19.02.2018 Views

Portret Magazine No16

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

„Ајде, ќе видиш, ќе ти се смени мислењето откако ќе станеш

мајка“, едногласно ме убедуваа. Во тој период бев некаде

на средина од својата бременост. Не знаев што ме чека, но

сакав да бидам отворена за сите опции...

Неколку месеци подоцна станав мајка. Мислењето не ми се

промени. Го сфатив она што и претходно (теоретски) го знаев,

дека децата се најголемото богатство и дека родителската е

единствената безусловна љубов, а сепак, останав доследна

на правото на личен избор, без трошка потреба да ги судам

луѓето кои имаа поинакви желби и ставови. Сега, немам баш

време за чекање ред во банка и за долги полемики пред

шалтер, :) ама ако го сретнам средовечниот чичко повторно

би му рекла дека секој човек има право да одлучи со каков

тип на среќа сака да живее.

Јас одлучив да имам дете тогаш кога се почувствував

подготвена, а не кога другите (родителите и општеството)

мислеа дека треба! Всушност, до последен момент мислев

дека не сум подготвена и не се плашев тоа да го изговорам

гласно. Не затоа што ми недостигаше емотивна зрелост

(таа мислам дека речиси секоја жена ја достигнува порано

од мажите) :) туку веројатно затоа што секогаш имаше

уште некој професионален проект што ме зграпчуваше во

креативен занес и ме тераше да пролонгирам. Работите не ги

поставував црно-бело – кариера или дете, ама сепак сочно

го зграпчував секој работен ангажман и си терав... Постојано

слушав за биолошкиот часовник што чукал, ама мојот

часовник ми велеше дека има време. Не сум човек што се

плаши од обврски, баш напротив, но, ми требаше психолошка

спремност за да решам да донесам мало, кревко суштество

на овој груб свет. Децата се и одговорност, а не само желба!

И кога љубовните стрелки се поклопија со рационалните

планови за родителство се роди нашиот мал ангел. Сега

планирам да живеам 100 години :) и не ми е проблем дветри

години од животот да ги жртвувам. Жртвувам е можеби

тежок збор, но реално така е. Ако ги отвориме картите ќе

си признаеме дека родителството подразбира сосема нова

животна фаза и колку и на работите да гледаме не како на

проблеми, ами како на предизвици, сепак носталгијата кон

безгрижната младост одвреме-навреме тропнува на врата. :)

Се разбира, љубовта компензира сè! Со еден збор - РАДОСТ!

Многу радост.

И како што секогаш сум на страната на изборот, така и

овој пат одбирам на мајчинството да гледам како на еден

нов повеќеслоен идентитет. Значи, мајчинството не треба

да значи изолација, туку само поинакво поставување на

приоритетите. Ќе бидам искрена, ми недостига богатиот

културно-социјален живот што го имав претходно, ми

недостигаат промоциите, премиерите, активизмот,

камерите... (овој период многу малку стигнувам да следам

што се случува на општествено-политичката сцена), ама не

дозволувам да чувствувам преголема празнина, ниту, пак, да

се фрустрирам што не сум излегла навечер со друштвото,

туку одбирам да гледам на позитивната страна и да се

полнам со љубов. Затоа, секоја клетка на телото испразнета

од замор, ја полнам со батеријата на љубовта. Благодарна

сум на животот и можеби тоа не ми дозволува да паднам во

постпородилна депресија што е честа појава кај мајките.

Малку се зборува отворено за тоа. Под притисок дека секоја

жена е создадена за мајка и под притисок дека од почеток

треба максимално успешно да се одговори на сите проблеми

што ги носи мајчинството/родителството, а во комбинација

со хормонскиот дисбаланс, многу жени запаѓаат во

постпородилна депресија. Недај боже да кажеш дека ти е

тешко, мачно, неиздржливо и слично... Постпородилната

депресија е уште еден од проблемите кај нас што се чува

под чергиче. Свекрвите и бабите се тука за да те потсетат

како во нивно време било многу потешко и како денес има

многу помагала за бебиња. „Ние вриевме тенџериња додека

вие имате стерилизатори за шишенцата. Ние го нишкавме

бебето со часови в раце, вие сега имате релаксатори. Ние

вриевме платнени пелени, вие сега имате пелени за една

употреба...“ И сè така додека се ниже приказната Ние и Вие...

немаш простор да кажеш дека на моменти се прашуваш – ќе

има ли ден кога конечно ќе отспијам ко човек? :)

Но, дури и таквите мигови на преголем замор се покриваат

со наметката на насмевката. Неговата срамежлива насмевка

што од ден на ден станува сè посвесна и погласна. И кога

срцето ти плаче за сон, еден допир на малото раче од памук

ти дава сила за уште куп непроспиени ноќи. Деветте месеци

неизвесност додека го носиш во стомакот и овие четири-пет

месеци скромно родителско искуство ме натераа кај себе

да сознам една силна страна. Таа се вика ЉУБОВ. И под

својот чадор ги покрива сите други особини – храброста,

издржливоста, пожртвуваноста, решителноста, смиреноста,

надежта...

Сфатив дека ако на секојдневната рутина на родителските

ангажмани ѝ пријдам со љубов, помалку ќе ме плаши

одговорноста и менувањето пелени сто пати на ден. Се

договорив самата со себе дека станувањето на секои две

минути да му ја ставам цуцлата кога му паѓа ми доаѓа како

фитнес или џогинг, a неспиењето навечер како медитација

или подготовка за зен-фаза. :) Секогаш има начин како

човек да не излезе од форма. ;) И, се разбира, во нашиот

дом таткото не ѝ помага на мајката, туку си помага себеси

и на своето дете кога презема голем дел од обврските.

Многу жени целиот товар го носат само на својот грб, а

татковците се тука само за да си поиграат со децата. Во

некои земји татковците имаат право на породилно отсуство

исто како и мајките, а тоа е многу важно, меѓудругото, за да

не ги пропуштат првите насмевки и првите чекори на своето

дете... Растењето заедно со своето дете значи растење и на

твојата личност и на твојот дух. Тешко на оние што чекаат

подобар момент од плачливите ноќи, за да му се израдуваат

на малото човече кое во своите очиња го собрало целото

љубопитство за овој свет. Тешко на оние што се правдаат

дека од работа не стигнуваат да си ги видат децата. Тешко на

оние што, наместо да им раскажуваат приказни пред спиење,

им даваат таблет да си поиграат. Тешко на оние што, наместо

на планина, своите деца ги шетаат по шопинг-центри. Тешко

на оние... Море, тешко мене ако оваа колумна (особено

апелот за трудничко или покоректно би било родителско

боледување за таткото) ја прочита чичкото од банката кој ме

убедуваше дека „и мажите веќе не се тоа што беа“. :)

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!