Наречете го тоа

апатија, летаргија, едноличност. Како кога те носи некој голем бран, а ти не

можеш да направиш ништо. Ти си само нем посматрач. Тоа прави лесно

да се заборават постулатите со кои ние своевремено влеговме во авантурата

наречена Дневник. Кога спласнува ентузијазмот, желбата за успех, желбата

да се биде прв и кога почнуваат калкулациите, тука новинарството е

веќе загрозено. Новинарите го чувствуваат и го гледаат тоа и прифаќајќи ја

таа игра по линија на помал отпор, така и се однесуваат. (...) Во тој момент

калкулантството ја зауздува вистината. Тогаш снемува храброст, го снемува

она што е најзначајно во нашата професија – бескомпромисноста“. 143

За дообјаснување на својот став дека системот на ВАЦ не ги спречувал

добрите иницијативи, кога ги имало, Јовановски посочува на конкретни

примери: „За илустрација, на барање на Керим и на централата во ВАЦ, земен

е кредит за расчистување на долг што дополнително беше осознаен по

купопродажбата на Утрински весник. Кога требаше тој кредит да се враќа,

мојот став беше дека тој долг не е на МПМ, бидејќи е настанат пред неговото

формирање. На мое барање, наспроти инсистирањето на сите субјекти

во ВАЦ кредитот да се прифати како обврска на компанијата, тој кредит се

претвори во докапитализација на фирмата. Бидејќи малите акционери не

можеа да внесат соодветен капитал и за да не ги изгубат акциите, повторно

на мое инсистирање, поткрепено со презентирање на бизнис модел, се

прифати нивното учество во докапитализацијата да оди преку создавање

на нов производ, што резултираше со покренувањето на неделникот Глобус.

Слично, кога Срѓан Керим дојде со одлука од централата на ВАЦ, поради

големите загуби, Утрински весник да биде затворен, јас не се согласив

со таа одлука. Се организира состанок со централата на ВАЦ на кој беше

прифатен мојот предлог за затворање на фирмата ’Мост‘ што го издаваше

весникот, а тој да продолжи да излегува преку фирмата ’Круг‘. И во двата

случаи станува збор за големи финансиски одлуки, со суштински импликации

по весниците, каде централата ги почитуваше ингеренциите на локалните

директори“.

На ваквите деловни амбиции на ВАЦ во Македонија со свој концепт и

стил на работа на медиумскиот пазар се спротистави сопственикот на ТВ

А1, Велија Рамковски. Неговиот влез во печатеното новинарство и бизнисот

на печатените медиуми делумно е резултат на шпекулациите дека ВАЦ

се подготвува да настапи на пазарот на македонските телевизиски медиуми;

а делумно е резултат и на несопирливата желба и деловен инстинкт

на Рамковски својата пазарна доминација меѓу националните телевизии

да ја зацврсти и прошири со зафаќање и од колачот на влијание и пари кај

печатените медиуми.

На почетокот од 2004 г. на пазарот се појави дневниот весник Време,

основан од фирмата „Време еч“ од страна на еден од основачите на Дневник,

Александар Дамовски (кој станa директор на Време, а подоцна и негов

главен уредник); искусниот новинар и уредник во Нова Македонија, Георги

Барбаровски (кој, од позицијата на заменик-главен уредник на Дневник,

станa главен уредник на Време, до октомври 2006 г., кога ќе премине за

претседател во новооснованата Фондација „Рамковски“); како и од извесен

енигматичен турски инвеститор, пријател на Рамковски (кој никогаш нема

да се појави во Време). Трансферот на поголема група новинари од Дневник

во Време и концептот на новиот весник Дамовски го коментираше вака:

„Ќе го фаворизираме она што го заборавивме – либералната, граѓанската

опција, термини што нашите политичари многу лесно ги употребуваат, а

уште полесно ги забораваат. (...) Освен тоа, настојуваме многу повеќе да му

дадеме шанса на стопанството. (...) Ќе сториме сё за тоа економската стратегија

да ја креираат економистите и менаџерите, а не политичарите да им

ги исцртуваат границите. Ќе се бориме за тоа економијата да си го добие

заслуженото примарно место во општествените случувања“. 144

Не за долго, Време отворено ја манифестираше својата поврзаност со

ТВ А1: во весникот се печатеа најави и кратки содржини од најпопуларните

и најгледани телевизиски серии што се емитуваа на ТВ А1, а самиот тој

добиваше голема рекламна поддршка, во најгледаните термини на ТВ А1

(со рекламни цени намалени и до 97% од официјалниот ценовник на телевизијата).

На тој начин, Време за краток период го вивна својот тираж и

над 50.000 продадени примероци дневно. Тоа создаде притисок на пазарот

што не можеше да ги остави рамнодушни конкурентите. Кога, на пример,

во февруари 2004 г. Време излезе со печатени дневни тиражи меѓу 70.000-

80.000 примероци, Дневник на тоа мораше да одговори со воведување на

144 „Немаме цел да ја разубавуваме грдата сегашност“, интервју со Александар

143 „Немаме цел да ја разубавуваме грдата сегашност“, интервју со Александар

Дамовски, месечник Форум, јануари 2004

Дамовски, месечник Форум, јануари 2004

174 175

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!