28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

ДОДАТОЦИ

шингтон, до овдешните, дека ова што ни го прави Грција е неправедно и не

е во ред. Кога нё уплаши? Мене, лично - тоа беше моја грешка, признавам -

го видов токму она што викате вие „Александар Македонски“, кога го кренаа

Александар Македонски, кога отиде од една крајност, до друга крајност.

Мислам дека кај Груевски ја видовме само (врвот на) сантата, не видовме тоа

долу, големиот дел. Да ве потсетам, мислам дека 2008 година бев јас наивен

и правевме тоа што правевме, јас, како Велија и како телевизија. Тоа можеби

траеше ноември, декември 2008 година, додека не сфативме дека овој цврсто

тргнал по патот на Александар Македонски, со сите можни провокации!

После се покажа дека е точно, и денес е тоа, сведоци сме. Тој ја почна,

мислам дека свое искрено верување, не е работа на тактика, не е работа на

расипаност кај Груевски, тој искрено верува дека силата... Мислам, во тоа е

и неговата грешка, дека Македонија има таква сила наспрема убедувањето

на правото на Грција, на Европската Унија и на Америка. И јас и сега велам

дека промената на името е неправедно! Апсолутно, човечки - ви вика, променете

го името?! Меѓутоа, ако се имаат во прашање законите, принципите

на Европска Унија, ако се имаат предвид законите, ете, би рекол и техниката,

односно начините и принципите на работата на НАТО... Односно, мораме

да сфатиме дека ние со Грците имаме проблем, тие се посилната страна,

имајќи ги како држава; а, од друга страна, стара членка на НАТО и на

Европска Унија. Значи, таа промена на името, јас велам дека е неправедно,

ама истото, пак, Грците го викаат праведно, односно дека треба. Во тој дел

има апсолутно отсуство

кај Груевски.

Кај Груевски затоа

дојде до оддалечување

со Грците, со

Европа и со Америка.

Значи, ние

го сфативме и јас

го сфатив дека тргна

во сосема спротивен

правец Груевски

да се движи,

што значи, НАТО и

Европска Унија. Од

тогаш, може назад

вратете се, му доаѓа

повеќе од две години,

би рекол, бастионот, главниот стожер на битката за НАТО и Европска

Унија е А1, Шпиц и Време.

Зеќири: Пред да ја направиме првата пауза за реклами, јас би ве прашал

дали имаше инспектори во А1, бидејќи образложението на институциите

беше дека инспекции имало во шест компании кои се наоѓаат

на таа адреса?

Рамковски: Вчера беше Правобранителот, го носеа од канцеларија во

канцеларија и кај што има луѓе каде што работат, во сите простории каде

што имаше полиција е А1, Шпиц, Време и Коха.

Зеќири: Кои се тие простории каде се наоѓаат тие шест компании за

кои зборува УЈП?

Рамковски: Сосема други, јас не ги знам по канцеларии кај се. Таму

кај што беа беше А1.

Зеќири: Еден ден пред да се случи тоа што се случи во ТВ А1 на адресата

која се спомнува „Перо Наков“ б.б., вие изјавите дека во четвртокот

не бевте во просториите на А1 бидејќи знаевте дека новинарите ќе можат

да ја бранат телевизијата. Ваквата изјава остава простор за сомнеж дека

свесно сте ги оставиле новинарите да ги заштитат вашите сомнителни

активности... Всушност, зошто во четвртокот не дојдовте во телевизијата?

Рамковски: Прво, содржината на прашањето: „Ги оставив новинарите

да се борат за моите сомнителни дејности“?! – колку е тоа ... Новинарите

од оној тип коишто имаат најголема доверба, коишто имаат највисоки

рејтинзи, ги оставив да се борат за моите сомнителни дејности!? – Еј, страшно

е тоа! Значи, вака – главен бизнис е телевизијата, мој главен бизнис. Значи,

споредните дејности и некои што се... „Хедис“ е споредна дејност, беше

главна трговијата, сега е А1 главна, главен бизнис. За разлика од сите други

сопственици на медиуми, јас ја работам телевизијата, работам со луѓето,

разговараме, ја градиме заедно. Четвртокот, го кажав тоа дека ги оставив,

дека верував во нив. После тоа си викам: „Чекај, тоа не беше свесна

дејност, тоа си дојде“... - Ај ќе ви го кажам редоследот, интересно е, првпат

го кажувам во медиумите. Ми се јавува... како сё се случи... Ми се јавува

Младен (Чадиковски, главен уредник на ТВ А1 – н.з.), вика инспекции има,

така натака... Викам: „Пушти, што ќе ти е, нека си ја работат својата работа,

немој медиумски тоа – батали“... Ми се јавува некаде 19 или 20 часот, не

сум сигурен кога се јави, вика: „Не нё пуштаат, не нё пуштаат да излеземе,

не нё пуштаат да излеземе да си одиме од работа“ – Младен беше, целото

време претежно со Младен комуницирав. Реков: „Тресни го на телевизија,

отвори го студиото, дека како што е - полицијата не ве пушта да влезете,

да излезете!“ Значи, тоа дојде спонтано. Но, сё откога пројде, дали јас пак

така би направил? Да. Затоа што, пак да се вратам на вашето прашање, тоа

е таа негација дека новинарите останале да се борат за моите сомнителни

бизниси... Кој новинар би се борел - оние би се бореле? Вие би се бореле

за сомнителните бизниси на газдата? Значи, тие што се од другата страна

250 251

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!