28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

МАПИРАЊЕ НА СОПСТВЕНИЧКИТЕ СТРУКТУРИ ВО МЕДИУМИТЕ: ПОЛИТИЧКИ КОНТЕКСТ

вање поради наводно „непочитување на телевизискиот содржински формат

пропишан со издадената лиценца“, ја угаси својата програма.

Со тоа, барем за догледен период, заврши кариерата на Велија Рамковски

и неговите несопирливи амбиции да владее со македонскиот медиумски

пазар. Тој со години негуваше една непринципиелна симбиоза со македонската

политика, „шурувајќи“ те со СДСМ, те со ВМРО-ДПМНЕ; политика

во која тој се замислуваше, а често и беше, медиумско-политичкиот

king maker во време кога правото и правдата зависеа од тоа кој го држи

поголемиот „мегафон“ за влијаење врз државата. За да може за 20-ина години

да израсне од обичен трговец на скопскиот Кванташки пазар до најмоќен

медија-могул 56 во државата, во медиумите на Рамковски „корпоративните

интереси“ (што не ги исклучуваше и обичните каприци на сопственикот)

често беа над професионалните стандарди и во новинарството

и во деловниот свет. 57

„Телевизија А1 ја формирав и ја водев како што се води секој друг бизнис.

Тој треба да биде профитабилен, а за да биде профитабилен, треба да

биде успешен. Оценката на успешноста на телевизијата зависи од тоа колку

гледачи ја гледаат. Јас би сакал да ја гледаат два милиона Македонци. Затоа,

се подразбира дека таа не смее да биде партиска и по таа основа да ги

одбива гледачите. А власта греши, бидејќи таа е одговорна и работи, додека

опозицијата ги лови нејзините грешки. Природно е новинарите да бидат

критични кон власта, но природно е и таа да се лути. А се лутат со инспекции,

притисоци, со закани. Но, во развојот на А1 телевизија секој притисок

го доживуваме како потврда на самите себе, како нешто што нё јакне,

како поттик да создаваме квалитет што ги надминува притисоците“ –

56 Американскиот фонд за развој на медиуми (MDLF) во средината на деведесеттите

години од минатиот век го помогна создавањето на ТВ А1 со кредит од

1,5 милиони долари. Рамковски овие пари, наводно за девизите да ги претвори

во денари, ги употреби за купување трговска стока (пилешки копани) со чие

продавање на пазарот кредитот ќе го оплоди, по што дел од парите ќе намени за

градење на терестријалната предавателска мрежа на ТВ А1. Рамковски со години

одбиваше да ги враќа парите на американските кредитори, што предизвика

MDLF да ја стави Македонија на „црната листа“ за помош на медиумите и да

ја сопре поддршката за други медиумски проекти. Дури во 2006 г., кога американските

финансиери се заканија дека ќе го продадат ненаплатениот кредит

(што достигна сума од 3 милиони долари со пресметани камати) некому кој,

врз таа основа, судски ќе ја преземе сопственоста врз А1, Рамковски се согласи

да почне да ги враќа кредитните долгови. Во интервју за магазинот Форум

плус (08.10.2005) Рамковски изјави: „Уште во 2002 г. им нудев да им платам, а

тие ми испратија посредник да ми каже дека не ги интересираат парите, туку

сакаат да ми ја земат телевизијата“, тврдејќи дека наводниот „посредник“ била

Фондацијата Сорос.

57 Самиот Рамковски во 2005 г., во интервју за магазинот Форум плус (08.10.2005)

процени: „...пазарната вредност на мојот бизнис е околу 40 до 50 милиони евра“.

Без сомневање, 4-5 години подоцна, таа вредност пораснала барем за уште

неколку десетици милиони евра.

ја дефинираше својата сопственичка медиумска филозофија Велија Рамковски

во 2005 г. 58

Тој стана жртва на илузијата („поттикот“) што ја ширеа неговите медиуми

– дека ако имаш моќен медиум, можеш да му диктираш на премиерот

како да ја води државата! Кога тој секојдневен „третман“ му дојде „преку

глава“, Груевски се скара со Рамковски, а потоа реши да му демонстрира

кој е газда во државата. Таа пресметка ги надмина границите на нивно

„приватно“ расчистување и предизвика темелна демократска конфронтација

„за“ или „против“ методите на владеењето на Груевски во Македонија.

Упатените велат дека Рамковски, додуша, повеќе уживал во моќта, одошто

во парите. А1, всушност, го претставуваше и најдоброто и најлошото

во македонската медиумска индустрија: без нејзината несомнена медиумска

поддршка, македонската демократија веројатно ќе задоцнеше повеќе

години; но, поради природата на таа поддршка, деформациите во таквата

македонска демократија на крајот му пресудија и на самиот Рамковски.

Врпочем, тој, како веројатно и повеќето други крупни сопственици на медиуми

во државата, според зборовите на Ерол Ризаов, е „класичен производ

на времето во кое живееме кое Запад го нарече Транзиција со алузија

дека на тоа патување од еден во друг општествено-политички систем можни

се големи и трагични последици за обичните граѓани кои станаа најголеми

жртви на тектонските промени, бидејќи при големите потреси не важат

законите, цивилизациските и демократските норми“. 59

„Транспарентност Македонија“ внимателно ги следеше и јавно ги коментираше

случувањата во оваа најважна медиумско-политичка драма

на македонската демократија. Во редовниот Годишен извештај за 2011 г.,

„Транспарентност“ излезе со следната оценка за случајот „Пајажина“ 60 :

„(...) Очигледно, власта е повеќе заинтересирана за медиумските

одгласи и манипулации во овој случај, отколку за спроведување на

непристрасно и правично судење. Бидејќи овој случај е правен, но и

политички преседан во историјата на македонските медиуми, врз

којшто и во иднина ќе се влечат правни поуки, но и ќе се започнуваат

слични процеси што ќе задираат во способноста за работа и професионален

опстанок и на други медиуми во Македонија. ТМ препорача

натамошната судска постапка во случајот ’Пајажина‘ да се растовари

од политички влијанија и да се препушти на правното докажување

на издржаноста на обвиненијата.

58 „Македонија нема домаќини“, интервју со Велија Рамковски во магазинот Форум

плус, 08.10.2005

59 „Најдолгиот пат на Рамковски“, редовна колумна „Си велам“ на Ерол Ризаов,

Утрински весник од 16.03.2012

60 „Годишен извештај за состојбата во борбата против корупцијата и криминалот

и транспарентноста во општеството во 2011 г.“, Транспарентност Македонија,

Скопје, јануари 2012, стр.5-6

94 95

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!