19.02.2018 Views

Portret Magazine No16

You also want an ePaper? Increase the reach of your titles

YUMPU automatically turns print PDFs into web optimized ePapers that Google loves.

Јин-Јанг

НИКОЛА ЕФТИМОВ, МОДЕН

ДИЗАЈНЕР И ЕДУКАТОР

ВО БОЛКАТА УСПЕАВ ДА

ПОРАСНАМ

Модниот систем е змија што си ја гризе

сопствената опашка

АЈ: Модата е?

НЕ: Модата е комплексна индустрија, но и начинот на живот на

одредена општествена група.

АЈ: Кои општествени ситуации ти се инспирација за креација?

НЕ: Идеите доаѓаат од доживеаното! Глобалните политички

настани, новите научни откритија, современата уметност...

АЈ: Дали убавината е гратис-влезница? Или?

НЕ: Ќе се залетав, па ќе одговорев дека убавината е гратисвлезница

доколку некој човек нема други дарови, но потоа се

присетив дека постојат потрошувачи на површното.

АЈ: Стилот е?

НЕ: Одраз на состојбата во која се наоѓаме на интелектуално,

креативно и емотивно ниво. Ми доминира тагата за луѓето кои

велат дека стилот не се учел, туку дека сме се раѓале со него.

Брусењето дијаманти е поедноставна работа од градењето на

стилот. Кај луѓето секогаш има нешто ново за полирање.

АЈ: Љубов со опачина на омраза е?

НЕ: Резултат на нашето мало его и последица од постојаните

програмирања. Некогаш омразата беше романтичарски славена

како отсуство на рамнодушност.

АЈ: Заклучени во градот сме...

НЕ: За среќа, постои и обратниот процес на враќање кон природата

и поинаквиот тип на осмислување на човечките заедници.

АЈ: Каква е општествената моќ на уметникот?

НЕ: Најскапоцени ми се личните ставови искажани преку делата, а

не остварувањата според брифинг во некоја адвертајзинг-агенција.

АЈ: Што ѝ недостига на елитната култура?

НЕ: Кај нас сè уште не постои таков тип елита, со чест на ретки

исклучоци, а парите знаат да се покажат преку брендирана

ламарина вообличена во автомобили, шопинг-тури во Солун,

ќебапчиња со кромид, прошетка на новите потпетици по некој од

трговските центри...

АЈ: За мене модни икони се...

НЕ: Грета Гарбо, Марлен Дитрих, Одри Хепберн, Грејс Кели, Сесил

Битон, Мариза Беренсон, Ајрис Апфел.

АЈ: Би се преселил да живеам во...

НЕ: Во Загреб - градот на моето детство и рана младост. Како

стареам, сè повеќе ми недостига.

АЈ: Kако го доживуваш култот кон младоста?

НЕ: Луѓето поради желбата за изглед на вечна младост, од себе

прават карикатури. Култот кон младоста е непочитување на

процесите на менување и на достоинственото стареење и физичко

умирање.

АЈ: Март е месец на?

НЕ: Месец на работа за идната сезона, како и пролетното

пресадување на билките. :)

АЈ: Омилен/а дизајнер/ка ми е?

НЕ: Вивиен Вествуд! Поради бунтовното и чувството за традиција и

поради нејзината непредвидлива предвидливост. :)

АЈ: Што им е заедничко на модата и демократијата?

НЕ: Достапноста на модните производи на сè поголеми општествени

групи беше одраз на демократизацијата на модата, но, за жал,

ваквото производството е и резултат на злоупотреба на евтината

работна рака во некои земји, злоупотреба на детскиот труд и

непочитување на регулативите за заштита на околината.

АЈ: Од личните животни искуства најсилна трага ми остави...

НЕ: Смртта на мојата мајка. Неочекувано се соочив со физичкото

губење родител. Во болката успеав и да пораснам.

АЈ: Загадувањето на воздухот би го решил со?

НЕ: Со строга регулатива и алтернативни и обновливи извори на

енергија. Покрај големите загадувачи, секој од нас остава валкана

трага. Лицемерно ми е на протести да одат луѓе кои и за најмали

дистанци влегуваат во автомобил и не водат сметка за потрошената

електрична енергија.

АЈ: Тагата ја „облекувам“ во?

НЕ: Во младоста, тоа беше со облека што правеше некаква заштита,

сега посегнувам по детали што за мене имаат голем емотивен набој

и се дел од личниот багаж.

АЈ: Каков костум би им облекoл на нашите политичари?

НЕ: Кловновски костум! :)

АЈ: Од македонските познати личности би сакал да работам со...

НЕ: Со актерката Ирена Ристиќ. Процесот би бил забавен и

инспиративен, а резултатот визуелно раскошен.

125

Hooray! Your file is uploaded and ready to be published.

Saved successfully!

Ooh no, something went wrong!