28.02.2014 Views

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

Zarobena_demokratija(web)

SHOW MORE
SHOW LESS

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

ЗАРОБЕНА ДЕМОКРАТИЈА

РАЗВОЈ НА СОПСТВЕНИЧКАTA СТРУКТУРА И ПАЗАРОТ НА МЕДИУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

СТРАНСКИ ДОНАТОРИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ

МЕДИУМИ

Финансиската поддршка од странските донатори наменета за медиумскиот

сектор во Македонија во последните 20 години одигра значајна улога

за развојот на медиумскиот плурализам и во сопственичките и во професионалните

структури кај македонските медиуми. Во прво време, таа поддршка

беше наменета за опрема на комерцијалниот медиумски сектор, за

набавка на печатарска опрема и студиска/предавателска техника, но и за

купување на рото-хартија наменета за приватните медиуми. Со текот на

годините, еден дел од средствата се инвестираа во обука и дополнителна

наобразба на новинарско-уредничкиот кадар, за патувања и вмрежувања

во меѓународните професионални организации, како и за капацитетно

подигнување на домашните организации што се занимаваа со професионално

здружување на новинарите и мониторирање на медиумскиот развој

во Македонија. Донаторите овозможија значајни средства и за експертски

придонес и отворање на јавни дебати при носењето на медиумската регулатива

во земјата. Конечно, една значајна сума беше вложена и за управување

со медиумските аспекти на воено-политичките кризи низ кои поминуваше

Македонија, особено за време на бегалската криза со Косово, како

и за разни меѓуетнички програми и проекти коишто требаа да го засилат

процесот на успешно спроведување на Рамковниот договор.

Соросовата Фондација отворено општество Македонија беше еден

од клучните помагачи на развојот на медиумскиот сектор во Македонија

со доделени неповратни грантови од над 8 милиони американски долари

за последните 20 години (во што влегуваат и 1-2 милиони долари доделени

од други донатори, администрирани преку Фондацијата). Стратегијата

на Фондацијата, артикулирана преку финансиските алокации низ Програмата

за медиуми на Фондацијата, низ годините се развиваше паралелно

со развојот на медиумскиот систем во земјата. На почетокот, мноштво

медиуми се помагаа со подеднакви и релативно скромни суми, со цел да се

види кој од тие медиуми ќе покаже најголема способност за одржливост и

развој. Подоцна, значајни средства се концентрираа околу неколку поединечни

медиуми, со цел тие да станат водечки на пазарот по својот медиумски

габарит, и во професионално-новинарска и во техничко-технолошка

смисла. Паралелно на ваквата развојна политика, Фондацијата спроведуваше

поширока дистрибуција на средства до многу медиуми, без разлика

на нивната уредувачка политика или сопственичка структура, кога ќе се

појавеше општ проблем, како што е недостатокот од девизи за купување на

печатарска хартија во првата половина на деведесеттите или технолошките

преоди од SVHS на BETA и потоа на дигитални формати во телевизиите.

Доделени $

Година

преку

Програмата

за медиуми

1992/93 US$ 319,430

1994 US$ 1.301,464

1995 US$ 486.610

1996 US$ 337,887

1997 US$ 293,068

1998 US$ 271,006

1999 US$ 511,001

2000 US$ 175,074

2001 US$ 683,895

2002 US$ 539,416

2003 US$ 546,601

2004 US$ 442,812

2005* US$ 354,936

2006 US$ 341,413

2007 US$ 217,481

2008 US$ 270,657

2009 US$ 220,890

2010 US$ 256,932

2011 US$ 362,233

2012** US$ 400.000

1992-2012*** US$ 8.332,806

Коментар

• Донацијата на опрема за кочанската рото-печатница

„Европа ’92“ во 1993-95 (~US$ 710.000) го разби

печатарскиот монопол на НИП „Нова Македонија“;

• Донацијата на режиска и студиска опрема за ТВ

А1 во 1993/94 (~US$ 600.000) ја етаблира првата

комерцијална телевизија во Македонија;

• Во неколку години (од 1992) на Радио Канал 77 ќе

му се донираат околу US$ 60,000 што ќе помогне да

стане водечко информативно приватно радио во

државата;

• Донацијата од US$ 48.886 во 1995 и US$ 12.147 и

бескаматниот кредит од US$ 70.140 во 1996 г. на

Дневник помогна во неговиот пазарен опстанок и

понатамошен развој;

• Од 1998 г. започна континуирана поддршка за

интернетско поврзување на медиумите;

• За време на бегалската криза од Косово во 1999

г. се помогнаа клучните ТВ-станици што емитуваа

програма на албански и на ромски јазик во

Македонија за подобро информирање на повеќе од

300.000 бегалци;

• Фондацијата особено внимание посветува на

поддршка на локалните медиуми на етничките

заедници кои не говорат македонски. Така, на

пример, во периодот 1993-2003 г. ТВ Арт од Тетово,

која емитува на албански јазик, добила повеќе

од US$ 110,000, како и телевизиите кои емитуваат

програма на ромски јазик ТВ БТР (над US$ 210,000 за

2001-2008 г.) и ТВ Шутел (US$ 98,000 за 2001-2003 г.);

Во оваа вкупна сума, околу US$ 2 милиона биле

обезбедени од Меѓународниот медиумски фонд.

Извор: Програмски и финансиски годишни извештаи на www.soros.org.mk

* Од 2005 г. Фондацијата буџетите ги пресметува во денари, а доларските износи во табелата

се пресметани со одредена апроксимација, без пресметување на инфлаторните движења

по години.

** Предвидување на 2012 г.

*** Во сумите од 1998-2007 г. се влезени и парите со кои управува Програмата за медиуми

на Фондацијата, а се донирани и од членките на Меѓународниот медиумски фонд.

Во втората половина на деведесеттите и во новиот век, Фондацијата

инвестираше значајни средства не само во медиумите, туку и во организации

кои имаа за задача да го „цивилизираат“ медиумскиот амбиент во

смисла на донесувањето на регулативата врзана за медиумите, мониторин-

218 219

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!